Шишето со потпис Кока-Кола, заедно со други дизајнерски шишиња за виски или парфеми, би можело да биде принудено да го напушти европскиот пазар според новите нацрт-правила на ЕУ за промовирање на пакување за повеќекратна употреба за да се намали отпадот од пакување во Европа.
Тој закон беше изгласан на 24 октомври во Комитетот за животна средина на Европскиот парламент, што е прв чекор во постапката пред парламентот да го усвои нацртот во ноември, објави Еурактив.
Планот е законот да се финализира навреме пред јунските европски избори.
Од „Еурактив“ посочуваат дека со примената на овој закон, постои ризик од повреда на заштитата на правата на интелектуална сопственост кога станува збор за посебни пакувања како што се брендирани шишиња за пијалоци.
♻️ @EP_Environment adopted its proposals to make packaging easier to reuse and recycle, to reduce unnecessary packaging and waste & to promote the use of recycled content
⬆️56 ⬇️23 ↔️5
Rapporteur @Frederiqueries
Details in the press release 👇https://t.co/mvEIBeIzRR
— ENVI Committee Press (@EP_Environment) October 24, 2023
„Ризикот е дека пакуваните производи ќе почнат да изгледаат исто. Креативниот дизајн и иконите форми постепено ќе исчезнат, а комерцијалната вредност ќе се потроши бидејќи брендовите повеќе не можат да се издвојуваат едни од други на полиците“, велат од трговската асоцијација што ги застапува производителите на шишиња од стаклото FEVE.
Барањата за дизајнот на пакувањето се утврдени во директивата за отпад од пакување, која бара тежината и волуменот на пакувањето да се сведат на минимум.
The EU Commission has proposed new packaging rules in order to reduce waste and consumer annoyance. The regulators expect to make packaging environmentally friendly by 2050.#sustainability #recycling #packaging #invest2change #europe #waste #businessopportunities #regulations pic.twitter.com/jyfF9U9q0o
— Invest2Change (@Invst2Chnge) December 8, 2022
Претставништвото на Кока-Кола за ЕУ во Брисел досега одбиваше да го коментира нацртот на новиот закон, велејќи дека ги истражува импликациите за нејзините производи.
Фото: Принтскрин/Твитер