Промовирани огласи »

Кочанчанец го сруши рекордот за најпијан возач во Македонија по количина на алкохол во крвта, кој е фатен од полицијата.

Имено, при проверка сообраќајната полиција утврдила дека тој го возел своето возило со цели 5,31 промили алкохол, иако законот дозволува само 0,5. Согласно одредбите во законот, овој возач е исклучен од сообраќај и одземена му е возачката.

Претходниот рекорд го држеше прилепчанец кај кого во август годинава полицијата измери 5,01 промили алкохол во крвта.

Промовирани огласи »

А1 Македонија се вклучи во иницијативата “Social Day!” и ги отвори вратите за 15 млади и амбициозни средношколци

Скопје, 09.11.2023г. – А1 Македонија со имплементација на ESG во својата стратегија се залага за животната средина, социјалното и корпоративно управување. Како дел од своето залагање кон заедницата компанијата се вклучи во иницијативата “Social Day!” и на еден ден им ги отвори вратите на 15 млади и амбициозни средношколци кои сакаат да се запознаат со работната култура и основите на работење на една корпорација.

Иницијативата е организирана од страна на Здружение на граѓани Младите можат“, а со поддршка на А1 Македонија, преку уникатен и систематски пристап им дава можност на младите средношколци еден нормален училишен ден да го заменат со посета на компанијата, да осознаат како изгледа еден работен ден на одредена позиција, да се запознаат со водечките вредности и корпоративната култура.

„А1 Македонија секогаш е отворена за младите кои се љубопитни, кои сакаат да учат и да ги надградуваат своите вештини, а во овој случај и за средношколците кои сакаат да осознаат како изгледа еден работен ден. Ова е одличен показател дека кај младите постои амбиција и дека уште од средношколските денови сакаат да дознаат во која линија може да се развива еден кариерен пат. Вкупно 15 средношколци беа распоредени на различни локации и ги посетија нашите работни простории во Скопје, Битола и Охрид и имаа можност видат како одвнатре функционира една корпорација, да добијат увид во основните процеси на работа, можностите и предизвиците со кои се соочуваме“, изјави Стефан Јовановски, Раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија.

Генералната цел на “Social Day!”  е промовирање на солидарност помеѓу младите и поттикнување на нивно активирање во заедницата, за време на нивните средношколски денови и поттикнување на општествена одговорност во бизнис заедницата. Тоа што дава посебна вредност на целата иницијатива е залагањето и на младите кон заедницата, па дневницата којашто би ја добиле за работењето на еден ден ја донираат во младински фонд којшто ќе поддржи минимум два младински проекти за подобрување на образованието.

Промовирани огласи »

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА - КРАТОВО
ПРОДАВАЧ/КА - КАСИЕР/КА – ЦЕНТАР
РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКА

Сите огласи од Стокомак погледнете ги ТУКА.

Се уште невработени?! Систе останати активни работни места ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на одлуката од 06.11.2023 година.

Од 9.11.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар), Дизел гориво, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 44,996 (денари/килограм).

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,005 ден/кг и сега ќе изнесува 44,996 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,006%, кај дизелот за 0,429%, кај екстра лесното масло за 0,670% и кај мазутот намалувањето е за 2,158%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,562%.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »