Промовирани огласи »

Повеќе од 11.000 македонски државјани аплицирале за бугарски пасош од 2020 до ноември 2023 година. 

Има двојно зголемување на барањата за добивање бугарско државјанство во последните 3 години, покажуваат податоците на бугарското Министерство за правда.

Во 2020 година се поднесени 11.447 барања, во 2021 година – 20.094, а лани 20.825. Само годинава до 24 ноември се поднесени 23.439 барања. Во овој период се поднесени вкупно 75.805 барања за државјанство, објави бугарски „БГНЕС“. Најмногу барање поднеле македонски државјани.

„Во 2020 година бројот на македонски државјани кои поднеле барање за добивање на бугарско државјанство бил 2.551, во 2021 година – 3.428, во 2022 година – 2.051, а од почетокот на оваа година до 24 ноември овој број изнесува 2.990 лица“, стои во објавениот текст на бугарскиот медиум.

На второ место се Украинците. Најголем скок има кај граѓаните на Турција кои аплицирале за бугарско државјанство. Македонските граѓани од економски причини бараат бугарски пасоши, со цел да заминат да работат на Запад. Бугарија често говори за 120.000 Бугари во земјава, односно за Македонците со бугарски пасоши. 

Промовирани огласи »

Кога Меркур е ретрограден во Јарец, може да има комуникациски предизвици. Може да забележите дека е потешко да ги изразите своите мисли или дека има недоразбирања кога комуницирате со другите. Исто така, може да има одложувања или проблеми со планирањето на проекти. Јарецот ја нагласува потребата од структура и организација, па ова може да биде време кога е важно внимателно да планирате и да ги проверите деталите.

Ретроградниот Меркур во Јарец, исто така, може да ве поттикне да погледнете наназад и да ги преиспитате вашите долгорочни цели, деловни планови или односи.

Важно е да имате трпение и флексибилност во овој период бидејќи ретроградниот Меркур обично носи предизвици, но и можност за интроспекција и подобрување на начинот на кој комуницираме и планираме.

Овој ретрограден Меркур најмногу ќе влијае на Јарците, Вагите, Раковите и Овенот. Исто така, Девиците ќе бидат целосно обожавани бидејќи оваа планета е нивниот владетел.

ЈАРЕЦ

Како знак кој сè планира и сè завршува на време, тешко ќе го поднесете влијанието на ретроградниот Меркур бидејќи по Нова година ќе мора да оставите одредени планови зад себе. Ретроградниот Меркур ви носи одложување на деловните планови и патувања.

ВАГА

Ретроградниот Меркур ќе го погоди вашиот дом и семеен сектор. Затоа подгответе се за неповолни решенија во однос на станот, а исто така не е поволен период од годината за инвестирање во недвижности и промена на кариерата.

РАК

Ретро Меркур ви носи криза во бракот или деловното партнерство. Ќе имате проблеми во комуникацијата кои ќе станат поизразени кон крајот на годината.

ОВЕН

Сите планови за кариера, како и вашите амбиции, лесно можат да паднат во вода бидејќи ќе бидат возможни дури во втората половина на јануари 2024 година.

Промовирани огласи »

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.Една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Моментално вработува:

АНАЛИТИЧАР НА ЦЕНИ НА ПАЗАР
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / СКОПЈЕ
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

Се уште невработени?! Сите останати актвини работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Не секој може да ја избере најдобрата работна понуда. Затоа, доколку имате повеќе понуди за разгледување бидете смирени и насмејте се. Тоа значи дека сте барани и дека вашето искуство е потребно. Најдобар начин да ја изберете најдобрата понуда за работа е прво да ги видете вашите приоритети и да одлучите што точно барате, дали голема плата, добар углед на компанијата или луѓето со кои ќе работите.

За да ви бидат полесни работите, еве неколку совети кои можат да ви помогнат да го изберете најдоброто меѓу многуте понуди за работа:

  • Дознајте повеќе за компанијата

Сигурно веќе  сте истражувањувале за компанијата пред да присуствувате на интервјуто. Прочитајте повеќе за компанијата. Во денешно време повеќето од фирмите имаат свои веб-страници кои имаат детални информации за нивното минато, сегашност и иднина. Разгледајте ги различните аспекти на компанијата и ако имате конкретни прашања за компанијата, обидете се да ги најдете.

  • Разгледајте добро како изгледа канцеларијата

Сигурно канцеларијата ви оставила некој впечаток кога прв пат отидовте таму на интервју.  Дали имаше доволно дисциплина и дали чувствувавте дека луѓето таму работат страсно и ентузијастички? Затворете ги очите и замислете дека работите во таа канцеларија. Ако ви се допаѓа она што го визуелизирате, тогаш можеби тоа е работата за вас.

  • Споредете ги поволностите и платите

Компаниите функционират поинаку кога станува збор за платата и другите поволности. Проучете ја внимателно понудата и видете какви поволности и придобивки ги нуди секоја компанија. Погледнете ги сите дополнителни бенефиции што можеби ги даваат. Ваквата споредба е корисна при изборот на најдобрата понуда за работа.

  • Балансот помеѓу работата и приватниот животот

Најважниот аспект на една компанија е балансот помеѓу работата и приватниот животот што го нуди. Работа која е стресна и не ви дозволува да посветувате време на семејството и најблиските не вреди да ја прифатете дури и ако ќе заработувате повеќе. Можеби ќе сакате да прифатете таква работа поради платата, но со текот на времето ќе се чувствувате стресно што можеби ќе после тоа ќе размислувате за отказ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »