Промовирани огласи »

На листата на најбезбедни земји, според Глобалниот индекс на мирот, Исланд се смета за најбезбедна земја во светот.

Според објавениот список, Македонија е на 38. место, неколку места пред нас е Бугарија, а зад нашата држава се Албанија, Црна Гора, БиХ, Србија и Косово.

GPI ги рангира земјите според широк спектар на фактори, од нивоа на насилство и криминал до тероризам и меѓународни конфликти, според „Кликс“.

Втора на листата е Данска, делумно поради ниското ниво на владина корупција, а трета е Ирска, која скокна за пет места од истражувањето во 2022 година.

Кога станува збор за земјите од Балканот, најдобро позиционирана на листата е Словенија, која е на 8. место. Хрватска е на 14. место, Северна Македонија на 38., Босна и Херцеговина на 61. место и Србија на 65. место, што ја прави најлошо позиционирана земја на Балканот, пренесува медиумот.

На другиот крај од спектарот, според написите, се земјите што страдаат од војна, широко распространето насилство и политичка нестабилност, што ги прави неверојатно несигурни – Авганистан, Јемен, Сирија, Русија и Јужен Судан.

Промовирани огласи »

Рекордно ниска стапка на невработеност од 6,4 отсто е забележана во еврозоната во август, додека во ЕУ таа изнесува 5,9 отсто, објави денеска Евростат. Невработеноста во еврозоната е помала и во однос на јулските 6,5 отсто и во однос на август минатата година кога изнесуваше 6,7 отсто.

Невработеноста на ниво на ЕУ во јули беше 6,0 отсто, а во август 2022 година 6,1 отсто. Евростат проценува дека во август без работа биле 12,837 милиони луѓе, од кои 10,856 милиони во еврозоната, пренесува „Политика.рс“.

На месечно ниво, невработеноста се намалила за 112.000 луѓе во ЕУ и за 107.000 во еврозоната. Во споредба со август 2022 година, невработеноста е намалена за 335.000 во ЕУ и за 407.000 во еврозоната.

Во август, невработеноста кај младите до 25 години беше 14,0 отсто во ЕУ и 13,8 отсто во еврозоната.

Промовирани огласи »

Како значаен исчекор кон регионална соработка и достапност на мобилната комуникација, Декларацијата за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан, потпишана на самитот ЕУ-ЗБ во Тирана на 6 декември 2022 година, официјално стапи во сила и го означи 1 октомври 2023 година како ден на промените.

Како што соопштија денеска од Советот за регионална соработка  (СРС), по речиси една година заедничка работа, под покровителство и со поддршка на СРС и Европската Комисија, како и со политичка поддршка од ЕУ и ЗБ, телекомуникациските оператори, како од ЗБ така и од ЕУ, не само што ги исполнија одредбите од Декларацијата, туку во многу случаи и ги надминаа очекувањата. 

Декларацијата за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан, се наведува, ги намалува трошоците за мобилни податоци и ја поттикнува регионалната поврзаност. 

Од овој октомври горната граница на цените за 1 ГБ податоци во роаминг, во рамки на посебните понуди и пакети, во согласност со Декларацијата за роаминг, не би требало да надмине 18 евра, со што меѓународните патувања и комуникацијата ќе ја направи значително поекономична. Во многу случаи ограничувањето на цената од 18 евра,  во рамки на посебните понуди и пакети, оди и значително пониско, до 1,6 евра за 1 ГБ, додека три оператори од Западен Балкан освен цените во рамки на пакетот, ги намалија дури и редовните цени за дополнителни  услуги, се појаснува во денешното соопштение.

Ова го најавив речиси пред една година, со зборовите дека “цените на услугите  за роаминг меѓу ЕУ и ЗБ ќе паѓаат со есенските лисја” и, ако некој се сомневаше, мило ми е што денеска моите зборови го разведуваат. Овој клучен настан веќе ја менува сликата за размена на мобилни податоци за граѓаните и патниците. Успехот на Декларацијата за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан сведочи за моќта на регионалната соработка која ја менува комуникацијата на подобро и покрај соочувањето со сложени предизвици. Оваа пресвртница доаѓа во момент на политички тензии, економски превирања и се поширок спектар на климатски промени во регионот, со што уште повеќе се нагласува важноста на регионалната и евроатланска соработка, вели генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу во текстот „Повик од регионот во моите мисли: Премостување на јазот – роаминг револуција на Западен Балкан“.  

Еден од телекомуникациските оператори во Северна Македонија ја намали цената за 1 ГБ во рамки на некои од неговите роаминг пакети во земјите на Европската Унија до 66 проценти. Ценети сега се движат меѓу 3,8 до 4,9 евра за 1 ГБ во рамки на роаминг пакетот на ЕУ за корисници од Северна Македонија, што е значително под договорената горна граница за цената, стои меѓу другото во соопштението.

Оваа Декларација има за цел значително намалување на надоместот за размена на податоци во роаминг меѓу Европската Унија и Западен Балкан. Целта е до 2028 година  цената на роаминг меѓу Европската Унија и Западен Балкан да се приближи до домашните цени. 

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 % во однос на одлуката од 29.9.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,615 %, кај дизелот зголемување за 0,609 %, кај екстра-лесното масло има намалување за 0,821 % и кај мазутот намалувањето е за 0,998 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,178 %.

Од 3.10.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • моторен бензин „евросупер БС-95“ – 86,00 (денари/литар)
  • моторен бензин „евросупер БС-98“ – 88,50 (денари/литар)
  • дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 86,00 (денари/литар)
  • масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 85,00 (денари/литар)
  • „мазут М-1 НС“ – 48,660 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,055 денари/кг и сега ќе изнесува 48,660 денари/кг.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »