Промовирани огласи »

Како значаен исчекор кон регионална соработка и достапност на мобилната комуникација, Декларацијата за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан, потпишана на самитот ЕУ-ЗБ во Тирана на 6 декември 2022 година, официјално стапи во сила и го означи 1 октомври 2023 година како ден на промените.

Како што соопштија денеска од Советот за регионална соработка  (СРС), по речиси една година заедничка работа, под покровителство и со поддршка на СРС и Европската Комисија, како и со политичка поддршка од ЕУ и ЗБ, телекомуникациските оператори, како од ЗБ така и од ЕУ, не само што ги исполнија одредбите од Декларацијата, туку во многу случаи и ги надминаа очекувањата. 

Декларацијата за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан, се наведува, ги намалува трошоците за мобилни податоци и ја поттикнува регионалната поврзаност. 

Од овој октомври горната граница на цените за 1 ГБ податоци во роаминг, во рамки на посебните понуди и пакети, во согласност со Декларацијата за роаминг, не би требало да надмине 18 евра, со што меѓународните патувања и комуникацијата ќе ја направи значително поекономична. Во многу случаи ограничувањето на цената од 18 евра,  во рамки на посебните понуди и пакети, оди и значително пониско, до 1,6 евра за 1 ГБ, додека три оператори од Западен Балкан освен цените во рамки на пакетот, ги намалија дури и редовните цени за дополнителни  услуги, се појаснува во денешното соопштение.

Ова го најавив речиси пред една година, со зборовите дека “цените на услугите  за роаминг меѓу ЕУ и ЗБ ќе паѓаат со есенските лисја” и, ако некој се сомневаше, мило ми е што денеска моите зборови го разведуваат. Овој клучен настан веќе ја менува сликата за размена на мобилни податоци за граѓаните и патниците. Успехот на Декларацијата за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан сведочи за моќта на регионалната соработка која ја менува комуникацијата на подобро и покрај соочувањето со сложени предизвици. Оваа пресвртница доаѓа во момент на политички тензии, економски превирања и се поширок спектар на климатски промени во регионот, со што уште повеќе се нагласува важноста на регионалната и евроатланска соработка, вели генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу во текстот „Повик од регионот во моите мисли: Премостување на јазот – роаминг револуција на Западен Балкан“.  

Еден од телекомуникациските оператори во Северна Македонија ја намали цената за 1 ГБ во рамки на некои од неговите роаминг пакети во земјите на Европската Унија до 66 проценти. Ценети сега се движат меѓу 3,8 до 4,9 евра за 1 ГБ во рамки на роаминг пакетот на ЕУ за корисници од Северна Македонија, што е значително под договорената горна граница за цената, стои меѓу другото во соопштението.

Оваа Декларација има за цел значително намалување на надоместот за размена на податоци во роаминг меѓу Европската Унија и Западен Балкан. Целта е до 2028 година  цената на роаминг меѓу Европската Унија и Западен Балкан да се приближи до домашните цени. 

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 % во однос на одлуката од 29.9.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,615 %, кај дизелот зголемување за 0,609 %, кај екстра-лесното масло има намалување за 0,821 % и кај мазутот намалувањето е за 0,998 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,178 %.

Од 3.10.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • моторен бензин „евросупер БС-95“ – 86,00 (денари/литар)
  • моторен бензин „евросупер БС-98“ – 88,50 (денари/литар)
  • дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 86,00 (денари/литар)
  • масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 85,00 (денари/литар)
  • „мазут М-1 НС“ – 48,660 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,055 денари/кг и сега ќе изнесува 48,660 денари/кг.

Промовирани огласи »

Од денеска тргнува исплатата на септемвриските пензии за над 330.000 пензионери.

Согласно методологијата, септември е месец во кој има зголемување на пензиите, а овој септември пензиите ќе пораснат за 5,3 проценти. 

Пензионерите со највисоки пензии, ќе добијат зголемување од речиси 3.700 денари, додека пензионерите со просечна пензија на своите сметки ќе добијат покачување од 1.060 денари. 

Со септемвриското зголемување, минималната пензија се зголемува на над 13.000 денари. 

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека со двете усогласувања оваа година пензиите вкупно пораснале за 13,7 проценти. 

Промовирани огласи »

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  информира дека денеска на сите вработени во МВР им е исплатена за 10 проценти зголемена плата.

Со посебно задоволство можам да кажам дека од 2016 досега реализиравме 5 покачувања на платата за сите вработени во МВР, и тоа во 2016, 2019, 2022 за 5 проценти, во март 2023 линеарно зголемување во бруто износ од 3.086 ден, а согласно измените во Општиот колективен договор за јавниот сектор, со кои основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за 10 проценти, сите вработени во МВР со исплатата на платата за месец септември, добија 10 проценти зголемена плата, напиша Спасовски на неговиот фејсбук профил.

Дополнително, во 2019, првпат од 1991, за 4.821 униформирани вработени, со зголемување за 10 и 20 на бодовите на плата само за работната позиција „полицаец“, појаснува Спасовски, се овозможи издвојување на основната категорија Е и Ж работна позиција помлад полицаец, полицаец и виш полицаец од останатите вработени.

Покрај ова, објави на фејсбук министерот Спасовски, во 2020 година постигнавме зголемување на основна компонента на плата во висина од 20 проценти и 30 проценти, во зависност од сложеноста на работа, за вработените во Одделот за информатика и телекомуникации, а во 2022, заради усогласување со Законот за минимална плата, вработените во МВР кои не се овластени добија покачување со платата за месец март и тоа за сите работни места, а истовремено ги зголемивме платите на вработените во Одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика и во ИПА Одделението, со што се спречи одлив на вработени од овие организациски единици.

- Исто така, започнувајќи од 2020 година, реализиравме исплата на 6 бонус плати за вработените во МВР и тоа:

  • за 2017 на 1.819 вработени во износ од 46.340.844 ден.;
  • за 2018 на 1.916 вработени во износ од 51.680.268 ден.;
  • за 2019 на 5.013 вработени во износ од 139.617.063 ден.;
  • за 2020 на 4.508 вработени во износ од 136.150.616 ден.;
  • за 2021 на 5.922 вработени во износ од 188.965.098 ден.;
  • за 2022 на 5.791 вработен во износ од 204.995.609 ден.

 5 покачувања на плата за сите вработени во МВР 
 4 дополнителни покачувања за одредени категории работни места  
 6 исплатени бонус плати  
 МВР и МПС со ДИЈАЛОГ до РЕШЕНИЈА!  , објави министерот за внатрешни работи Спасовски на фејсбук. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »