Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи е во завршна фаза за средување на пункт, кој треба да се стави во функција за издавање на лични документи.

До сабота треба да завршат сите подготовки на просторијата за да почнат со работа вработените, а граѓаните да бидат услужени, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој одговараше на новинарски прашање, вчера по отворањето на нов објект за форензички испитувања во МВР.

Очекувам веќе од сабота или од понеделник, во зависност како ќе бидат подготвени, да можеме да го ставиме објектот во функција, со тоа што се подготвуваме да направиме две смени во самиот објект и на некој начин да имаме добра динамика за граѓаните. Така да од една страна сите групни домови, старски домови е дадена можност да се пријават и во неколку од нив се завршени комплетно со земање на податоци за издавањето на новите лични документи, изјави Спасовски.

Тој најави дека во следниот период ќе имаат таргетирани групи и граѓни, кои ќе можат да ги сменат личните документи.

Спасовски очекува до крајот на годината или почетокот на јануари во сите објекти, во кои може да се заменуваат податоци да бидат завршени.

Промовирани огласи »

Од Управата за јавни приходи најавуваат дека граѓаните ќе можат да ги добијат парите за фискалните купони скенирани во текот на месеците јули, август и септември во месец ноември.

Ве известуваме дека плаќањето од „Мој ДДВ“ се врши во рок од 60 дена по завршувањето на календарскиот квартал во кој е издадена фискалната сметка.

За третиот квартал (јули, август, септември) 2023 година исплатата ќе се изврши во ноември.

Промовирани огласи »

На европските берзи утринава имаше драстичен пад на цените на акциите, како и на Волстрит завчера, а освен деловните резултати на компаниите, во фокусот на инвеститорите ќе бидат и одлуките на Европската централна банка.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за повеќе од 1 процент во 9:30 часот.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,70 отсто, на 7.360 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 1,44 отсто, на 14.677 поени, а парискиот CAC за 1,18 отсто, на 6.835 поени.

Покрај кварталните деловни резултати на компаниите, во фокусот на инвеститорите ќе биде и денешната редовна средба на лидерите на Европската централна банка.

Не се очекува дополнително зголемување на клучните каматни стапки, кои се на рекордни 4 проценти, со оглед на слабеењето на економијата на еврозоната.

Цените на акциите паднаа и на азиските берзи

MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, со исклучок на Јапонија, беше намален за повеќе од 1 процент до 9:30 часот, паѓајќи повторно на најниско ниво во речиси една година, пренесува „Индекс.хр“.

Истовремено, јапонскиот индекс Никеи потона за повеќе од 2 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,4 и 2,7 отсто. Во Шангај, пак, тие се зголемија за околу 0,4 отсто.

Така, берзите го следат вчерашниот остар пад на Волстрит, кога Dow Jones се лизна за 0,32 отсто, додека S&P 500 потона 1,43 отсто, а Nasdaq индексот 2,43 отсто.

Вчера беше објавено дека продажбата на нови станови силно порасна во септември, иако каматните стапки на хипотеките го достигнаа највисокото ниво во последните 23 години.

Тоа предизвика стравувања дека каматните стапки би можеле дополнително да се зголемат, па пораснале и приносите на државните обврзници кои влијаат на голем број каматни стапки на кредитите.

Американската економија продолжува да расте

Приносите на 10-годишните обврзници повторно се приближија до нивото од 5 отсто, што негативно се одрази на берзата.

Американската економија продолжува да расте и тоа е една од причините зошто приносите се толку силни. Пазарот на обврзници проценува дека економијата ќе остане силна во следниот период, вели Рајан Детрик, стратег во Carson Group.

Акцијата на Alphabet вчера беше меѓу најголемите губитници со пад на цената за повеќе од 9 отсто. Кварталните резултати на тој технолошки гигант се многу добри, но приходите од бизнисот „облак“ пропаднаа.

Падот на Alphabet ги притисна и другите технолошки акции, па индексот S&P 500 на секторот за комуникации и индексот Nasdaq, кој е преполн со технолошки акции, вчера забележаа најголем дневен пад од февруари.

Заработката на некои компании е солидна, но некои не се, што им задава главоболка на инвеститорите. Но, најголемиот проблем се високите приноси на обврзниците, кои не покажуваат знаци на олеснување, вели Детрик.

Промовирани огласи »

Нискиот наталитет во Македонија, стареењето на нацијата, во комбинација со заминувањето на младите од државата, директно влијае на намалувањето на работоспособното население. Според италијанската невладина организација COSV со подружница во Прилеп, Македонија во последните години има голем одлив на млади луѓе, главно поради неусогласеноста на образованието со реалните потреби на пазарот на труд. Овој застрашувачки негативен тренд е поразителен, сметаат од невладиниот сектор, пренесува Пословни.хр.

Потребна е поголема вклученост на сите организации во креирањето на јавните политики, во креирањето на политиките за упис, во креирањето на слободни работни места. Всушност, бизнис секторот треба да се координира со академската заедница, да се креира уписна политика со Заводот за вработување и сите други релевантни чинители на ова општество, вели Дања Димовска-Микаровска од НВО. 

На сличен став се и македонските бизнисмени, кои веќе подолго време алармираат дека тешко се наоѓа работна сила, најмногу поради нередовното уредување и организирање на понудата на работна сила во однос на побарувачката на пазарот на трудот. „Главна цел за задоволување на пазарот на труд треба да биде приватниот сектор. Секторот е тој што создава додадена вредност и сите ние вклучително и јавните институции мора да создадеме општество и образование кое ќе создаде работна сила за потребите на приватниот сектор“, објасни Ирена Јакимоска, претседател на Регионална стопанска комора – Прилеп. 

Претседателот на Собранието на Здружението на македонските работодавачи Ангел Димитров вели дека недостигот на свежа работна сила е и ќе биде проблем што ќе го имаме уште многу години. Нискиот наталитет и стареењето на нацијата, во комбинација со заминувањето на младите од земјава, директно влијаат на намалувањето на работоспособното население и тоа е пречка за зголемување на производството. „Верувам дека овој тренд на намалување на бројот на работници во индустријата ќе продолжи и во следниот период. Се зголемува заминувањето на младите од државата, но има и јаз меѓу образовниот процес и потребите на пазарот на труд, што директно влијае на немањето соодветен кадар во одредени сектори“, вели Димитров.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »