Промовирани огласи »

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски во изјава за медиумите рече дека ДПИ спроведува надзори по одлуката на Владата за намалување на одредени производи.

Во моментов пазарниот инспекторат спроведува надзори по одлуката на Владата, што се однесува на намалување на одредени производи. Нашите надлежности кои произлегуваат од оваа одлука се контрола на цените на производите кои се наведени во одлуката, појасни Трајковски.

Тоа значи, додаде тој, дека ако се забележи прекршување на одлуката, ќе се постапува во согласност со Законот за трговија, а казните се во висина од 800 – 10.000 евра, во зависност од големината на субјектот.

Трговците имаат и обврска да ги означат намалените производи со ознаката „гарантирана цена”, која може да ја преземат од веб-страницата на Министерството за економија.

Тој ги повика граѓаните да пријавуваат неправилности во пазарниот инспекторат и на бројот 02 191 кој е достапен за гласовни пораки 24/7. Прехранбени производи од вчера до 30 ноември годинава во маркетите треба да имаат за најмалку 10 отсто пониски цени отколку што се продавале на 1 август. Граѓаните ќе можат да ги препознаат според ознаката „гарантирана цена“. 

Промовирани огласи »

Просечната плата во Македонија во текот на месец јули изнесувала 36.286 денари, објави Државниот завод за статистика.

Како што посочуваат од ДЗС, платата во јули во однос на истиот месец претходната година се зголемила, па индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, изнесува 114.1.

– Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,5 отсто), Образование (17,2 проценти) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16,8 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7,9 проценти), Финансиски дејности и дејности на осигурување (5,3 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,6 проценти) – се наведува во соопштението на ДЗС.

Сепак, ако се направи споредба на месечно ниво, се забележува дека во месец јули просечната плата е помала отколку во јуни и во мај. Имено, во месец јуни годинава просечната плата изнесувала 36.527 денари, додека пак во мај 36.465 денари.

Еве листа колкава била просечната плата секој месец годинава:

  • јули 2023 година 36.286 денари
  • јуни 2023 година 36.527 денари
  • мај 2023 година 36.465 денари
  • април 2023 година 36.134 денари
  • март 2023 година 34.925 денари
  • февруари 2023 година 33.720 денари.
  • јануари 2023 година 33.943 денари

Промовирани огласи »

Revija Bar & Food е место каде можете подеднакво да уживате во добрата и вкусна храна како и самиот амбиент со добра музика. Моментално поради зголемен ангажман го прошируваме својот тим. Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, аплицирајте на отворените активни работни позиции!

Моментално се отворени следниве работни места:

ПИЦА МАЈСТОР/КА
КЕЛНЕР/КА
ШАНКЕР/КА
САЛАТЕР/КА
ДОСТАВУВАЧ/КА
САДОМИЈАЧ/КА
ГОТВАЧ/КА
ХИГЕНИЧАР/КА
МЕНАЏЕР НА РЕСТОРАН

Се уште невработени!? Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Стопанската комора ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на Законот за солидарен данок, најави вечерва претседателот на Комората Бранко Азески. 

Азески во интерју за ТВ Телма рече дека ова ќе биде трет закон за две години што Стопанската комора ќе го оспори пред Уставниот Суд.

Бизнис секторот, како што вели првиот човек на Стопанската комора, направил се за да се продлабочи дијалогот меѓу нив и власта, но, во услови кога партиските интереси се поважни повикува на заедничка платформа на бизнисот со универзитетите, медиумите, синдикатите и невладините организации.

Ги молиме и сакаме да ја продлабочиме соработката со секого кој што е на оваа линија, да допринесеме за доброто на оваа држава. Тоа можеме да го направиме ако одиме заедно на овие цели и со оваа методологија, медиумите, бизнис организациите, синдикалните организации, невладиниот сектор, универзитетите, сите треба да се обединиме под таа платформа, која што дури и да дојде до застранување на политичките елити во одреден период, ќе можат да ги тргнат за рака и да им кажат „Чекај, вратете се“. Затоа што, очигледно е дека ниту губењето на изборите ја убива нивната волја за власт, ниту критиките што ги упатуваме, ниту сериозните полнења на затворите, тие повторно си продолжуваат. Доаѓаат нови, се регрутираат сили коишто не сакаат да работат, не сакаат да се вклучат во процесите, туку најдобро им е преку партиските агенди, преку партиските активности да практично егзистираат во овој момент, рече Азески.

Претседателот на Стопанската комора, меѓу другото, рече и дека забрзано се носат закони за потребите на изборите.

Ние сме вчудоневидени од состојбата што ја гледаме во моментот, што на едноставен и прост начин значи дека над масава сега има ситуација во која што гледаш никаква активност освен некаква лична и партиска што постои, а под масава врие. Затоа што секој трет ден добиваме некој закон од епохални размери, којшто некој го работи. На пример законот за трговски друштва во моментов. Како на сцената горе не гледаме активност, а гледаме долу закони што се во интерес на предизборието. Тоа значи машинеријата што се наоѓа внатре, усидрена, во администрацијата функционира веројатно беспрекорно и прекувремено во овој период. И туку оп, одма ќе го добиеш одговорот. Па ваква законска активност, ние не сме имале во последниве 10 години, додаде Азески.

Тој рече дека државните интереси мора да бидат поважни од партиските.

За јавниот долг кажа дека во 2008 година бил 23 отсто, а дека сега е зголеме на 56 отсто и оти тоа мора да е ставено под алармантна ситуација.

Меѓутоа, ние не можеме и не треба да престанеме со задолжувањата, но тие мораат да бидат во продуктивна насока ставани, речепретседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »