Промовирани огласи »

Се прогнозира дека глобалниот државен долг во 2023 ќе достигне 97,1 трилиони долари, што е за 40 отсто зголемување од 2019 година.

Повеќе од една третина од светскиот долг отпаѓа на САД, кои должат 33,2 трилиони долари. Со оглед на постојаното зголемување на должничкиот товар, трошоците за сервисирање на тој долг сега сочинуваат 20 отсто од трошоците на американската влада. Се предвидува дека годишните расходи за камати ќе достигнат 1 трилион долари до 2028 година, надминувајќи ги вкупните трошоци за одбрана.

Третата по големина светска економија, Јапонија, има една од највисоките стапки на долг во однос на БДП, од 255 проценти. Во текот на изминатите две децении, националниот долг на Јапонија далеку надмина 100 отсто од нејзиниот БДП, поттикнат од стареењето на населението и трошоците за социјално осигурување.

Северна Америка е најголемиот регионален должник

Северна Америка има највисок долг во апсолутна вредност, како и сооднос на долг кон БДП во споредба со другите региони. Како што американскиот долг вртоглаво порасна, така се зголеми и долгот на Канада, десеттиот по големина должник во светот.

Долгот на азиско-пацифичкиот регион е на ниво на долгот на Северна Америка, а најголеми должници се Кина и Јапонија.

Европа учествува со нешто повеќе од 20 отсто од светскиот долг. На ниво на ЕУ, јавниот долг изразен како дел од БДП минатата година изнесуваше 83,5 отсто.

Европа е многу задолжена, предничат медитеранските земји

Долгот на членките на еврозоната лани изнесуваше 91,4 отсто од БДП. Во својата најнова прогноза, Европската централна банка очекува долгот да падне на 89 отсто од БДП на крајот на 2023. Нивото на долгот е значително над максималната граница од 60 отсто од БДП, утврдена во таканаречениот Пакт за стабилност и раст на ЕУ. Единаесет земји-членки имаат долг над лимитот од 60 проценти.

Најзадолжени земји се Грција со 168 отсто од БДП и Италија со 144 отсто. Следуваат Португалија, Франција и Шпанија, со долг повисок од БДП за околу 12 проценти. Високите каматни стапки, кои го зголемуваат износот на долгот, сега со сета сила ги погодуваат министрите за финансии и буџетите на нивните земји.

Германија доста добро се држи до 66 отсто од БДП, но доживува значителен пораст на трошоците за сервисирање на долгот.

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер неодамна објави дека финансирањето на отплатата на долгот ќе чини 40 милијарди евра оваа година. Лани беше само четири милијарди евра, а сега е десеткратно зголемен. Според Министерството за финансии во Рим, Италија следната година ќе мора да одвои огромни 100 милијарди евра за рефинансирање на своите долгови.

Голем број земји во развој се на работ на банкрот

Поради силниот раст на трошоците од почетокот на 2022 година, се повеќе земји во развој се соочуваат со потешкотии во сервисирањето на државниот долг.

Земјите во развој платиле рекордни 443,5 милијарди долари за сервисирање на долговите годинава, што е за 5 отсто повеќе од 2021 година, а е последица на растот на каматните стапки во светот, покажуваат најновите податоци на Светска банка.

Трошоците за сервисирање на долгот за 24 најсиромашни земји во светот би можеле да се зголемат за дури 39 отсто во 2023 и 2024 година, се предупредува во извештајот.

Светската банка извести дека 10 земји во развој ги исполниле своите должнички обврски 18 пати во последните три години, што е повеќе од вкупниот број во претходните две децении заедно. На листата меѓу другите се и Гана, Шри Ланка и Замбија.

Должничката криза го погоди и Египет годинава, каде поради зголемените трошоци, 40 отсто од буџетските приходи во моментов одат за отплата на долгот.

Годинава 28 земји ги исполнија условите за заеми од Меѓународната асоцијација за развој на Светска банка, што е инструмент наменет за помош на најсиромашните земји во светот. Тие сега се изложени на висок ризик од должничка криза, додека 11 веќе се во неволја, се вели во извештајот.

Растот на каматните стапки и силниот американски долар влијаеја на значителното зголемување на долгот на земјите во развој. Повеќе од една третина од надворешниот долг на земјите во развој вклучува променливи каматни стапки, кои се ранливи на ненадејни флуктуации.

Промовирани огласи »

Во 2024 година македонските граѓани ќе имаат осум продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, осум или се во петок или понеделник и се поврзуваат со викендот, или пак се во недела и согласно Законот неработните денови се префрлаат во понеделник. 

Првиот продолжен викенд за сите граѓани ќе биде за време на новогодишните празници, кога неработен ден е 1 јануари, понеделник. Втор неработен ден кој се спојува со викенд е 7 јануари, Божик, кој е во недела, но се префрла како неработен ден за 8 јануари, понеделник. Граѓаните на продолжен викенд ќе празнуваат и одмараат за христијанскиот празник Велигден, кога неработен ден за сите граѓани е 6 мај, понеделник, како и за 24 Мај - Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, кој е неработен ден и е во петок.

Поврзување на празник со викенд има и на 2 Август, Денот на Републиката кој е во петок, како и за 8 Септември, Денот на Независноста, кој е во недела, но согласно Законот се префрла во понеделник. Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се поврзува со викенд, бидејќи, е во петок, како и 8 Декември „Св. Климент Охридски“ кој е во недела, но, неработен ден е понеделник 9 декември.

За сите граѓани неработни денови се и првиот ден на Рамазан Бајрам на 10 април (среда), Денот на трудот 1 мај (среда) и 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба кој исто така е во среда.

За граѓаните од православна вероисповед неработни денови се и 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (петок), Богојавление - Водици, 3 мај (петок), Велики Петок, пред Велигден, 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, и 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). 

За граѓаните од католичка вероисповед неработни денови се и 1 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, и 25 декември (среда), првиот ден на Божик.  

За граѓаните од муслиманска вероисповед, пак, неработен ден е 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. 

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

  • 1 јануари (понеделник), Нова Година, 
  • 7 јануари (недела), Божик,  првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден,
  • 10 април (среда), Рамазан Бајрам,  првиот ден на Рамазан Бајрам
  • 1 мај (среда), Ден на трудот
  • 6 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, 
  • 2 август (петок), Ден на Републиката, 
  • 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
  • 11 октомври (петок), Ден на народното востание, 
  • 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик,  
  • 19 јануари (петок), Богојавление (Водици), 
  • 3 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 
  • 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). 

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 1 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 
  • 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, 
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.  

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам 
  • За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ 
  • 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука 

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

  • 27 јануари (сабота), Свети Сава 

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

  • 08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите  

За граѓаните припадници на влашката заедница  во РСМ

  • 23 мај (четврток), Национален ден на Власите  

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

  • 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур  

За граѓаните припадници на бошњачката заедница  во РСМ

  • 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците  

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

  • 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Најголем број бракови се склучиле во август, а најмалку во ноември. Се земаат на возрасна граница 25-29, се разведуваат на возрасна граница 30-34 години

Намален е бројот на склучени бракови во 2023, но и на разводи. Според Државниот завод за статистика во земјава биле склучени вкупно 12.882 бракa, што е за 3,4 отсто помалку од претходната година, пренесе МИА.

Најмногу бракови, 1.851 се склучени во август, а најмалку во ноември, 761 брак.                  

Најчесто е стапувањето во прв брак и за жените и за мажите. Во втор брак и трет брак почесто стапувале мажите.

Најголем број бракови 4.263 кај жените и 4.721 брак кај мажите се случиле во старосната група од 25 до 29 години.

Просечната возраст, пак, при склучување на прв брак е 27,4 години за невестата и 29,9 години за младоженецот.

И бројот на разводи изминатата година бележи намалување во споредба со претходната година и изнесува 1.613 разведени брака.

Најмалку бракови, 38 во текот на годината се разведени во август, а најмногу 195 во март.

Статистиката покажува дека според возраста, најголем број на разводи 298 кај жените и 281 развод кај мажите се случиле во истата старосната група од 30 до 34 години.

Според траење на бракот, најмногу разводи 360 се случиле од пет до девет години по склучување на бракот.

Промовирани огласи »

Од 1 јануари поскапува паркингот на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Како што е објавено на официјалната веб-страница на аеродромот „Скопје“, остануваат истите цени од 100 денари за еден час, 150 денари за два часа и 200 денари за три часа.

Поскапување за 50 денари има за паркирање на аеродромот над три часа, односно од 250 на 300 денари, 400 денари ќе биде паркирање од 4 до 6 часа, 500 денари од 6 до 8 часа, а 1.000 денари место 850 денари од 8-24 часа.

За 1.000 денари поскапува паркирањето на неколку дена. Од три до пет дена паркирањето ќе чини 3.500 денари, од пет до седум дена 4.500 денари, а за секој нареден ден ќе се плаќа по 400 денари.

И понатаму останува бесплатно паркирање од 10 минути пред терминалната зграда, каде е овозможено кратко застанување за испраќање и пречекување патници. Доколку возилото се задржи повеќе од 10 минути се плаќа билет од 500 денари.

На Меѓународниот аеродром во Скопје има 1.200 обележани места за паркирање автомобили и шест обележани места за автобуси. Има вкупно 20 паркинг-места за лица со попреченост, каде користењето на паркингот е бесплатно во рок од 24 часа.

Плаќањето за паркинг услугите се врши преку автоматски машини.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »