По повод 100-годишнина, престижниот Форбс ја објави листа на 100 најголеми деловни умови на модерното време. Таа вклучува претприемачи и бизнисмени од различни индустрии, вклучувајќи технологија, мода и забава.
Имињата не се наредени хиерархиски, туку по азбучен ред.
Очекувано на листата го гледаме основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, креаторот на Фејсбук, Марк Цукерберг, извршниот директор на Тесла и SpaceX Елон Муск (на сликата).
Исто така го има и шефот на Амазон, Џеф Безос, и британскиот милијардер Ричард Бренсон. Легендарниот инвеститор Ворен Бафет исто така не е пропуштен.
На листата се наоѓа модниот шеф Џорџо Армани, како и Боно од У2 и раперот Шон Кумбс, познат како Пи Диди.
Меѓу дамите ги гледаме Фејсбук режисерката Шерил Сандберг, модната икона Дајан фон Фурстенберг, телевизиски продуцент Шонда Реимс, и основач на "Спакс", Сара Блеки.
Целата листа на 100 најголеми деловни умови може да ја видите тука.