Промовирани огласи »

Владата објави дека повторно ќе го субвенционира зголемувањето на платите во приватниот сектор, како антикризна мерка, но овој пат опсегот на субвенционирање ќе биде за зголемувања од 3.000 до 10.000 денари за работниците од страна на работодавачите.

Ова ќе важи само за тие што имаат плата најголема до една и пол просечна во последните три месеци.

За зголемениот износ се плаќа само данок на личен доход, а се ослободува за тој дел од плаќање на придонеси, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Мерката ќе трае во наредните 12 месеци. Претходната мерка за субвенционирање на зголемениот износ на плати од страна на Владата заврши лани и важеше за зголемување на платите дополнително до 6.000 денари.

Промовирани огласи »

Како дел од деветтиот пакет антикризни мерки кој Владата го усогласи на денешната седница, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи посочи дека ќе се субвенционира приватниот сектор, со можност за зголемување на платите од 3.000 до 10.000 денари.

За разлика од претходното законско решение, со кое имаше можност за зголемување на платите во приватниот сектор од 600 до 6.000 денари, Битиќи вели дека новата мерка има неколку ограничувања, но со можност за зголемување на платите од 3.000 до 10.000 денари, а за зголемениот износ на платата работодавачот ќе плаќа само данок на личен доход, а ќе биде ослободен од плаќање придонеси.

Битиќи смета дека оваа мерка директно ќе влијае на намалувањето на неформалната економија и како што рече, дел е од активностите од стратегијата на неформална економија.

Ограничувањето е дека оваа мерка можат да ја користат сите вработеникои  имаат плата до една и пол просечна плата исплатена последните три месеци. Тоа значи дека доколку во декември, ноември и октомври, просечната исплатена плата на вработен не е поголема од една и пол просечна плата, можат да ја искористат мерката во наредните 12 месеци за зголемување во износ од 3.000 до 10.000 денари, кој ќе се договорат со работодавачот. Притоа ослободувањето го добиваат истиот нареден период, рече Битиќи на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во одговор на новинарско прашање посочи дека како поддршка на ученичкиот стандард, Владата ќе субвенционира 105 000 ученици од основно и средно училиште. Министерот појаснува дека со по 1200 денари ќе се субвенционираат учениците од основно училиште, доколку пак учениците од средно училиште со 1800 денари.

Бесими вели финансиската поддршка се однесува за учениците од ранливите категории на семејства, особено за оние кои се од семејства со ниски примања до две минимални плати, односно 50.000 денари вкупен износ на месечни приходи.

Со ова се дава дополнителна поддршка во овие услови на криза и мерката ќе се примени во текот на оваа година, од декември и во текот на наредната година, пет месеци. Тоа значи мерката ќе трае од декември до мај, рече Бесими.

Слична мерка е наменета за транспортот на студентите, додава Бесими, и таа се однесува во периодот до јуни месец, затоа што како што рече, студентите имаат обврски и во текот на јуни.     

Со деветтиот пакет антикризни мерки, исто така ќе бидат опфатени 105.000 ученици, кои ќе бидат субвенционирани. 

Промовирани огласи »

Jавниот превоз утре, среда (29.11.2023 год) и в четврток (30.11.2023 год), поради одржување на Министерскиот совет на ОБСЕ, ќе функционира со изменет режим од вообичаениот, а продажните места на ЈСП ќе имаат изменето работно време од редовното.

Од ЈСП информираат дека во петок (1.12.2023 год) јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, а истото се однесува и на билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје.

Жичарницата сите денови ќе функционира вообичаено, од 10 до 17 часот.

Утре, среда автобусите ќе возат вообичаено, согласно со важечкиот возен ред (делничен зимен), а во четврток (30.11.2023 год) ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Почнувајќи од утре, среда (29.11.2023 год) од 13 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на ОБСЕ в четврток (30.11.2023 год), линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118 ќе сообраќаат по изменети траси.

Траси на движење

Линии 8 и 15А

– од мост „Гоце Делчев“ наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Линии 7, 15, 19, 26, 29 и 59

– наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Линии 18, 21А и 118

– од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Утре, среда (29.11.2023 год) сите билетарници и центри за персонализаација на ЈСП Скопје ќе работат од 6.30 до 13 часот, а в четврток (30.11.2023 год) за сите ќе биде неработен ден.

Промовирани огласи »

Премиерот Димитар Ковачевски како прва мерка од деветиот антикризен пакет најави пари за секој ученик и ваучер за превоз за секој студент што живее надвор од местото на студирање.

Над 105.000 основци и средношколци во наредните шест месеци ќе добиваат по 1.200, односно 1.800 денари секој месец, за што ќе се одвојат 14,3 милиони евра 

Околу 15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање ќе добијат ваучер за превоз. Во наредните седум месеци ќе добиваат ваучери во вредност од 600 до 1.200 денари за што се предвидени 2 милиони евра

Станува збор за ученици и студенти кои доаѓаат од семејства со помал вкупен приход од 50.000 денари.

Севкупниот пакет со 26 мерки треба да вреди 662 милиони евра, најави Ковачевски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »