Промовирани огласи »

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ШТИП
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ (5 ИЗВРШИТЕЛИ)
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА И НАПЛАТА ВО ТЕТОВО - PËRFAQËSUES PËR SHITJE DHE FATURIM NË TETOVË
СМЕТКОВОДИТЕЛ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Владата на Србија неодамна го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување, со кој се предлага избраниот лекар по правило наместо претходните 60 дена, да утврди привремена спреченост за работа до 30 дена и дека после тоа привремената спреченост ја утврдува првостепената лекарска комисија на РФЗО.

Па така, според новиот лекар по општа ординација, тој ќе може да препише боледување до еден месец, наместо два месеци како што беше досега. Од сето ова се изземени пациентите од онкологија, трудниците и неодамна оперираните пациенти, а причина за оваа промена е обидот да се сузбие злоупотребата на боледувањето.

Пациент кој сака да земе боледување доаѓа кај општ лекар кој може да земе боледување најмногу еден месец. Во зависност од здравствената состојба, лекарот ќе одобри колку ќе биде. Ден по истекот на рокот, потребно е или да се заклучи боледувањето или да се оди понатаму на комисија.

Кога ќе истече максималниот рок од еден месец, пациентот кој е на боледување оди во комисијата.

Иако во овој момент не се знае каде ќе се одржи комисијата, се оди во насока да биде во институцијата што го отвора боледувањето.

Проверка на сомнителни дијагнози

Надлежните сметаат дека со дигитализирање на здравствениот систем ќе се спречат голем број злоупотреби. Дека тогаш ќе биде многу појасно кои се пациентите кои често одат на боледување и дали се оправдани, но и кои се лекарите кои постојано ги одобруваат.

Блиц.рс

Промовирани огласи »

Евтината тарифа почнува со примена од 1 декември од 13 до 15 часот и во првите десет дена од декември повеќето од домаќинствата ќе имаат пристап до неа, објави првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Тој рече дека евтината тарифа ќе биде одлична вест за граѓаните, особено за пензионерите, кои велат дека многу им помага во нивниот стандард.

Бислимоски, одговарајќи на прашањата на новинарите, уверуваше дека евтината тарифа ќе почне беспрекорно бидејќи сè што досега РКЕ кажала – било реализирано.

Претходно, „Електродистрибуција“ информира дека евтината тарифа во декември ќе им биде достапна на домаќинствата што имаат дигитални броила и на оние што ќе дозволат нагодување за новата тарифа.

Според информациите, дигитални броила имаат околу 200.000 корисници и тие компјутерски ќе бидат нагодени и автоматски ќе ја користат евтината тарифа од 1 декември, а другите тогаш ќе почнат да се нагодуваат и се очекува тоа да се заврши до крајот на месецот.

Ги замолувам сите граѓани броилата да бидат достапни да може нашите читачи да ги прочитаат бидејќи во текот на читањето се прави нагодувањето на броилата. Сите оние што ќе бидат достапни во текот на декември, ќе бидат нагодени“, рече пред еден месец директорот на „Електодистрибуција, Сашо Салтировски.

Евтината струја преку ден беше укината од 1 јануари 2022 година кога беа воведени блок-тарифите. 

Промовирани огласи »

Владата подготвува документ за зголемување на акцизата за половните возила кои што се увезуваат во земјата.

Во документот кој го добила Телма, се вели дека по сеопфатните дискусии за измена и дополнување на уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и износите потребни за пресметка на данокот согласно новата метода, која произлегува од проектот со Светската банка за унапредување на оданочувањето на моторните возила, Финансии заедно со Царинската управа подготвиле два предлози, од кои во едниот се вметнати и сугестиите на дел од бизнис заедницата.

Состанок со министерот за финансии за финални консултации е закажан за понеделник, на кој коморите се повикани да испратат по еден свој претставник во Министерството за финансии.

Исто така, предлог уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила ќе биде ставена на дневен ред на владината седница која треба да се одржи во вторник.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »