Промовирани огласи »

Општина Центар распишува Јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка наменета за пензионери со пензии до 20.122 денари, кои се жители на Општината. Јавниот повик е отворен од денеска 21.11.2023 година, заклучно до 06.12.2023 година.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски појасни дека висината на еднократната финансиска поддршка изнесува вкупно 3.500.000 денари односно по 2.000,00 денари од корисник, а исплатата ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен“, се до исцрпување на средствата во Буџетот на Општина Центар, Скопје за 2023 година.

Во пресрет на претстојните новогодишни празници и семејни слави верувам дека овие средства ќе им помогнат на нашите повозрасни сограѓани да ја збогатат трпезата или да ги олеснат семејните трошоци. Општина Центар втора година по ред обезбедува поддршка за повозрасните граѓани во општината, пензионерите. Искрено верувам дека оваа помош ќе биде добредојдена. Затоа ги повикувам граѓаните кои ги исполнуваат условите да аплицираат на Јавниот повик и станат корисници на мерката, изјави Герасимовски.

За остварување на правото на користење на финансиската поддршка, заинтересираните граѓани треба да бидат корисници на старосна, семејна или инвалидска пензија не повисока од 20.122,00 денари и да бидат жители на Општина Центар-Скопје. Граѓаните кои ги исполнуваат овие услови ќе треба да поднесат: Барање за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и доказ од последна примена пензија (потврда/чек издаден од Банката во која се прима пензијата, за последните 2 месеци, односно за септември или октомври 2023 година). Барањето за доделување на финансиска поддршка за пензионери во социјален ризик е достапно во просториите на Општина Центар-Скопје (архива на Општина Центар-Скопје, барака 6) и на веб страната на Општина Центар-Скопје https://www.centar.gov.mk/?p=19130. Потребната документација може да се достави секој работен ден во барака 6 (Сала на Совет на Општина Центар – Скопје), од 09.00 до 14.00 часот.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Центар-Скопје, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесените барања за остварување на правото за финансиска поддршка. На пензионерите што аплицирале и ги исполниле потребните критериуми, Општина Центар-Скопје ќе изготви Решенија за доделување на финансиска поддршка. Исплатата на предвидениот износ за финансиска поддршка (во висина од 2.000,00 денари), ќе ја изврши Секторот за финансиски прашања на Општина Центар-Скопје, директно на трансакциските сметки кои барателите ги доставиле како потребна документација. Исплатата ќе биде реализирана до крајот на 2023 година.

Општина Центар ги повикува сите пензионери, кои се корисници на старосна, семејна или инвалидска пензија и ги исполнуваат потребните критериуми, да аплицираат и да го остварат правото за доделување на финансиска поддршка.

Промовирани огласи »

До крајот на оваа недела се очекува Владата да ги донесе мерките за сите ранливи категории граѓани. Тогаш точно ќе се знае кој се ќе биде опфатен и колку месечна ќе биде поддршката, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Од Работната група, додаде, се веќе доставени предлози поддржани да бидат особено пензионерите со ниски пензии.

Како што информира министерката, се работи и на решението за минимална пензија но, со оглед дека е комплексно, најверојатно нема да биде готово до крајот на овој месец. 

Да, се дискутира и за мерките што треба да ги предложи Работната груба, ги предложија всушност до Владата за да ги поддржиме и особено пензионерите со ниски пензии, а се работи секако и на едно системско решение за предлог-закон, предлог-одредби за утврдување на минималната пензија. Меѓутоа, не очекувам дека многу бргу, дека до крајот на овој месец ќе се донесе некакво решение зашто, сепак, тоа е комплексно прашање со кое се регулира минимална пензија. Ќе продолжи Работната група, а мерките за сите ранливи категории граѓани очекуваме до крајот на оваа недела да бидат донесени од страна на Владата, рече Тренчевска.

Според неа, со мерките најверојатно ќе бидат таргетирани најранливите пензионери, оние со најниски пензии.

Искрено, додека не бидат објавени, не сакам да лицитирам кои категории пензии ќе бидат опфатени, ќе бидат опфатени поголем број пензионери, а секако ќе бидат опфатени и други ранливи категории граѓани. До кога пензионерите би можеле да ја користат оваа мерка, ќе биде објавено штом мерките ќе бидат прифатени, односно усвоени на владина седница. Верувам дека до крајот на неделата ќе имате информација за се она што како пакет на антикризни мерки Владата ќе го донесе, кои категории граѓани ќе бидат опфатени и колку месечна ќе биде поддршката, информира министерката по посетата на Општина Ѓорче Петров. 

Промовирани огласи »

Податоците секогаш биле основата за бизнис одлуките. Но, интересно, кога станува збор за теми за менаџмент на луѓе, бизнис лидерите воглавно се потпирале на своето чувство на интуиција. Со години податоците и луѓето биле посматрани како спротивни страни на истата монета - тие одат заедно, но вие или се фокусирате или на едната страна или на другата.

За среќа, сме поминале низ ова веќе и се забележува зголемен број на компании што ја разбираат потребата за изградба на нивните HR стратегии врз специфични HR метрики и истражувања. Како треба да го буџетирате вашиот трошок за плати и бенефиции за идната година зависи длабоко од тоа колку сте конкурентни на пазарот во моментов, како се движи пазарот (инфлација, нови инвеститори, нови регулации) и кои видови на бизнис цели планирате да ги постигнете.

За да одговорите на оваа зголемена потреба за јасност и да создадете хармонична комбинација од квантитативна јасност и квалитативно разбирање, Manpower SEE се спојува со Assert International. Со оваа сојузничка врска изградивме 360-степено портфолио во услугите за консултирање во HR, осигурувајќи се дека во нашата дигитална ера, пулсот на луѓето се одвива преку вените на одлучувањето базирано на податоци.

Вистински бизнис случаи на употреба HR истражувањата за решавање на проблемите во менаџментот на луѓето

Да прејдеме на конкретни бизнис случаи - Еден од најпреферираните производи во нашето портфолио е “Студијата за просечни плати”. Главната цел на ова истражување е да им обезбеди на работодавците јасна слика за тоа како нивните тековни надоместоци и пакетите за плати и бенефиции се споредуваат со оние на нивните конкуренти. Дали плаќаат 5% повеќе, или 20% помалку од нивните конкуренти? Таквото знаење често покажува откривање на вкоренети причини за голем turnover или низок интерес за нови отворања во специфична компанија. Но, само знаејќи го точниот број, компаниите можат да донесат ефективни одлуки и да управуваат со нивниот буџет и трошоци на најдобар начин.

Иако повисоките плати се една од работите што најмногу ги сакаат вработените, едно од нашите најнови истражувања за ставовите на младите таленти кон работодавците покажува дека освен висок надомест, младите луѓе исто така бараат автономија, безбедност и професионален развој преку интересни проекти и динамична околина.

Затоа, можеби сте погодиле со вашите нивоа на плати, но уште забележувате високи стапки на turnover, особено во специфични возрасни групи. Тогаш би ви препорачале да истражите понатаму и да направите анализа на внатрешната организација и културата на компанијата или “Скенирање на културата на организацијата” и “Студија за ангажман и задоволство”. Податоците од таквите студии, базирани на метриките од познатиот модел на Хофстеде, ja мерат ефективноста на организацијата на вработените, исто така откривајќи дали се процесно или целно ориентирани, споредувајќи формалнa и неформалнa околина во организацијата, исто така ги мери јаките и слабите страни и на вработените и на процесите. Структурирање на акциски план во согласност со мисијата и целите на компанијата, базиран на податоците од овие студии, може да им помогне на работодавците не само да бидат конкурентни туку и да бидат посакувани од кандидатите.

HR стратегии базирани на податоци за успешност во економијата на Северна Македонија за 2024 година

HR стратегиите базирани на податоци се особено важни за адресирање на предизвиците на пазарот во Северна Македонија во 2024 година. Искористување на предиктивна аналитика за придобивање на таленти, анализа на задржувањето, програми за развој на вештини, иницијативи за разнообразност, планирање на работната снага, управување со перформансите, добробит на вработените и користење на HR технологија може да ја подобри приспособливоста на работната снага и да ги задоволи еволуирачките потреби на индустријата.

HR стратегиите добиени од дата-податоци во Северна Македонија се критични за подготовка на организациите за приспособување на очекувањата на вработените и работните трендови кои се очекуваат во 2024 година. Ова вклучува анализирање на повратните информации, оценување на подготвеноста за remote работа, нудење на флексибилни аранжмани, обезбедување на вештини за remote работа, следење на remote продуктивноста, прилагодување на политиките, интеграција на технологијата, задржување на талентите и постојано усовршување на стратегиите за да се обезбеди флексибилна и продуктивна работна снага.

Контактирајте нѐ да научите како HR истражувањата, проценките и развојот на луѓето можат да го развијат вашиот бизнис

Автори: Марија Динева, Тим Лидер  на HR Истражувања & Бизнис Интелигенција, Assert International Бугарија и Сашо Бошевски, Претставник oд областа за Manpower SEE Северна Македонија.

Промовирани огласи »

Пронаоѓањето на вистинскиот бизнис партнер е еден од најбитните чекори во градењето на бизнисот. Тој или таа треба да ја дели вашата страст, но и да ги дополнува вашите слабости. Наоѓање на добар бизнис партнер е тешко. Многу бизнис проекти заврши во колапс поради несогласувања помеѓу партнерите. Меѓутоа, за да се постигне со високи перформанси во ум тим многу полесно отколку ако се оди сам. 

Неколку насоки и совети како да го изберете потенцијалниот бизнис партнер:

Приоритети и вредности

Секој човек има различен сет на вредности, тој го става пред своите приоритети и ги распределува да се најважни. Пред да се најде бизнис партнер, ќе треба да одлучи што е највредното за вас, она што приоритети се стави над сите други? Ова е исклучително важно да се најде партнер со заеднички јазик. Во понатамошната работа, може да имате постојат многу разлики, па дури и конфликти. 

Заедничка цел

Важен услов за добро партнерство е постоењето на една заедничка цел. Вие и вашиот партнер треба јасно да се дефинира она што ви се со цел на создавање на заедничко претпријатие, тоа ќе ви помогне да се избегне конфликт на интереси. Едноставна желба да се направи профит не може да биде заедничка цел. Партнерите можат да имаат различни идеи за профит, неговата големина, дистрибуција меѓу акционерите, итн.

Посветеност

Во заедничката операција може да влијае на продуктивноста и посветеност за да се постигне оваа цел. Ако сте подготвени да работат 12 часа на ден, и вашиот партнер во овој заеднички бизнис плаќа само 5 - 6 часа помеѓу вас може да биде конфликтна ситуација.

Пронаоѓањето потенцијални ко-основачи е првиот чекор кон формирање профитабилно партнерство, но треба детално да ги разгледате вашите опции пред да се посветите на работа со некого.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »