Промовирани огласи »

Вашиот бренд ја одразува репутацијата што ја имате кај барателите на работа, вработените и клучните засегнати страни, така што градењето кохезивен план за управување и одржување репутација ќе се исплати на повеќе начини.

Повеќе од кога било, луѓето се грижат за кого работат и како нивната работа влијае на компанијата и светот околу нив. Ако веќе не сте направиле, напишете ги основните вредности и изјавата за мисијата на вашата компанија. Ако поминало некое време откако сте ги создале вашите основни вредности и изјава за мисијата, размислете да ги прегледате за да се уверите дека одговараат на моменталната компаниска култура и визија за вашиот бизнис и бренд. За да ја победите вашата конкуренција, треба да ги знаете нивните силни и слаби страни.

Вашиот бренд во голема мера ќе ја одразува културата на вашата компанија, па ако имате лоша организациска култура, тоа лошо ќе се одрази на брендот и ќе влијае на сите аспекти на вашиот бизнис. Ако изградите силна компаниска култура, тогаш ќе ви биде полесно да ја одржите среќата на вашиот тим, а со тоа и брендот на вашата компанија.

Промовирани огласи »

Се зголемува минималниот износ за К-15, кој, за оваа година ќе изнесува најмалку 14.000 денари, велат новите пресметки.

Со растот на просечната плата, расте и К-15. Според пресметките ваквата бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти, пишува Biznispro.com.

Исплатата на К-15 или регрес за годишен одмор законски започна од 1 јули годинава во сите фирми и институции во државата, зошто не постои компанија која е ослободена од плаќање на регрес за годишен одмор кој им следува на работниците. Некои од компаниите им го исплатија К-15 уште веднаш, но многу го чекаат последниот воз.

Целиот текст прочитајте го на специјализираниот портал за бизнис и економија, пишува Biznispro.

Промовирани огласи »

Голема гужва за фотографирање уште на првиот ден од вонредниот пункт за издавање лични документи, кој МВР го отвори во скопската населба Пролет во пресрет на рокот во февруари до кога граѓаните треба да ги заменат своите документи.

На локацијата може да се аплицира без закажување, а голем број граѓани ја наполнија салата на полициската станица, пренесува Плусинфо.

Се плаќа исклучиво со картичка, а работното време е од 8 до 18 часот. Предвидено е фотографирање на сите кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или патна исправа.

Личните документи со старото име на државата важат до 12 февруари 2024 година.

Промовирани огласи »

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 76,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,411 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,332 ден/кг.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »