Промовирани огласи »

Според информациите од Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесувала 37 876 денари.

Тоа претставува зголемување од 16.4 отсто во однос на истиот месец 2022 година.

Анализите на ДЗС покажуваат дека ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.8 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.5 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата во септември 2023 година изнесувала 56.896 денари.

Промовирани огласи »

Ќе се прошируваат тарифниот блок 3 и 4 за струјата како одговор на владата на забелешката на ММФ дека земјава многу пари троши на субвенционирање на електричната енергија, ова го потврди вчера и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој меѓутоа рече дека тие што трошат помалку ќе плаќаат и помалку.

Ќе го прошириме тарифниот блок 3, најверојатно и тарифниот блок 4 со што опфатот да биде поголем, за тие што трошат повеќе. А за најранлиците категории на граѓани, за луѓето кои што штедат вистински електрична енергија да останат ист тарифен модел и цената на електричната енергија или евентуалната промена на цената да не падне на товар на тие што се во првиот или вториот блок – изјави Битиќи.

Во тарифниот блок 3 спаѓаат потрошувачите кои трошат од 631 до 1.050 киловатчасови струја, а во тарифниот блок 4 сите кои трошат повеќе од 1.050 KWh.

Не е познато како ќе изгледаат границите на тарифниот блок 3 и дали во него ќе влезат домаќинствата кои трошат под 631 киловат струја месечно.

Регулатроната комисија за енергетика допрва ќе треба да прави пресметки како би требало да изгледа новиот распоред на потрошувачката на струја и која распон би требало да го имаат блокот 3 и 4.

Минатата година субвенционирањето на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи беше до 80%, а тоа според Битиќи, е неиздржливо за една мала земја како нашата.

Годинава субвенционирањето е намалено на некаде 60%.

Промовирани огласи »

Општина Центар распишува Јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка наменета за пензионери со пензии до 20.122 денари, кои се жители на Општината. Јавниот повик е отворен од денеска 21.11.2023 година, заклучно до 06.12.2023 година.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски појасни дека висината на еднократната финансиска поддршка изнесува вкупно 3.500.000 денари односно по 2.000,00 денари од корисник, а исплатата ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен“, се до исцрпување на средствата во Буџетот на Општина Центар, Скопје за 2023 година.

Во пресрет на претстојните новогодишни празници и семејни слави верувам дека овие средства ќе им помогнат на нашите повозрасни сограѓани да ја збогатат трпезата или да ги олеснат семејните трошоци. Општина Центар втора година по ред обезбедува поддршка за повозрасните граѓани во општината, пензионерите. Искрено верувам дека оваа помош ќе биде добредојдена. Затоа ги повикувам граѓаните кои ги исполнуваат условите да аплицираат на Јавниот повик и станат корисници на мерката, изјави Герасимовски.

За остварување на правото на користење на финансиската поддршка, заинтересираните граѓани треба да бидат корисници на старосна, семејна или инвалидска пензија не повисока од 20.122,00 денари и да бидат жители на Општина Центар-Скопје. Граѓаните кои ги исполнуваат овие услови ќе треба да поднесат: Барање за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и доказ од последна примена пензија (потврда/чек издаден од Банката во која се прима пензијата, за последните 2 месеци, односно за септември или октомври 2023 година). Барањето за доделување на финансиска поддршка за пензионери во социјален ризик е достапно во просториите на Општина Центар-Скопје (архива на Општина Центар-Скопје, барака 6) и на веб страната на Општина Центар-Скопје https://www.centar.gov.mk/?p=19130. Потребната документација може да се достави секој работен ден во барака 6 (Сала на Совет на Општина Центар – Скопје), од 09.00 до 14.00 часот.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Центар-Скопје, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесените барања за остварување на правото за финансиска поддршка. На пензионерите што аплицирале и ги исполниле потребните критериуми, Општина Центар-Скопје ќе изготви Решенија за доделување на финансиска поддршка. Исплатата на предвидениот износ за финансиска поддршка (во висина од 2.000,00 денари), ќе ја изврши Секторот за финансиски прашања на Општина Центар-Скопје, директно на трансакциските сметки кои барателите ги доставиле како потребна документација. Исплатата ќе биде реализирана до крајот на 2023 година.

Општина Центар ги повикува сите пензионери, кои се корисници на старосна, семејна или инвалидска пензија и ги исполнуваат потребните критериуми, да аплицираат и да го остварат правото за доделување на финансиска поддршка.

Промовирани огласи »

До крајот на оваа недела се очекува Владата да ги донесе мерките за сите ранливи категории граѓани. Тогаш точно ќе се знае кој се ќе биде опфатен и колку месечна ќе биде поддршката, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Од Работната група, додаде, се веќе доставени предлози поддржани да бидат особено пензионерите со ниски пензии.

Како што информира министерката, се работи и на решението за минимална пензија но, со оглед дека е комплексно, најверојатно нема да биде готово до крајот на овој месец. 

Да, се дискутира и за мерките што треба да ги предложи Работната груба, ги предложија всушност до Владата за да ги поддржиме и особено пензионерите со ниски пензии, а се работи секако и на едно системско решение за предлог-закон, предлог-одредби за утврдување на минималната пензија. Меѓутоа, не очекувам дека многу бргу, дека до крајот на овој месец ќе се донесе некакво решение зашто, сепак, тоа е комплексно прашање со кое се регулира минимална пензија. Ќе продолжи Работната група, а мерките за сите ранливи категории граѓани очекуваме до крајот на оваа недела да бидат донесени од страна на Владата, рече Тренчевска.

Според неа, со мерките најверојатно ќе бидат таргетирани најранливите пензионери, оние со најниски пензии.

Искрено, додека не бидат објавени, не сакам да лицитирам кои категории пензии ќе бидат опфатени, ќе бидат опфатени поголем број пензионери, а секако ќе бидат опфатени и други ранливи категории граѓани. До кога пензионерите би можеле да ја користат оваа мерка, ќе биде објавено штом мерките ќе бидат прифатени, односно усвоени на владина седница. Верувам дека до крајот на неделата ќе имате информација за се она што како пакет на антикризни мерки Владата ќе го донесе, кои категории граѓани ќе бидат опфатени и колку месечна ќе биде поддршката, информира министерката по посетата на Општина Ѓорче Петров. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »