Промовирани огласи »

„Мерката на Владата предовдена од СДСМ за намалување на цените на прехранбените производи е успешна и дава резултати. Веќе се намалени цените на основните прехранбени производи во маркитеите, на лебот, млекото, јајцата, брашното, месото, оризот, сирењето, кашкавалот, и многу други“, велат СДСМ.

„Овие производи имаат „гарантирана цена“ која е за 10 отсто пониска од цената по која се продавале на 1 август.

За дел од производите, кои енормно поскапеа од август досега, цената се намалува и до 40%.

Следува намалување и на цените ја пијалаците. СДСМ се грижи за граѓаните и го штити животниот стандард“, се наведува во соопштението на СДСМ. 

Промовирани огласи »

Пратениците во бугарскиот Парламент во прво читање гласаа за измените во Законот за бугарско државјанство со кои јавно ќе биде објавен регистарот на сите лица кои имаат бугарски пасош.

Бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, кој е познат по своите антимакедонски ставови, на својот фејсбук-профил веднаш ја поздрави оваа одлука на бугарските парламентарци.

„Церемонијата за добивање бугарско државјанство ќе биде свечена и јавна. Регистарот на сите приматели на бугарско државјанство станува јавен.

Со најновата измена јавно ќе бидат познати сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои се стекнале со бугарско државјанство во последните 22 години врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест. Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои има и многу поранешни и сегашни политичари, пратеници, министри, градоначалници, раководители на сектори, раководители на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од омразата, говорот и дискриминацијата на македонските институции поради тоа што се чувствуваат Бугари. Оние кои се 'принудени' да се претворат во јавни бугаромразичи само за да го сокријат своето бугарско потекло и самосвест нема да имаат повеќе причина да го прават тоа.

Очекувам, по второто читање, брзо усвојување на измените на законот“, напиша Ковачев.

 Со предложените измени за добивање на бугарско државјанство задолжително ќе биде познавањето на бугарскиот јазик. При поднесување барање за бугарско државјанство на основа на бугарско потекло, ќе се укине условот предок на апликантот да починал како бугарски државјанин. Лицето ќе треба да има чисто криминално досие и тоа не само во Република Бугарија, туку и во неговата земја на потекло, односно во земјата на живеење.

Ново е и дека ќе може да се поднесе барање за државјанство по однос на натурализација, а лицето ќе треба да поднесе молба за откажување од тековното државјанство. Исто така, се предлага да се скрати периодот за поднесување документи за ослободување од друго државјанство, како и да се унифицираат условите за стекнување бугарско државјанство при брак со бугарски државјанин, со воведување на услов за тригодишен период на вонбрачна заедница но кој нема да биде применлив доколку се покаже дека бракот е фиктивен. Во таков случај бугарското државјанство ќе биде одземено.

Промовирани огласи »

На почетокот на наредната година минималната плата ќе се зголеми за најмалку 10 отсто, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Инфлацијата во делот на прехраната би требало да биде околу 5 - 6 отсто, а генералната, рече Бектеши, од 7 - 8 проценти.

Според него, почнувајќи од јули годинава, зголемувањето на платите го надминува зголемувањето на инфлацијата.

-Согласно сите податоци и методологијата утврдена од страна на Владата за зголемување на платите, почнувајќи од минималната плата, на почетокот на наредната година согласно сите податоци и тие што ги имаме како институции, минималната плата ќе се зголеми со минимум 10 отсто, бидејќи имаме 14 проценти зголемување на просечната плата. Инфлацијата би требало да биде околу 5 - 6 отстово делот на прехраната, а генералната од 7 - 8 проценти. На таков начин, зголемувањето на платите го надминува зголемувањето на инфлацијата, почнувајќи од јули годинава. Зголемувањето ќе биде уште поголемо до крајот на годината и со одлуките на Владата, но и со праксите и начините како работат посебно поголемите маркети, истакна Бектеши по денешната посета на логистичкиот центар на „КАМ“ во општина Илинден.

Министерот укажа на последната објава од Заводот за статистика според која, просечната плата е зголемена за 14,1 отсто во споредба со јули минатата година.

Промовирани огласи »

Со цел да се избегне директна дискриминација на кинеските марки, Франција одлучи да ја заснова својата помош на еколошкиот отпечаток на автомобилот, од неговото производство до продавачот, а не само на емисиите на CO₂ додека возите.

Франција е една од првите земји во Европа која ги смета кинеските електрични автомобили како закана за европската автомобилска индустрија, а особено за француските производители.

Сега Владата презеде акција и одобри ново правило за субвенции за набавка на електрични автомобили, кои досега беа отворени за сите марки, но отсега ќе се воведуваат рестрикции.

Нема веќе субвенции за кинеските електрични автомобили, односно возилата произведени надвор од Европа, а пронајден е интересен начин целата приказна да се прикрие во еколошка наметка, односно да не се делува како протекционизам.

Со цел да се избегне директна дискриминација на кинеските марки, Франција одлучи да ја заснова својата помош на еколошкиот отпечаток на автомобилот, од неговото производство до продавачот, а не само на емисиите на CO₂ додека возите. Ова ново правило ќе стапи на сила во јануари 2024 година.

Досега, се доделуваше субвенција за купување од 5.000 евра (до 7.000 евра за домаќинства со ниски приходи) без оглед на отпечатокот на CO2 на возилото во текот на неговиот животен циклус, но неговите еколошки перформанси сега ќе бидат тестирани.

Во пракса, на секој модел што се продава во Франција ќе му се додели еколошка оцена, што ќе го направи подобен за бонусот или не. Овој резултат ќе се пресметува врз основа на влијанието врз животната средина на секоја фаза пред неговата употреба на патот.

Ќе се земат предвид материјалите што се користат во производството (челик, алуминиум, итн.), како и влијанието на склопувањето на самото возило врз животната средина (потрошувачка и структура на искористената енергија, на пример) и батериите (тежина, транспорт , потрошувачка на енергија).

Ќе се испита и логистиката, односно од каде доаѓаат батериите и самиот автомобил. Така, автомобил произведен во Кина или Тексас нема да биде подобен за поддршка за купување, бидејќи емисиите ќе вклучуваат превоз.

Мерката ќе опфати и некои возила на Tesla, како што се Model S или X, кои не се произведуваат во Европа.

Да потсетиме, Франција нема проблем со овој потег и гневот на Кина бидејќи француските производители на автомобили речиси и да ги нема на кинескиот пазар... Без субвенции, кинеските автомобили нема да бидат конкурентни, а нема да бидат ни некои од поизводството на Тесла.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »