Промовирани огласи »

Како дел од деветтиот пакет антикризни мерки кој Владата го усогласи на денешната седница, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи посочи дека ќе се субвенционира приватниот сектор, со можност за зголемување на платите од 3.000 до 10.000 денари.

За разлика од претходното законско решение, со кое имаше можност за зголемување на платите во приватниот сектор од 600 до 6.000 денари, Битиќи вели дека новата мерка има неколку ограничувања, но со можност за зголемување на платите од 3.000 до 10.000 денари, а за зголемениот износ на платата работодавачот ќе плаќа само данок на личен доход, а ќе биде ослободен од плаќање придонеси.

Битиќи смета дека оваа мерка директно ќе влијае на намалувањето на неформалната економија и како што рече, дел е од активностите од стратегијата на неформална економија.

Ограничувањето е дека оваа мерка можат да ја користат сите вработеникои  имаат плата до една и пол просечна плата исплатена последните три месеци. Тоа значи дека доколку во декември, ноември и октомври, просечната исплатена плата на вработен не е поголема од една и пол просечна плата, можат да ја искористат мерката во наредните 12 месеци за зголемување во износ од 3.000 до 10.000 денари, кој ќе се договорат со работодавачот. Притоа ослободувањето го добиваат истиот нареден период, рече Битиќи на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во одговор на новинарско прашање посочи дека како поддршка на ученичкиот стандард, Владата ќе субвенционира 105 000 ученици од основно и средно училиште. Министерот појаснува дека со по 1200 денари ќе се субвенционираат учениците од основно училиште, доколку пак учениците од средно училиште со 1800 денари.

Бесими вели финансиската поддршка се однесува за учениците од ранливите категории на семејства, особено за оние кои се од семејства со ниски примања до две минимални плати, односно 50.000 денари вкупен износ на месечни приходи.

Со ова се дава дополнителна поддршка во овие услови на криза и мерката ќе се примени во текот на оваа година, од декември и во текот на наредната година, пет месеци. Тоа значи мерката ќе трае од декември до мај, рече Бесими.

Слична мерка е наменета за транспортот на студентите, додава Бесими, и таа се однесува во периодот до јуни месец, затоа што како што рече, студентите имаат обврски и во текот на јуни.     

Со деветтиот пакет антикризни мерки, исто така ќе бидат опфатени 105.000 ученици, кои ќе бидат субвенционирани. 

Промовирани огласи »

Jавниот превоз утре, среда (29.11.2023 год) и в четврток (30.11.2023 год), поради одржување на Министерскиот совет на ОБСЕ, ќе функционира со изменет режим од вообичаениот, а продажните места на ЈСП ќе имаат изменето работно време од редовното.

Од ЈСП информираат дека во петок (1.12.2023 год) јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, а истото се однесува и на билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје.

Жичарницата сите денови ќе функционира вообичаено, од 10 до 17 часот.

Утре, среда автобусите ќе возат вообичаено, согласно со важечкиот возен ред (делничен зимен), а во четврток (30.11.2023 год) ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Почнувајќи од утре, среда (29.11.2023 год) од 13 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на ОБСЕ в четврток (30.11.2023 год), линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118 ќе сообраќаат по изменети траси.

Траси на движење

Линии 8 и 15А

– од мост „Гоце Делчев“ наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Линии 7, 15, 19, 26, 29 и 59

– наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Линии 18, 21А и 118

– од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта

Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Утре, среда (29.11.2023 год) сите билетарници и центри за персонализаација на ЈСП Скопје ќе работат од 6.30 до 13 часот, а в четврток (30.11.2023 год) за сите ќе биде неработен ден.

Промовирани огласи »

Премиерот Димитар Ковачевски како прва мерка од деветиот антикризен пакет најави пари за секој ученик и ваучер за превоз за секој студент што живее надвор од местото на студирање.

Над 105.000 основци и средношколци во наредните шест месеци ќе добиваат по 1.200, односно 1.800 денари секој месец, за што ќе се одвојат 14,3 милиони евра 

Околу 15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање ќе добијат ваучер за превоз. Во наредните седум месеци ќе добиваат ваучери во вредност од 600 до 1.200 денари за што се предвидени 2 милиони евра

Станува збор за ученици и студенти кои доаѓаат од семејства со помал вкупен приход од 50.000 денари.

Севкупниот пакет со 26 мерки треба да вреди 662 милиони евра, најави Ковачевски.

Промовирани огласи »

Светот постојано се менува. Веќе не мора да работите од девет до пет, а канцелариите се попразни благодарение на промената на работа дома.

Понекогаш, можеме да ги предвидиме трендовите, како што е порастот на вештачката интелигенција. Но инстантни состојби и промени се случуваат неочекувано изминативе години - како што е префрлањето на работа на далечина поради Ковид-19. Значи, што можат да очекуваат работниците во 2024 година?

Во продолжение неколку најавени измени кои се очекуваат да се случат во новата 2024 година низ светот:

Права за бременост

Оваа година, Законот за заштита (бременост и семејно отсуство) се продолжи со измени и дополнувања на заштитата од технолошки вишок за идните мајки и новите родители во Велика Британија. Мерките ќе важат и за работниците на отсуство за посвојување и заедничко родителско отсуство, што практично ќе ги спречи да бидат првите кои ќе бидат отпуштени по враќањето на работа. Потребни се дополнителни регулативи од владата за да се утврди како ќе се спроведува законот - и тие се очекува да стапат на сила околу април 2024 година.

Четиридневна недела

Флексибилното работење станува норма за многумина и оваа година, најголемиот светски пробен период од четиридневна недела заврши со позитивни резултати. Од 61 компанија што влегоа во шестмесечниот пробен период, 56 одлучија да продолжат со новата шема на работа, а 18 ја направија постојана во САД и Канада.

Употреба на вештачка интелигенција

Некои се загрижени дека брзиот пораст на вештачката интелигенција ќе резултира со тоа што луѓето ќе ги загубат своите работни места поради роботи. Други велат дека автоматизацијата ќе нè ослободи од секојдневните администраторски задачи кои одземаат многу време. Она што го знаеме е дека генеративните алатки за вештачка интелигенција ќе станат почести на работните места.

Враќање во канцеларија наспроти флексибилно работење

Некои организации стојат цврсто во нивниот чекор кон далечинско или хибридно работење во Велика британија. И оваа година, Предлог-законот за работни односи (флексибилна работа) доби кралска согласност. Тоа значи дека од пролетта 2025 година, вработените ќе можат да поднесат две флексибилни работни барања во секој 12-месечен период, а работодавачите мора да одговорат на барањето во рок од два месеци.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »