Промовирани огласи »

Со цел да се избегне директна дискриминација на кинеските марки, Франција одлучи да ја заснова својата помош на еколошкиот отпечаток на автомобилот, од неговото производство до продавачот, а не само на емисиите на CO₂ додека возите.

Франција е една од првите земји во Европа која ги смета кинеските електрични автомобили како закана за европската автомобилска индустрија, а особено за француските производители.

Сега Владата презеде акција и одобри ново правило за субвенции за набавка на електрични автомобили, кои досега беа отворени за сите марки, но отсега ќе се воведуваат рестрикции.

Нема веќе субвенции за кинеските електрични автомобили, односно возилата произведени надвор од Европа, а пронајден е интересен начин целата приказна да се прикрие во еколошка наметка, односно да не се делува како протекционизам.

Со цел да се избегне директна дискриминација на кинеските марки, Франција одлучи да ја заснова својата помош на еколошкиот отпечаток на автомобилот, од неговото производство до продавачот, а не само на емисиите на CO₂ додека возите. Ова ново правило ќе стапи на сила во јануари 2024 година.

Досега, се доделуваше субвенција за купување од 5.000 евра (до 7.000 евра за домаќинства со ниски приходи) без оглед на отпечатокот на CO2 на возилото во текот на неговиот животен циклус, но неговите еколошки перформанси сега ќе бидат тестирани.

Во пракса, на секој модел што се продава во Франција ќе му се додели еколошка оцена, што ќе го направи подобен за бонусот или не. Овој резултат ќе се пресметува врз основа на влијанието врз животната средина на секоја фаза пред неговата употреба на патот.

Ќе се земат предвид материјалите што се користат во производството (челик, алуминиум, итн.), како и влијанието на склопувањето на самото возило врз животната средина (потрошувачка и структура на искористената енергија, на пример) и батериите (тежина, транспорт , потрошувачка на енергија).

Ќе се испита и логистиката, односно од каде доаѓаат батериите и самиот автомобил. Така, автомобил произведен во Кина или Тексас нема да биде подобен за поддршка за купување, бидејќи емисиите ќе вклучуваат превоз.

Мерката ќе опфати и некои возила на Tesla, како што се Model S или X, кои не се произведуваат во Европа.

Да потсетиме, Франција нема проблем со овој потег и гневот на Кина бидејќи француските производители на автомобили речиси и да ги нема на кинескиот пазар... Без субвенции, кинеските автомобили нема да бидат конкурентни, а нема да бидат ни некои од поизводството на Тесла.

Промовирани огласи »

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски во изјава за медиумите рече дека ДПИ спроведува надзори по одлуката на Владата за намалување на одредени производи.

Во моментов пазарниот инспекторат спроведува надзори по одлуката на Владата, што се однесува на намалување на одредени производи. Нашите надлежности кои произлегуваат од оваа одлука се контрола на цените на производите кои се наведени во одлуката, појасни Трајковски.

Тоа значи, додаде тој, дека ако се забележи прекршување на одлуката, ќе се постапува во согласност со Законот за трговија, а казните се во висина од 800 – 10.000 евра, во зависност од големината на субјектот.

Трговците имаат и обврска да ги означат намалените производи со ознаката „гарантирана цена”, која може да ја преземат од веб-страницата на Министерството за економија.

Тој ги повика граѓаните да пријавуваат неправилности во пазарниот инспекторат и на бројот 02 191 кој е достапен за гласовни пораки 24/7. Прехранбени производи од вчера до 30 ноември годинава во маркетите треба да имаат за најмалку 10 отсто пониски цени отколку што се продавале на 1 август. Граѓаните ќе можат да ги препознаат според ознаката „гарантирана цена“. 

Промовирани огласи »

Просечната плата во Македонија во текот на месец јули изнесувала 36.286 денари, објави Државниот завод за статистика.

Како што посочуваат од ДЗС, платата во јули во однос на истиот месец претходната година се зголемила, па индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, изнесува 114.1.

– Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,5 отсто), Образование (17,2 проценти) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16,8 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7,9 проценти), Финансиски дејности и дејности на осигурување (5,3 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,6 проценти) – се наведува во соопштението на ДЗС.

Сепак, ако се направи споредба на месечно ниво, се забележува дека во месец јули просечната плата е помала отколку во јуни и во мај. Имено, во месец јуни годинава просечната плата изнесувала 36.527 денари, додека пак во мај 36.465 денари.

Еве листа колкава била просечната плата секој месец годинава:

  • јули 2023 година 36.286 денари
  • јуни 2023 година 36.527 денари
  • мај 2023 година 36.465 денари
  • април 2023 година 36.134 денари
  • март 2023 година 34.925 денари
  • февруари 2023 година 33.720 денари.
  • јануари 2023 година 33.943 денари

Промовирани огласи »

Revija Bar & Food е место каде можете подеднакво да уживате во добрата и вкусна храна како и самиот амбиент со добра музика. Моментално поради зголемен ангажман го прошируваме својот тим. Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, аплицирајте на отворените активни работни позиции!

Моментално се отворени следниве работни места:

ПИЦА МАЈСТОР/КА
КЕЛНЕР/КА
ШАНКЕР/КА
САЛАТЕР/КА
ДОСТАВУВАЧ/КА
САДОМИЈАЧ/КА
ГОТВАЧ/КА
ХИГЕНИЧАР/КА
МЕНАЏЕР НА РЕСТОРАН

Се уште невработени!? Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »