Потрагата по вистинскиот кандидат за работната позиција која ви е потребна може да биде стресна.
Eве каде треба да внимавате и на што да обрнете внимание во потрагата по вистинскиот кандидат за работа.
Детален опис на работата
Една од најважните работи е да имате добро изготвен опис на работата каде ќе бидат вклучени сите детали поврзани со работното место, потребните вештини, тежината на работата, очекувањата од кандидатот и сл. Осигурајте се дека кандидатот ги исполнува сите услови и со голем ентузијазам пристапува кон обврските.
Внимавајте на карактерот
Не се битни само квалификациите и желбата за работа, треба многу да се внимава каков карактер избраниот кандидат поседува. Честопати во потрагата по вистинскиот кандидат за отвореното работно место, одговорните не обрнуваат внимание на карактерот на личноста. Како професионалец во бизнисот, не смеете да си дозволите таков пропуст, во потрагата по вистинскиот кандидат, барајте ги и оние карактерни црти кои би се поклопиле со работното место.
Запознајте ги нивните слаби точки
Сите кандидати имаат и јаки и слаби страни. Обидете се на ненаметлив начин да ги дознаете оние слабите. Потоа направете проценка дали работното место ќе може да функционира и покрај тие слаби точки на кандидатот, или од старт ќе биде осудено на пропаст.
Обезбедете платформа за пред-селекција
Кога имате премногу пријавени кандидати за отвореното работно место направете пред-селекција преку прашања на елиминација. Така нивниот број ќе се намали, а вие ќе заштедите време и ќе можете да се концентрирате на потесниот круг на избрани кандидати и со тоа да донесете исправна одлука.
Постигнати успеси
Не се задоволувајте само со условите кои барате да бидат исполнети за пополнување на работното место. Барајте кандидати кои постигнале многу повеќе и кои со брзо темпо работат на градењето кариера. Водете го интервјуот во таа насока, дознајте како и со што тие го мерат својот успех и дали зад нивната приказна навистина се крие оној вистинскиот кандидат.