Вредноста на доларот зајакна во однос на кошницата валути, а еврото ослабе.
Доларот во однос на европската валута зајакна за 0,4 отсто, а цената на еврото се намали на 1,0685 долари. Курсот на доларот порасна и во однос на јапонската валута, за 1,4 отсто, на 151,50 јени, недалеку од највисокото ниво во една година.
Минатата седмица доларот врати дел од загубите од претходната седмица, кога остро падна, затоа што инвеститорите заклучија дека циклусот на зголемување на каматните стапки на американската централна банка е завршен. Цените на нафтата деновиве имаа пад, а доларот растеше.
foto freepik.com/jcomp