Промовирани огласи »

До 2021 година роботите ќе ги преземат дел од работите кои сега ги вршат луѓето. 

Во 2027 година камионите нема да имаат возачи. 

Во 2031 година во продажба ќе работат роботи. 

За 45 години роботите подобро ќе ја обавуваат работата од луѓето. 

Се смета дека роботите ќе бидат инфериорни во многу други работи, и луѓето мора да се прилагодат на промени. 

Промовирани огласи »

Угледниот магазин Форбс десет пати ја бираше германската канцеларка, Ангела Меркел за најмоќна жена на светот. 

Ја нарекуваа железна дама, а Германците ја викаат „Мути“ што значи мама. 

Ангела Доротеа Меркел е родена на 17 јули 1954 година во Хамбург. Таа им три години помлад брат од неа, Маркус и десет години помлада сестра Ирена. 

Таткото на Меркел, Хорст бил свештеник, а мајката на канцеларката Херлинд била наставничка по англиски, италијански и латински јазик. 

Меркел како мала сакала да биде професорка по руски јазик, а одлично се снаоѓала со природните науки на училиште. 

Во текот на студирањето во Лајпциг од 1973 до 1978 година заработувала џепарлак така што работела како келнерка во дискотека. 

Зад себе има два брака. Првиот го склучила во 1977 година, а се развела во 1982 година, но презимето од сопругот го задржала. 

Во 1998 година склучува брак со Јаоким Зауер кој е нејзин бивш професор. Во јавноста ретко се заедно, а на одмор одат во Шпанија или Италија. 

Меркел сака пиво, сака да готви и да планинари. Канцеларката готви за синовите и внуците на својот сопруг. 

Спие по пет часа дневно, а омилен филм на Меркел е „Моја Африка“ со Роберт Ретфорд. 

Промовирани огласи »

ЕВН од денеска ќе започне со усогласување на броилата за евтина тарифа на струјата и се очекува до октомври, кога почнува грејната сезона 800.000 семејства да добијат евтина струја.

За оваа година може да очекувате намалување на цената на електричната енергија. За долгорочно тоа зависи од глобаниот пазар на електрична енергија. Мора да се одлучува година по година, изјави во Охрид Штефан Петер претседател на Управниот одбор на „ЕВН“, во врска со одлуката на Владата за враќање на евтината тарфија на струјата за домаќинствата.

Промовирани огласи »

Македонците се меѓу последните во Европа по времетраење на работниот живот. Во нашата држава работниот век трае 31 година додека просекот во рамките на Европската Унија е 35,6 години, покажуваат податоците на Евростат, европската статистичка служба. Според статистиката, македонските мажи работат дури 13 години повеќе од жените, односно просечниот работен живот на мажите изнесува 37,2 години, а на жените само 24,4 години.

Статистичкиот показател „времетраење на работниот век“ го мери бројот на години што едно лице на возраст над 15 години може да очекува да биде активно на пазарот на трудот, било вработено или невработено, во текот на животот.

Според овој показател, во европски рамки, статистиката разликува три главни групи на земји, плус по една држава која се издвојува на секоја страна од спектарот, Исланд е осамен на врвот, а Турција е закована на дното. Првата група ја сочинуваат земјите со низок ранг (под 35 години работен век) и во неа се Белгија, Луксембург, Италија, Малта, Полска, Словачка, Унгарија, Италија, Словенија, Хрватска, Романија, Бугарија, Македонија и Грција. Втората група земји каде што работниот век е од 35 до 39,9 години ги вклучува Португалија, Шпанија, Кипар, Франција, Германија, Австрија, Чешка, Ирска, Велика Британија, Финска, Естонија, Латвија, Литванија и Норвешка. Понатаму на скалата се Шведска, Данска, Холандија и Швајцарија, кои ја чинат третата група, со очекуван работен век од 40 до 44,9 години.

На врвот, Исланѓаните се недостижни за останатите европски нации. На далечниот северен остров просечниот работен век изнесува 47,4 години. Сосема на спротивниот крај на скалата е Турција, каде луѓето просечно работат по 28,5 години.

Во последните десет години, очекуваниот животен век со ЕУ се зголемува за 1,8 години во 2016 година. Работниот век на жените во ЕУ во периодот 2006- 2016 година се зголеми од 30,6 години на 33,1 години. Очекуваниот животен век на мажите се зголемува 1,1 година од 38 години во 2006 година на 39,1 години во 2016 година, забележува Еуростат.

Меѓу жените во ЕУ, најдолг работен век имаат Швеѓанките 40,3 години, а кај мажите Холанѓаните 42,5 години. Апсолутни шампиони во Европа се исландските мажи и жени, чиј работен век е долг 49,7 години, односно 45,1 години.

Извор - Фактор

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »