Промовирани огласи »

Работното место може да биде средина која е и забавна и продуктивна за вработените. Понекогаш можеме буквално да се изгубиме во извршувањето на работните задачи и секој ден да ни е ист и здодевен.

Но тоа не мора да е така, еве неколку мали интересни совети како да го направите напорниот работен ден позабавен, а со тоа и попродуктивен. 

  • Организирајте канцелариски спортски тим;
  • Украсете го канцеларискиот простор;
  • Споделете шеги со вашите соработници;
  • Испратете рачно напишани пораки на нечие биро;
  • Прославете ги родендените на вработените;
  • Дозволете миленици во канцеларија;
  • Натерајте ги сите да се соберат за групна фотографија;
  • Одвјоте пет минути и убаво размрдајте се;
  • Облечете се убаво како да е некој посебен ден;
  • Поканете некој од новите колеги на ручек за време на паузата.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,80% во однос на одлуката од 08.11.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,236%, кај дизелот за 3,669%, кај екстра лесното масло за 4,540% и кај мазутот намалувањето е за 3,128%.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува и сега ќе изнесува 43,743 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,38 2%

Од 11.11.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 43,743 (денари/килограм).

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.11.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Промовирани огласи »

Како што беше најавено, новиот пакет антикризни мерки ќе биде објавен и ќе стапи на сила од средината или крајот на наредната недела. Денес министерот Фатмир Битиќи потврди дека во овие антикризни мерки ќе бидат опфатени и пензионерите со ниски примања и истите неколку месеци ќе добиваат финансиски средства како помош.

Се грижиме за тие што се во пензискиот фонд. Одлуката е, наредната недела мислам дека ќе сме готови со антикризните мерки ќе бидат опфатени сите пензионери од ранливите категории на пензии до просечна плата со дополнителна помош која ќе им биде дадена во наредните неколку месеци, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Утрински печат“.

Тој додаде дека пензионерите од ранливите категории ваква помош ќе добиваат најмалку до април месец идната година.

Ние направивме неколку категории на пензионери, пензионери под 14.000, кои што примаат до 14.000, до 16.000 и до 19.000 денари. Овие ќе добијат дополнителен финансиски додаток како што работната група преговараше. Ќе добијат фиксен додаток, рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека различните категории ќе добијат различни износи на помош и исто така кажа дека се продолжува со мерката енергетски додаток за ранливите категории за социјалните пензии.

Промовирани огласи »

Кочанчанец го сруши рекордот за најпијан возач во Македонија по количина на алкохол во крвта, кој е фатен од полицијата.

Имено, при проверка сообраќајната полиција утврдила дека тој го возел своето возило со цели 5,31 промили алкохол, иако законот дозволува само 0,5. Согласно одредбите во законот, овој возач е исклучен од сообраќај и одземена му е возачката.

Претходниот рекорд го држеше прилепчанец кај кого во август годинава полицијата измери 5,01 промили алкохол во крвта.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »