Промовирани огласи »

Тимот на KARIERA.mk денес го прославува својот 7-ми роденден!

KARIERA.mk е приказна за еден млад и ентузијастичен тим кој во последните 7 години работи на одлични проекти кои помагаат на општеството. Главната цел на нашето постоење е полесно интегрирање на луѓето на пазарот на труд со што истовремено успеваме да ги зацврстимe и збогатуваме тимовите на преку 5.700 компании клиенти од државата и регионот. 

Седмата година од постоењето на KARIERA.mk ја одбележавме со почеток на еден голем и доста значаен проект во јануари 2023та кој го нарековме Kariera events, преку кој во текот на годината беа организирани повеќе настани и работилници за подобрување на вештините и знаењата на вработените од голем број на одлични компании од државата. Настаните беа во целосна организација на KARIERA.mk а спикерите беа странски експерти од компании како Google, Adidas, DHL и Nike.

За нас оваа година засекогаш ќе остане запаметена по успешните работилници во полето на маркетингот и човечките ресури, на кои успеавме да имаме над 250 учесници од преку 90 компании од државата.

Ви прикажуваме неколку интересни факти за огласите од последнава година:

Најмногу огласи оваа година имало за продавачи, комерцијалисти, програмери, возачи и кувари, додека најголем интерес имало за огласи за административни работници.

Најмногу огласи објавени во 2023та биле за локација Скопје и за позицијата ПРОДАВАЧ.

KARIERA.mk во осмата година планира да се фокусира кон имплементација на AI алатки во системот на работа и да продолжи да гo следи светскиот ритам на иновации како и досега

Благодариме на довербата која постојано ја добиваме од македонските и странските компании, како и на заедницата од преку 186.000 корисници на нашата мрежа.

Во новата година очекувајте многу новитети, настани и супер енергија!

KARIERA.mk, 7 години посветена работа, автентичност и љубов! 

Промовирани огласи »

Струјата нема да поскапи, ниту по 1 јануари, рече денеска министерот за економија. Според него, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе може да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба.

Бектеши информира дека постапката за избор е почната и кон почетокот на наредната година ќе има нов универзален снабдувач.

Никако нема да има повисока цена на струјата, имајќи предевид дека тоа е предвидено со Законот за енергетика. РКЕ согласно законското решение има обврска да направи надзор и да утврди дали се пресметките направени како што треба. Со последните измени на Законот за енергетика граѓаните знаат дека воведовме универзален снабдувач на кој рокот му истекува наредната година, а постапката за избор на нов е почната. Кон почетокот на наредната година ќе имаме нов универзален снабдувач, се надеваме ќе бидат со пониски маржи согласно конкуренцијата што ја имаме. Истиот тарифен систем ќе биде од 1 јануари, а надзор прави РКЕ.

Согласно став 5 од членот 10 ќе има право РКЕ да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба. Кога зборувваме за монопол, ние сами сме одлучиле да имаме регулирана цена во делот на електричната енергија со цел да ги заштитиме домаќинствата и малите потрошувачи. Спротивното ќе беше да одиме на берза и да имаме пазарни цени кои моментно се двојно повисоки од цената што ја нуди ЕСМ, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.

Како што изјави Бектеши по Самитот за женско претприемништво, моментно се прават анализи од РКЕ и надлежните институции, во делот на блоковите.

Не, цената на електричната енергија нема да се зголеми, ниту во блоковите, ниту во целина. Моментно се прават анализи од РКЕ и надлежните институции, во делот на блоковите зашто сакаме што повеќе да ги заштитме ранливите категории граѓани, нагласи Бектеши.

Промовирани огласи »

Според центарот за податоци на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), највисока плата во Европа во просек се заработува во Лихтенштајн. Станува збор за податоците за целата 2022 година, а не за просечната заработка за последниот месец, која е генерално поголема.

Работата во оваа мала земја меѓу Швајцарија и Австрија, која има помалку од 40.000 луѓе, вреди 7.046 евра месечно.

Лихтенштајн има силен финансиски сектор кој е најодговорен за неговиот висок стандард. Пред сè, станува збор за ниските стапки на корпоративниот данок на доход, кои се приближно двојно пониски од европскиот просек, поради што илјадници компании имаат седиште во Лихтенштајн, често во форма на обично поштенско сандаче. Сепак, оваа земја не е на списокот на земји означени како даночни оази. Друг извор на приход за оваа алпска земја е туризмот, пред се во зима.

Зад Лихтенштајн е уште една алпска земја - Швајцарија со просечна плата од 5.522 евра. Како и Лихтенштајн, Швајцарија има пониски даночни стапки и развиен зимски туризам, но Швајцарија исто така го има најсилниот туристички сектор во светот и степен на приватност за клиентите што го има ниту една друга земја.

На трето место е Данска со 4.149 евра, потоа Луксембург со 3.699, Норвешка 3.386, Исланд 3.377 евра и Сан Марино 3.237, додека Ирска е последна земја на листата со просечна плата поголема од 3.000 евра и изнесува 3.086.

Во најголемата земја и најсилната економија на Европската унија, Германија, просечната плата е 2.831 евро.

Во земјите кои произлегоа од Југославија, највисоката плата е 1.442 евра во Словенија. Следат Хрватска со 1.163, Црна Гора (800), Србија (714), Босна и Херцеговина (652) и Северна Македонија (557).

Помеѓу останатите земји во регионот, Романија предничи со 924 евра, потоа Бугарија со 822 и Албанија со 507. На дното на Европа се земјите во кои претежно се водат војни или безбедносната и политичката ситуација е нестабилна, така што во Украина е 306 евра. Во Белорусија е 483, додека просечната плата во Русија е 588 евра.

Промовирани огласи »

Популарната алатка Google Maps неодамна ја промени својата палета на бои, што предизвика многу реакции кај корисниците ширум светот. Повеќето коментари го одразуваат незадоволството од оваа промена. 

Поранешните јасни и светли бои на патиштата, како жолтата, беа заменети со сиви и пригушени тонови, што доведе до општо незадоволство кај корисниците.

Коментарите од типот „Жолтите патишта беа толку добри, и сè беше светло и весело. Сега е депресивно и тешко да се видат патиштата кога не се целосно зумирани“ го сумираат општото чувство. Корисниците сметаат дека новите тонови се помалку впечатливи и потешки за навигација, што ја прави мапата потешка за користење.

Дискусиите на социјалните мрежи како Редит и Твитер дополнително го истакнуваат незадоволството од промените. И покрај напорите на Google да го подобри и освежи изгледот на својата популарна апликација, корисниците се сомневаат во мотивите за промените и дали компанијата ќе ги земе предвид нивните повратни информации.

Останува да видиме како Google ќе одговори на оваа критика и дали ќе има враќање на стариот дизајн или ќе се задржи новиот визуелен идентитет на Google Maps.

Google Maps widely rolling out new color palette pic.twitter.com/dZBT5cuPuo

— Abhishek Singh (@AbhishekMarkets) November 19, 2023
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »