Промовирани огласи »

Биткоинот е измама која на крајот ќе се самораспадне, вели шефот на Џеј Пи Морган, Џејми Димон, кој додаде дека дигиталната валута била смислена да ја користат дилери на дрога, убијци и луѓе кои живеат на места како Северна Кореја.

Во говор на банкарска конференција во Њујорк, Димон рече дека „ќе избрка од работа“ истата секунда ако некој во инвестициската банка биде откриен како тргува со биткоин.

– Поради две причини: тоа е спротивно на нашите правила и затоа што се глупави. И двете нешта се опасни.

Тој додаде: Валутата нема да профункционира. Не можете да водите бизнис каде луѓето ќе смислат валута од никаде и да мислите дека оние кои ја купуваат се баш умни. Ако сте во Венецуела, Еквадор или во Северна Кореја или на многу слични места, или ако сте дилер со дрога, убиец, нешто слично, тогаш е подобро да работите со биткоин отколку со американскиот долар.

– Можно е да постои пазар за тоа, ама тоа ќе биде ограничен пазар.

Биткоинот е виртуелна валута, која се појави како последица на финансиската криза. Таа им овозможува на луѓето да ги одминуваат банките и традиционалните процеси на плаќања за стоки и услуги. Банките и други финансиски институции се загрижени заради првичната асоцијација на биткоинот со перење на пари и со онлајн криминалот.

Вредноста на валутата се зголеми за повеќе од четири пати од минатиот декември и достигна повеќе од 4.100 долари, иако не е поддржана од ниту една влада. Валутата падна за четири проценти по коментарите на Димон.

– Ова е полошо од балонот со лалиња, рече Димон, асоцирајќи на прочуеното надувување на пазарот од 17 век. Тој предвидува големи загуби за оние кои инвестирале во биткоинот.

– Не ме прташувајте кога тоа ќе се случи. Тоа може да достигне вредност и до 20.000 долари, но на крајот ќе се распадне. Искрено, шокиран сум од фактот што никој не гледа што е ова всушност, рече Димон.

Сепак, банкарот откри дека неговата ќерка купила биткоин. „Се реши на тоа и сега мисли дека е генијалка“.

Критиките на Димон за валутата се совпадна со предупредувањето од британскиот финансиски регулатор против шпекулативното лудило во врска со иницијалната понуда на валутата (ИКО) во криптовалути како што е биткоинот. ФЦА објави дека секој оној кој инвестира во ИКО треба да биде подготвен дека ќе ги загуби вложените пари. ИКО се многу ризични, шпекулативни инвестиции, рече тој.

– Треба да бидете свесни за ризиците кои доаѓаат со тоа… и подгтовени да го загубите целиот влог, посочи Димон.

ИКО се смислени со цел за собирање средства за стартапи на интернет. Наместо да се собираат пари од јавноста во фунти, евра или долари, инвеститорите во ИКО плаќаат во криптовалути. За возврат, им се издава „монета“ или „токен“ со вредност но само во рамките на нивната фирма.

МИА, извор: Гардијан – Лондон

Промовирани огласи »

До 2021 година роботите ќе ги преземат дел од работите кои сега ги вршат луѓето. 

Во 2027 година камионите нема да имаат возачи. 

Во 2031 година во продажба ќе работат роботи. 

За 45 години роботите подобро ќе ја обавуваат работата од луѓето. 

Се смета дека роботите ќе бидат инфериорни во многу други работи, и луѓето мора да се прилагодат на промени. 

Промовирани огласи »

Угледниот магазин Форбс десет пати ја бираше германската канцеларка, Ангела Меркел за најмоќна жена на светот. 

Ја нарекуваа железна дама, а Германците ја викаат „Мути“ што значи мама. 

Ангела Доротеа Меркел е родена на 17 јули 1954 година во Хамбург. Таа им три години помлад брат од неа, Маркус и десет години помлада сестра Ирена. 

Таткото на Меркел, Хорст бил свештеник, а мајката на канцеларката Херлинд била наставничка по англиски, италијански и латински јазик. 

Меркел како мала сакала да биде професорка по руски јазик, а одлично се снаоѓала со природните науки на училиште. 

Во текот на студирањето во Лајпциг од 1973 до 1978 година заработувала џепарлак така што работела како келнерка во дискотека. 

Зад себе има два брака. Првиот го склучила во 1977 година, а се развела во 1982 година, но презимето од сопругот го задржала. 

Во 1998 година склучува брак со Јаоким Зауер кој е нејзин бивш професор. Во јавноста ретко се заедно, а на одмор одат во Шпанија или Италија. 

Меркел сака пиво, сака да готви и да планинари. Канцеларката готви за синовите и внуците на својот сопруг. 

Спие по пет часа дневно, а омилен филм на Меркел е „Моја Африка“ со Роберт Ретфорд. 

Промовирани огласи »

ЕВН од денеска ќе започне со усогласување на броилата за евтина тарифа на струјата и се очекува до октомври, кога почнува грејната сезона 800.000 семејства да добијат евтина струја.

За оваа година може да очекувате намалување на цената на електричната енергија. За долгорочно тоа зависи од глобаниот пазар на електрична енергија. Мора да се одлучува година по година, изјави во Охрид Штефан Петер претседател на Управниот одбор на „ЕВН“, во врска со одлуката на Владата за враќање на евтината тарфија на струјата за домаќинствата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »