Оние кои ќе одбијат работа во Германија повеќе нема да добиваат помош во форма на граѓански надомест, изјави германскиот министер за труд Хубертус Хајл.
Според неговиот план, на секој што целосно ќе одбие работа ќе му бидат укинати бенефициите до два месеци, но државата ќе продолжи да им плаќа за домување за да го спречи бездомништвото.
Планираната регулатива е насочена кон оние кои неразумно и самоволно одбиваат да прифатат разумно работно место што им се нуди. Регулативата ќе биде во согласност со пресудата на Сојузниот уставен суд за парични санкции против граѓаните - соопштуваат од Министерството, а пренесува списанието Феникс.
Се укинува и граѓанскиот додаток, но останува основната идеја за подобро вклучување на луѓето на пазарот на труд преку обука. Надоместокот за обука и додатокот за дополнителна обука ќе продолжи да им се исплаќа на учесниците на курсевите за стручна обука. Секој кој започнал подобна мерка ќе го добие бонусот додека не ја напушти или заврши мерката.
Германската федерална влада сака да го одобри ова ново правило до 2 јануари, а потоа треба да се примени што е можно поскоро.
Оние кои нема да се согласат ќе мора да се соочат со потешки последици. Како министер за труд знам едно - Германија е земја на вредни луѓе. Секој ден гледам луѓе кои се борат да го одржат општеството заедно. Но, некои луѓе сè уште зависат од државата, бидејќи потребата за помош може да влијае на секого, без разлика дали поради болест, невработеност или други околности и за нив е точно дека секогаш можат да се потпрат на социјалната држава - рече министерот Хубертус Хајл.