Промовирани огласи »

Судот, постапувајќи по иницијативата на Лука Павиќевиќ од Скопје, одлучи да се поведе постапка за оценување на уставноста на членот 41-а став 1 во делот „јавно” од Законот за средното образование, информираат од Уставниот суд.

Исто така, по сопствена иницијатива, Судот одлучи да се поведе постапка и за оценување на уставноста на став 3 во делот „јавното“ од истиот член.

Причината за постоење основано сомнение во уставноста на овие делови од одредбите од Законот за средното образование, е што според Судот, со истите се повредува уставниот принцип на еднаквост, на начин што се воспоставува различен третман за учениците во јавните, во однос на учениците во приватните средни училишта при користењето на бесплатен превоз до училиштето, односно се предвидува ова право да го користат само редовните ученици во јавните средни училишта.

Судот одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на член 41-а став 2 од Законот за средното образование“, се додава во соопштението на Уставниот суд. 

Промовирани огласи »

Сите заинтересирани граѓани од утре до 7 ноември годинава, до 18 часот, можат бесплатно да се пријавуваат на лотаријата за зелена карта за 2025 година.

Кандидатите може да се пријават на официјалната веб-страница  на  американскиот Стејт департмент https://dvprogram.state.gov/ , на која има целосни инструкции.

Им препорачуваме на кандидатите да аплицираат порано и лично да ги подготват и поднесат своите пријави. Кандидатите можат да побараат помош од страна на трето лице, кое ќе ја поднесе пријавата во нивно име, но за едно лице може да има само една апликација, стои во соопштението.

Секој кандидат е одговорен за своите податоци и дали поднесените информации во пријавата се потполни и точни. Внесување на неточни или нецелосни податоци може да доведе до дисквалификување на кандидатот дури и откако е извлечен како добитник.  

Без разлика дали пријавата е поднесена лично или со помош на адвокат, пријател или роднина, секој кандидат може да поднесе само една лична пријава.  Поднесувањето на повеќе лични пријави ќе доведе до дисквалификување од  лотаријата.

Секој кандидат треба да ја испечати и зачува потврдната страница од пријавата по пополнувањето на апликацијата за да може да ја провери. Исто така, секој кандидат треба да го зачува својот единствен број барем до 30 септември 2025 година, без разлика дали е извлечен на почетокот. Овој број е единствениот начин преку кој може да се провери дали кандидатот е избран.

Кандидатите ќе можат да проверат дали се избрани  преку програмата почнувајќи од 4 мај 2024 година.

Промовирани огласи »

Следуваат два неработни денови, од кои едниот е продолжен викенд. Тоа се – 11 октомври (среда), Ден на народното востание и 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба.

Списокот на останати неработни денови се стеснува, а погледнете ги преостанатите празници:

За граѓаните од католичка вероисповед неработен ден е 1 ноември (среда), Празникот на сите светци, 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница празник е 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на еврејската заедница неработен ден е 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ неработен е 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ неработен е 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Енергетските мерки и политики на СДСМ, создаваат услови цената на електричната енергија да не се зголемува. Граѓаните можат да бидат спокојни во однос на снадбувањето со електричната енергија и за цената на струјата, велат од СДСМ.

Од владејачката партија додаваат дека од 1 декември се враќа и дневната евтина тарифа на електричната енергија за домаќинствата.

Институциите предводени од СДСМ во изминатата грејна сезона, во услови на криза и неизвесност, покажаа капацитет и покрај црните сценарија на опозицијата немаше рестрикции, ниту скок на цената на струјата.

Значително се зголемува домашното производство на електрична енергија, со сериозни инвестиции во обновливи извори, кои со енергија од македонското сонце, ветер и вода, ја заштитуваат животната средина и ги намалуваат сметките на граѓаните.

Покрај новоотворената фотоволтаична централа во Новаци, има уште неколку огромни инвестиции, како агроволтаичниот парк Стипион, изградбата на хидроцентралата Чебрен, во вредност од над милијарда евра, ветерниот парк Вирови, соопштија од партијата.

Инвестициите во производство на електрична енергија од обновливи извори, се доказ дека државата ја реализира енергетската транзиција, да ја оствари својата цел, а тоа е да биде предводник во зелената енергија во регионот и во Европа, порачаа од СДСМ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »