Истражувачкиот институт SolAbility го објави својот годишен извештај Global Sustainable Competitiveness Index, во кој се споредуваат земјите во светот во нивното ниво на развој и отпорноста на нивната економија. Студијата составува листа на земјите кои имаат најдобри алатки за стимулирање на економскиот раст во иднина. Рејтингот се заснова на “моделот на конкурентност, кој ги вклучува сите столбови на одржливиот раст: присуството на природен капитал, управување на земјата, интелектуален капитал, социјална кохезија”.
Секоја страна добива одреден број на поени од максимални 100.
5. Исланд – 56.0
Оваа изолирана островска нација со население помалку од 400 илјади лица редовно се рангира на првите места во различни меѓународни класификации. Во оваа студија Исланд покажала најдобар индикатор за “државно управување”. Единствениот послаб макроекономски показател e високата инфлација, која стигна 10% пред кризата, но за време на кризата не беше заменета со дефлација, како во многу развиени земји.
4. Данска – 56.0
Данска е индустриско-аграрна земја со високо ниво на развој. Уделот на индустријата во националните приходи е повеќе од 40%. Земјата е на 1-во место во светот во однос на надворешната трговија и промет по глава на жител. Главниот извоз на стоки e инженеринг на производи, месо и месни производи, млечни производи, риба, фармацевтски производи, мебел. Токму поради скромните залихи на природните ресурси, данската економија се потпира речиси исклучиво на човечки ресурси. Секторот на услуги зазема голем дел од пазарот на трудот и економијата. Развојот на пазарната економија на Данска е зависен од увозни суровини и надворешна трговија.
3. Финска – 56.2
Земјата се рангираше на 4-то место според критериумот “природен капитал”. Финска е една од економски најразвиените земји од ЕУ надвор од еврозоната. Долго време предностите на Финска се политичка стабилност, отворена економија, напредна инфраструктура и сигурност на телекомуникациите, како и високото ниво на соработка помеѓу претпријатијата, научни и технолошки центри и универзитети.
2. Норвешка – 59.4
Норвешка го освои 2-рото место според нивото на економска конкурентност. Највисоки индикатори таа зазема во критериумите “државно управување” – 3-то место и 1-во место во параметарот “општествен капитал”. Владата ги контролира клучните сектори на економијата, особено нафтениот сектор. Иако земјата има и други природни ресурси (шуми, минерали, водни ресурси), нафта секторот обезбедува 30% од приходите во буџетот на Норвешка.
1. Шведска – 60.9
Лидер на листата на Global Sustainable Competitiveness Index е Шведска – единствената земја која има повеќе од 60 поени. Шведска го зазема 2-рото место со два параметри: “природен капитал” и “иновации”. Економијата на Шведска е добро развиена, ориентирана кон извоз. Главните ресурси на економијата се дрва, хидроцентралите и железната руда. Земјата располага со модерна инфраструктура, одлични внатрешни и надворешни комуникации, и висока работна сила. Околу 90% од производството е произведено од приватни компании, како Ericsson AB, SKF, Alfa Laval Group, IKEA, AGA, Dino Nobel. Над 50% од нив се во областа на машинството. Земјоделството произведува само 2% од БДП на земјата.