Истражувањето на Европската банкарска федерација, објавено во средата, покажа дека банките во Европската унија затвориле 9.100 филијали минатата година и отпуштиле околу 50.000 работници поради зголемената популарност на интернет банкарството.
Поради развојот на технологијата во наредните пет години, околу една третина од актуелните банкарски работни места ќе исчезнат, изјави поранешниот прв граѓанин на "Ситигруп", Викрам Пандит, во интервју за "Блумберг".
Вештачката интелигенција и роботика ја намалуваат потребата од работници во некој од банкарските сектори, како што е сметководството, вели Пандит, кој сега ја предводи инвестициската компанија "Орогед", чиј коосновач е.
Според проценките на "Ситигруп" во извештајот од март минатата година, поради автоматизацијата, помеѓу 2015 и 2025 година, 770.000 вработени во банките во САД ќе останат без работа, а во Европа еден милион.
Според овие мрачни прогнози, истражувањето на Европската банкарска федерација објавено во средата покажа дека банките во Европската унија затвориле 9.100 филијали минатата година и отпуштиле околу 50.000 работници поради зголемената популарност на интернет банкарството. На крајот од минатата година, бројот на филијали во ЕУ се намали на 189.000, што е за 4,9 проценти помалку отколку на крајот од претходната година. На крајот од годината, банкарскиот сектор вкупно имал околу 2,8 милиони вработени, што е најмал број од 1997 година, покажува анализата.
Банките ги затвориле скапите филијали за физички лица со цел префрлање на голем број клиенти кон електронски плаќања, дигитално и мобилно банкарство, но и пониски каматни стапки. Од друга страна, извршниот директор на ЈП Морган, Џејми Димон, во јуни истакна дека влијанието на технологијата на работните места во финансиската индустрија е пренагласено.
- Воведувањето на автоматизација, помага да се намалат трошоците на банката, а од друга страна отвора низа други работни места, рече и додаде дека бројот на вработени во банките ќе расте, но на тие со техничко образование.