Промовирани огласи »

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Моментално вработува:

IT SERVICE OPERATION RESPONSIBLE
SOD OPERATION SPECIALIST (IDENTITY & ACCESS MANAGEMENT)
ROLE OPERATIONS SPECIALIST (IDENTITY & ACCESS MANAGEMENT)
AGILE MASTER
АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА
SOHO ACCOUNT MANAGER
CONSUMER CONTACT CENTER AGENT
TALENT & LEARNING DEVELOPMENT SPECIALIST

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.
 

Промовирани огласи »

Без разлика колку сте квалификувани или продуктивни, секогаш постои можност да ја завршите работата подобро од порано. Да се внимава да се унапредува вашиот сет на вештини и да се истражуваат начини да се научи нешто ново е почетниот чекор кон станување подобра верзија од себе. Тоа не само што помага да ги зголемите вашите работни перформанси, туку и создава потенцијални можности за вашиот професионален развој. 

Со оглед на важноста на постојаното самоподобрување, во прилог неколку совети и активности за управување со работата кои сигурно ќе ве одведат на долг пат кон зајакнување на вашите перформанси и вредност на работното место:

  • Следење и анализа на времето. Најлесен начин да промашите цел е со одложување или губење време кога треба да клекнете за да завршите некоја задача;
  • Мониторинг на перформансите на тимот, секогаш трудете се да постигнете повеќе заедно;
  • Спроведување на процесот за управување со проекти;
  • Комуницирајте со вашите колеги постојано;
  • Постојано прегледувајте и оптимизирајте како би вметнале новитети во работењетто.

Вие сте тие кои ја имате способноста да се промените и да прераснете во нешто подобро. Значи, ако сте добри во вашата работа и сакате да се истакнете во неа, преземете иницијатива и почнете да работите на вашите работни перформанси. Разгледајте ги горенаведените совети и погрижете се да ги спроведете во пракса на начин кој е најдобар за вас и за вашата кариера.

Промовирани огласи »

Најголемата светска крипто берза Binance се согласи да плати судска спогодба од околу четири милијарди долари, откако нејзиниот основач и извршен директор Чангпенг Жао се изјасни за виновен пред американскиот суд дека не спречил перење пари на оваа платформа.

Жао поднесе оставка како извршен директор на компанијата, а Бајнс призна дека го прекршил Законот за банкарска тајна на САД и програмата за санкции, како и дека не пријавил сомнителни трансакции, пренесува АП.

„Ако користите нова технологија за да го прекршите законот, вие не сте иноватор, туку криминалец“, рече американскиот државен обвинител Мерик Гарланд, кој спогодбата ја нарече една од најголемите корпоративни казни во историјата на САД.

Binance and its CEO Changpeng Zhao pleaded guilty to criminal charges for anti-money laundering and US sanctions violations and agreed to pay over $4 billion in penalties, US Attorney General Merrick Garland said https://t.co/hZAzOk0oDg pic.twitter.com/zEI8MqVQyf

— Bloomberg (@business) November 21, 2023

Промовирани огласи »

Највисока просечна нетo плата исплатена во септември годинава била во одделот „Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и изнесувала 92.568 денари, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Тоа ја прави и целата просечна нето плата во Секторот „Информации и комуникации“, каде се наоѓаат програмерите, највисоката нето плата од сите сектори.

Во секторот Преработувачка индустрија најдобро котира одделот Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, со просечна плата од 59.772 денари во септември годинава.

Трет е секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и комуникација, каде нема посебни оддели, и просечната плата во септември за вработените во оваа дејност била 52.916 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2023 година, изнесува 37.876 денари.

Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, изнесува 116,4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25,8 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24,8 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20,5 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11,8 %), Образование (10,9 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (9,1 %). (Мета)

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »