За компанијата: Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)
Mellon Group е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Mellon Group е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 8.000 вработени во 11 земји.
Мелон Солушнс Дооел, како дел од Mellon Group, продолжува со успешната соработка со Македонски Телеком АД Скопје и со цел зголемување на продажниот тим има потреба од:
Телефонски оператори – скратено работно време
Профил на работната позиција:
- Телефонска комуникација со постоечки и потенцијални клиенти преку влезни повици;
- Активна телефонска продажба на производи и услуги од портфолиото на Македонски Телеком АД Скопје;
- Повремено обезбедување на техничка поддршка за корисници;
- Високо квалитетна услуга преку следење на специфични процедури за работа
Профил на кандидатот:
- Завршено минимум средно образование;
- Основно познавање на MS Office;
- Одлични комуникациски вештини, eлоквентност и дикција;
- Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
- Општи познавања од областа на техничката опрема, телефони, искуство во техничка поддршка или во контакт центар ќе се сметаат за предност.
Услови:
- Скратено работно време – 20 часа неделно;
- Работната позиција подразбира работа од канцеларија;
- Право на бонус согласно постигнати резултати.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите предвидени во Законот за работни односи. Мелон Солушнс Дооел го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Слични огласи »