Промовирани огласи »

Бизнис секторот не очекува проблеми со снабдување на струја во текот на зимата, но околу ценатта се е можно, вели Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Забележува дека војната на европскиот континент меѓу Украина и Русија, како и најавата за затвoрaње на нуклеални центри се причините зошто го имаат овој став.

Проблемите со Русија се останати, значи гасот е многу скап. Многу земји произведуваат струја и на гас, еве слушнав дека  се прават ремонти, максимално нашите македонски капацитети да ги искористиме. Но, тие не се доволни и сигурно нема да бидат доволни за целата индустрија, туку само за граѓаните и за малите микро компании. Додека ние сме изложени на цената на берзата на Будимпешта, на Хупекс и таа во овој момент е издржлива. Но, очекувам за време на зимата да биде нешто поголема - вели Димитров.

Посочува дека оние македонски компании кои инвестираа во соларни централи на своите покривни конструкции ќе имаат можност да ги намалат.

Еве ние направивме уште една додатна централа од 200 киловати - вели Димитров.

Во штипскиот и светиниколскиот регион се користат покривните конструкции, но и се бара и земјиште кое е од пониска категорија за поставување на сончеви централи.

Лазар Хаџи Николов од Одделот за урбанизам во Општина Штип вели дека во моментов во Општина Штип во тек се 40 постапки, а градоначалникот на Општина Свети Николе Дејан Владев за МИА информира дека  во Свети Николе има 30 компании, на кои фотоволтаиците се распространети на 50 хектари и произведуваат струја.

Во штипско-светиниколскиот регион ќе се гради најголемата фотоволтаична централа на Балканот. Се очекува за неколку месеци да стартува изградбата, а карактеристично е и што на неа ќе се поставуваат агроволтаици, со цел да се искористи земјиште за производство на храна.

Централата „Стипион„ кој ќе биде со моќност до 400 мегавати ќе се гради во атарите на селата Три Чешми, Врасаково, Криви Дол и Мустафино и ќе се простира на околу 500 хектари земјоделско земиште. Освен во штипската, централата ќе зафаќа дел и од светиниколската општина. Со ова Штип ќе стане пионер во искористењето на обновливите извори на енергија.

Француската инвестиција тешка околу 300 милиони евра е единствен од ваков тип во регионот. Освен што ќе се произведува струја, земјоделците под панелите ќе може да одгледуваат бостан, тикви и крставици.

Промовирани огласи »

На валутните пазари вредноста на доларот порасна минатата недела, 10-ти пат по ред, откако американската централна банка процени дека каматните стапки би можеле да останат покачени подолго од очекуваното. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, се зголеми за 0,2 отсто на 105,58 поени, блиску до највисокото ниво во последните шест месеци.

Истовремено, доларот во однос на европската валута зајакна за 0,1 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0653 долари.

Курсот на доларот порасна и во однос на јапонската валута, за 0,4 отсто, на 148,37 јени.

„Ова не се случило 10 години“

Јакнењето на доларот 10 недели по ред не е забележано речиси 10 години, а е последица на минатонеделните проценки на американската централна банка.

На редовната седница, челниците на ФЕД ги оставија клучните каматни стапки непроменети минатата недела, но беа објавени нови проценки според кои повеќето од нив очекуваат дека поради зголемената инфлација, каматните стапки ќе треба да се зголемат за 0,25 процентни поени до крајот на година, во опсег од 5,50 до 5,75 отсто.

Прогнозите на лидерите на ФЕД исто така укажуваат дека каматните стапки би можеле да останат на покачени нивоа подолго од очекуваното.

Имено, тие проценуваат дека каматите може да се намалат двапати следната година, два помалку отколку што очекуваа во претходните проценки. Така, следната година каматната стапка би се намалила за вкупно 0,50 процентни поени, на 5,1 отсто.

Промовирани огласи »

Страницата „Ворлд оф статистик“ на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави листа на земји во кои се трошат најмногу килограми кафе по глава на жител годишно, според која Македонија се наоѓа на 18-то место. Според листата, Македонците, секој поединечно, годишно пијат 3,6 килограми кафе.

Според оваа статистика, на прво место е Финска, каде годишно се пијат дури 9,6 килограми на жител. Следуваат Норвешка со 7,2 килограми, Холандија со 6,7, Шведска со 6,5 и Словенија со 6,1 килограми, јави дописникот на МИА од Белград.

Во „топ 10“ е и Австрија каде жителите годишно пијат 5,5 килограми, а веднаш зад неа, на седмата позиција е Србија со 5,4 килограми.

Следуваат Данска, Германија и Белгија, со околу 5 килограми испиено кафе годишно на жител.

Од земјите во регионот, Босна и Херцеговина е на 12 место со 4,3 килограми испиено кафе на жител годишно, а Хрватска е три места подолу со 3,8 килограми.

Последното место на оваа листа го зазема Нигерија со 0,03 килограми кафе.

Светскиот просек, инаку, е два килограма кафе по глава на жител годишно.

Промовирани огласи »

Остар пад на цените на станбените недвижности во Германија. Цените нагло паднаа во вториот квартал, покажаа податоците на заводот за статистика како одраз на влијанието на високите каматни стапки врз побарувачката. Цените на недвижностите потонаа во периодот од април до јуни за 9,9 отсто во споредба со истиот период минатата година, што е најголем пад откако Дестатис почна да собира податоци во 2000 година.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
На тримесечно ниво се намалени за 1,5 отсто. Во градовите како Берлин, Хамбург и Минхен становите биле поевтини за 9,8 отсто од вториот квартал од минатата година, а семејните куќи за 12,6 отсто. Во ретко населените рурални средини е забележан поблаг пад на цените, па становите поевтинија за 7,0 отсто, а семејните куќи за 8,1 отсто.

Падот на цените го одразува слабеењето на побарувачката под притисок на високите каматни стапки, што го натера водечкиот германски инвеститор за недвижнини Vonovia да ги одложи плановите за изградба на 60.000 станови.

Компанијата ги истакнува и високите трошоци за изградба, кои, според портпаролката, се зголемени од околу три илјади евра за метар квадратен на околу пет илјади евра за метар квадратен.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »