Промовирани огласи »

„Кога се постави новиот модел за тарифирање на електричната енергија целта ни беше да ги заштитиме најранливите и поголемата категорија на граѓани да нема голем удар од зголемувањето на цената. Субвенцијата е поголема таму. Струјата е се уште субвенционирана и ќе продолжи да биде така“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во утринската програма на МТВ.

Тој додаде дека се додека не креираме доволно домашни капацитети за евтина електрична енергија ќе продолжи цената на струјата да биде субвенционирана.

Со мерките кои ги почнавме лани и навиките за заштеда ефектот е добар. Оптимист сум дека ќе биде субвенционирана цената и следната година и таа нема да удри по крајниот потрошувач, освен тие кои трошат најмногу, во третиот и четвртиот тарифен модел, односно побогатите, за кои сметам дека треба да си ја платат пазарната цена, рече Битиќи.

Вицепремиерот исто така најави дека месецов ќе биде промовиран и новиот пакет на антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон потребите на најранливите категории на граѓани.

Промовирани огласи »

Согласно Законот за празници, по денешниот неработен ден кога се слави  Ден на Македонската револуционерна борба, следниот неработен ден за сите граѓани е во месец декември. 

8 декември (петок) кога се одбележува „Св. Климент Охридски” ќе биде неработен ден, а тоа значи дека повторно ќе имаме продолжен викенд. 

За припадниците на албанската заедница во земјава неработен ќе биде 22 ноември (среда), Ден на албанската азбука. 

Промовирани огласи »

Од денес во Германија стапуваат на сила измените на законот за имиграција на квалификувани работници, јавуваат германските медиуми.

Од ноември ќе се прошири кругот на квалификувани работници кои полесно доаѓаат на работа во Германија. Патот до „Сината карта на ЕУ“ ќе биде полесен за висококвалификуваните академици, магистри и оние со специјализирани академски дипломи.

Сината карта е дозвола за престој која во голема мера го олеснува влезот на локалниот пазар на труд за квалификувани работници од земји надвор од ЕУ.

Германските медиуми го наведуваат примерот на ИТ професионалци со големо професионално искуство кои повеќе не треба да даваат докази за професионална обука.

Олеснување за работодавците

Новите промени значат и големо олеснување за компаниите кои се борат со недостиг од квалификуван кадар.

Меѓу другото, со новиот закон се намалуваат досегашните релативно високи лимити за минимална плата. Наместо досегашните 58.000 евра бруто (или околу 45.500 евра за таканаречените професии во тесно грло), работниците од земјите надвор од ЕУ од ноември ќе треба да докажат дека заработуваат за околу 15.000 евра помалку годишно.

Покрај тоа, изгледите за престој во Германија се подобруваат, што го олеснува обединувањето на семејството.

Навистина големите промени треба да стапат на сила во март 2024 година: оттогаш, работниците од трети земји можат да влезат во земјата откако ќе аплицираат за виза и да работат во Германија се додека им се признаваат професионалните квалификации.

Досега тоа не беше можно, поради што може да потрае околу една година за да се добие виза и работна дозвола за Германија.

Кој може да аплицира за сина карта на ЕУ?

Сината карта на ЕУ го олеснува вработувањето на висококвалификувани државјани од трети земји во Европа. Важи за сите земји освен Ирска и Данска.

За сина карта на ЕУ мора да обезбедите доказ за вработување во Германија со законска минимална плата. Долната граница на минималната плата се применува за дефицитарните занимања, а тоа се следните професии:

  • Инженери
  • Научници од областа на природните науки
  • Математичари
  • ИТ-стручен кадар
  • Медицински работници

„Сината карта на ЕУ“ ја издава надлежната Служба за странци во Германија, пишува магазинот „Феникс“.

Промовирани огласи »

Жичарницата на Водно од утре (01.11.2023), ќе работи по зимски режим, односно од 10 до 17 часот.

Во период 16-16:30 часот ќе биде последно возење од долу кон врвот, односно во 16:45 часот е последно возење од врвот надолу.

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период ноември-март.

И натаму, секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови на објектот. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »