Оваа среда (13.12.2023) ќе се одржи шестото издание на конференцијата „Жени претпримачки“ која на едно место ќе ги собере некои од најуспешните бизнис жени во нашата земја. Во рамки на настанот ќе се доделат и наградите од изборот „Жена на годината 2023“ (www.zenanagodinata.mk).
Конференцискиот дел на настанот, покрај со вообичаената забавна компонента, ќе биде исполнет и со предавања на неколку еминентни говорници кои ќе зборуваат на различни теми.
Овогодишни говорници на конференцијата се: Магдалена Христова - директор на финансискиот оддел на Пивара Скопје; Лулзим Адили Луи - сертифициран обучувач за лидерство, говорник и коуч; Мери Шешо Најденовска - oперативна директорка на Monks Agency; Наташа Поповиќ - директорка на НУ Охридско лето, како и Моника Ризовска од Ways2Help.
После конференцискиот дел, ќе следува церемонијата на доделување признанија за победничките во овогодишниот избор за „Жена на годината“ во вкупно 10 категории.
За годинешното издание е забележан рекорден број на онлајн номинации, вкупно 799. Од нив беше формирана листа на финалистки (по 5 во секоја категорија), за кои потоа гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции, организатори и соработници.
Овогодишни покровители на настанот се: Пивара Скопје, Империјал Тобако, А1, Халкбанк, КБ Прво пензиско друштво, KARIERA.mk, Фабу, Мартимекс, Версаче, Тиквеш, ФитКит, Инекс Олгица, Енерџи Студио, Бизнис Академија Смилевски, Пакомак, Музејот на македонската борба за независност и други.