Промовирани огласи »

Ако размислуваш за промена на твојата кариера во 2017 година, тогаш навистина треба одговорно да се фокусираш на твоите размислувања! Тоа значи дека размислуваш за насоката на твојата кариера и нејзината улога во твојот живот. Пред да превземеш големи чекори за промена на професијата или кариерата убаво е да ги погледнеш следните апекти:

1.Што ти овозможува твојата моментална кариера?

Некои луѓе работат бидејќи сакаат плата, некои сакаат престиж, некои имаат крајна цел или ментален напредок. Некои луѓе веруваат во мисијата да работат и да постигнат. Што прави вашата професија или кариера за вас? Зошто станувате од кревет секој ден? Дали е тоа само за плата, или има нешто повеќе? Дали имате аспирации кариера и цели?

2. Зошто сакаш промена?

Понекогаш луѓето се оптеретени од нивниот шеф, соработници, канцелариски простор, или пак се пре заситени од познатото. Во тој случај, можеби она што им треба е нова работа. Понекогаш тие навистина сакаат да направат нешто ново. Тие се уморни од предизвиците во нивните сегашни кариера и се подготвени да преземат нешто ново. Во други случаи, луѓето понекогаш се наоѓаат во индустрија која веќе не е просперитетна и тие сакаат да направат нешто што има повеќе потенцијал. Дали ви е потребна нова работа или нова кариера? Што те мотивира да започнеш нова кариера и промена на твоето работно место?

3. Што те прави среќен/среќна?

Она што е важно е среќата - тоа може да биде среќата на вашето семејство,среќата на вашето работно место, среќата на вашите деца, така што ова прашање е навистина важно. Сепак, најважно е да се запрашаш што те прави среќен? Што те мотивира на работа? Што би било тоа да направи да рипнеш од кревет секое утро и да одиш на работа? Најверојатно си размислувал/а за ова, а потоа само си помислил/а дека тоа е само фантазија и дека не е остварливо. Можеби само затоа што никогаш не си се видел на пат кој оди натаму, или пак секогаш ти недостасувале некои елементи за сонот да го направиш реалност. Секогаш можеш да најдеш начин да ја дознаеш твојата кариерна среќа дури и ако не излезе се како што на почетокот беше замислено.

4. Што прави да  се издвоите од толпата на работа?

Која е вашета супер сила? Да го знаете дека одговорот на ова прашање е од суштинско значење  истото тоа ќе ви овозможи да сфатите дека некои работи можете да ги направите подобро од било кој. Ако не знаете во што сте најдобри, вашиот нов потенцијален работодавец нема да има причина да ве вработи токму вас а не некој друг.

5. Што учиш од твојата работа и што е она што сакаш да го научиш дополнително?

Вашето учење и креативноста се клучни за одржување на заинтересираноста и вашата посветеност во кариерата. Ако не учите нешто ново секој може да го завземе вашето место. Значи, што е она што те фасцинира? Што предизвикува возбуда кај тебе? Кои курсеви сакате да ги посетите? Научете нови вештини и применувај ги во својата нова кариера.

6. На кого му служите и кого опслужувате на вашето работно место со моменталната кариера?

Најважно е да се има мисија и дека успехот на компанијата е нешто многу важно за вас.
Запомнете, вашата биографија не е пример за она што сте го направиле колку што е демонстрација на тоа како може да направите нешто во иднина и зошто твојот иден работодавач треба да те вработи.

Само доколку си ги поставите овие прашања и самостојно ги одговорите, ќе бидете подготвени да направите промена во кариерата во 2017 година!

Промовирани огласи »

Неодамна, извршниот директор на Tesla – Илон Маск, најави нови надградби и усовршувања на автопилотниот систем. А оваа снимка покажува токму високо ниво на подобрувања.

На видеото снимено од камерата на еден  Tesla Model X, се гледаат група автомобили на автопат во Холандија. Како што автомобилов вози, почнува да свири системот што предупредува дека пред тебе на патот ќе се случи сообраќајка (наречен „forward collision warning“), и се активираат кочниците за итно кочење. Секунда подоцна, автомобилот што вози пред Tesla Model X се удира во друго возило, извртувајќи се кон банкината на патот.

Ова е несомнено извонредно. Не само што системот на Tesla забележува што се случува две коли понапред, туку и делува како да ја предвидува иднината.  Се разбира, дури и таков, тој не е замена за буден и претпазлив возач, но ете, во одредени ситуации е дури и подобар. А можете ли да замислите што сé ќе „предвидува“ во иднина, кога ќе биде уште поусовршен?

Промовирани огласи »

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп објави дека телекомуникациската група „Sprint“ и американската сателитска компанија „OneWeb“ ќе создадат нови 8.000 работни места во САД, а одлуките на компаниите се дел од претходно најавениот договор меѓу Владата и јапонската „SoftBank Group“, пренесува „Ројтерс“.

„SoftBank“ поседува удели и во двете компании, а нејзиниот главен извршен директор – милијардерот Масајоши Сон, порано во декември откри дека ќе инвестира 50 милијарди долари во САД и ќе создаде 50.000 работни места.

Во јануари „Sprint“ објави дека ќе укине 2.500 работни места во земјата, како дел од планот да скрати 2,5 милијарди долари трошоци. Во средата таа најави дека ќе создаде 5.000 места во области како продажба и грижа за корисниците до крајот на фискалната година, која завршува во март 2018-та година.

Портпаролот на „Sprint“ Дејв Тоувар вели дека работните места се дел од планот на Масајоши Сон, но ќе бидат финансирани од „Sprint“.

На 19-ти декември „SoftBank“ и „OneWeb“ објавија дека јапонската компанија води нов круг на финансирање за 1,2 милијарди долари.

„OneWeb“ планира да користи средства за да изгради фабрика во Флорида и да произведува поевтини сателити, создавајќи речиси 3.000 работни места во компанијата и нејзините доставувачи.

„SoftBank“ го опиша делот од 1 милијарда долари од финансирањето како првата транша од 50-те милијарди долари, ветени од Сон за време на средбата со Трамп.

Не е јасно дали 50-те милијарди долари инвестиција на „SoftBank“ ќе бидат дел од технолошкиот инвестициски фонд од 100 милијарди долари, кој компанијата го објави порано во оваа година во соработка со Саудиска Арабија.

Промовирани огласи »

Австрискиот туризам е познат ширум светот по гостопримството и одличната кујна, но угостителите се потешко наоѓаат готвачи и келнери, предупредуваат претставници од секторот за туризам во Економската комора на Австрија.

Се бара овие две занимања да се сврстат меѓу кадрите кои недостасуваат во Австрија, како би се довела работна сила од земјата надвор од ЕУ, како што се Македонија, Србија, БиХ.

Според податоците, шеф на кујна заработува помеѓу 2.500 до 3.000 евра месечно, таканаречен „су-шеф“ околу 2.000, а готвач од 1.600 до 1.800 евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »