Ризикот германската економија повторно да западне во рецесија во третиот квартал е сè уште висок.
Германскиот извоз се намали за 1,2 отсто во август во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на федералната агенција за статистика „Дестатис“.
Извозот во август изнесува 127,9 милијарди евра, што претставува намалување од 5,8 отсто во однос на лани.
Увозот е намален 0,4 отсто во однос на претходниот месец и изнесува 111,4 милијарди евра. Трговскиот суфицит на земјата порасна скромно, на 16,6 милијарди евра.
Сепак, извозното салдо за осумте месеци од 2023 година беше позитивно, при што вредноста на извезените стоки се зголеми 1,7 отсто, на 1,05 трилион евра. Германската надворешна трговија минатата година постигна рекорден номинален резултат делумно поради растот на цените.
Економистот на ИНГ банка, Карстен Брзески, за АФП изјави дека, како и остатокот од германската економија, извозот е во зоната помеѓу рецесијата и стагнацијата.
Додека траеше пандемијата, Германија влезе во рецесија.
foto freepik.com/vitalii_petrushenko