
За компанијата:
Компанијата Слајон Комерц ДООЕЛ Скопје е основач на брендот Е-HORECA и една од главните компании за големопродажба специјализирана за увоз, извоз, трговија на големо и мало на кафе, машини за кафе и... повеќе за компанијата »
(преземи го огласот како PDF)
Е-HORECA.MK ВРАБОТУВА !
Станете дел од тимот на нашата најнова продавница за кафе во SKOPJE CITY MALL! Бараме динамична и комуникативна личност која сака да стане дел од интернационална компанија која нуди континуиран развој и унапредување.
Опис на работната позиција:
Вашите главни задачи ќе бидат:
- Прием на роба и изложба на артикли
- Љубезно пречекување и услужување на купувачите
- Препорака и продажба на нашите кафе брендови
- Работа со каса и процесирање на нарачки
- Одржување на уредноста во продавницата
Што очекуваме од вас:
- Енергичност, позитивен став и професионален изглед
- Познавање на принципите на продажба и комуникација со клиенти
- Способност за тимска работа и работа во динамична средина
- Предност ќе имаат кандидати со претходно искуство во продажба/угостителство и познавање на англиски јазик
Нудиме:
- Пријатна работна атмосфера во ултра модерен продажен простор
- Одлични услови за работа
- Флексибилно работно време
- Можност за прекувремена работа
- Можност за развој во успешна компанија
Доколку сакате да работите во светот на кафето, испратете ја вашата кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] или контактирајте не на 075407133.
⏳ Огласот е отворен до 23.04.2025 година.
Слични огласи »