Промовирани огласи »

Годишно од 1000 до 1200 лица и фирми имаат погрешна уплата на државната сметка или ги губат уплатниците, покажуваат статистиките на Министерството за финансии.

Во таа насока на својата фејсбук страница (https://www.facebook.com/MinistryOfFinanceRM/), Министерството за финансии објави туторијал кој покажува што треба да направат граѓаните доколку извршат погрешна уплата на такси, надоместоци и глоби, за да си ги вратат парите или за да ја пренасочат уплатата на вистинско место.

Исто така, Министерството објави процедура што треба да се направи доколку е изгубена уплатница, а на лицето или фирмата им е потребен доказ дека е направена уплата.

Објавени се и контакт телефони на надлежните во Министерството, ако на граѓаните им се потребни повеќе информации.

Промовирани огласи »

Патувањата никогаш не биле подостапни, но без пасош и понатаму нема да стигнете многу далеку. Едните вредат повеќе од другите, а со пасош на одредени земји ќе имате многу повеќе поволности.

Магазинот „Бизнис инсајдер“ направи листа од најмоќните светски пасоши како би проценил кои земји се најценети во светот и кои се „слободни“.

На пример, земјите на чии државјани не им требаат визи имаат повисоко ниво на слобода од оние чии граѓани можат без виза да посетат само одреден број земји.

Еве ја и листата најмоќни пасоши, а некои земји делат ист квалитет на националниот индекс, односно имаат подеднакво моќен пасош.

14. Грција

13. Јужна Кореја

12. Нов Зеланд

11. Ирска

10. Португалија, Швајцарија

9. Австрија, Луксембург

8. Норвешка

7. САД

6. Сингапур, Јапонија, Данска, Норвешка, Белгија

5. Велика Британија

4. Франција, Италија, Шпанија

3. Финска

2. Шведска

1. Германија

Македонија на оваа листа се најде на 40 место, односно заедно со Кирибати и Руската Федерација имаме иста моќност на пасоши.

Промовирани огласи »

Рускиот милјардер Роман Абрамовиќ со својата луксузна јахта пристигна во Хрватска. Јахтата е богато опремена и за неговото крстарење тој потроши милиони евра само за гориво.

Јахтата има капацитет за 62 гости и 70 членови на екипажот, а се состои од базени, сауни, кино сали, фризерски салон, градинка, ресторани, клубови и болница.

Јахтата Еклипса кој е во сопствеништво на Роман Абрамович се наоѓа моментално на хрваткото приморје. За потребното гориво нарачано било 750.000 литри што е три четвртини од вкупниот капацитет во резервоарот за гориво. Тоа гориво ќе го чини милион евра. Супер долгата јахта од 163 метри вреди 340 милиони евра која Абрамович си ја поклони самиот себе за Новата 2010 година. Таа тежи 13.000 тони, широка е 21 метар и годишното одржување го чини 30 милиони евра.

Од додатна опрема има и два хеликоптери, подморница, ракетни радари, спасувачка опрема и многу други системи за безбедност.

Промовирани огласи »

На сите ни се случило да не искритикуваат и да ни стане непријатно. Поготово ваквото нешто на работното место навистина е стресно.

KARIERA.mk споделува со вас неколку тактики како да реагиратер кога некој ќе почне да ве критикува:

  • Докажете се – критичарите нека видат каков лидер сте всушност вие. Ако се криете, само ќе им покажете дека се во право.Тоа им дава слобода постојано да ве нарекуваат како сакаат. Не смеете да им покажете дека ви е страв.
  • Бидете отворени – можете да ги снимате состаноците и да им покажете дека сте транспарентни, и да ги совладате оние кои не се согласуваат со вас.
  • Бидете кул – Кога ве критикуваат во лице, дишете длабоко. Колку го повишува тонот вие толку посмирено одговарајте. Намерно зборувајте смирено.
  • Признајте ги своите недостатоци – Немојте да се браните, едноставно кажете дека сте изреагирале најдобро во таа ситуација. Делувајте искрено дури и кога ги признавате грешките.
  • Често смејте се – Олеснете ја ситуацијата со насмевка. Покажете дека имате контрола. Насмевнете се кога е соодветно, но немојте да се потсмевате.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »