Промовирани огласи »

Утринските мерења покажуваат дека скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа а 18-ти во светот, покажува страницата Ајкјуер.

Скопје се наоѓа во друштво на Делхи, Пакистан и Бангладеш со смртоносно висока загаденост.

ПМ-честичките се неколку дена над дозволеното. Министерката Шукова истакна дека јавните институции треба да се префрлат на еколошки систем на затоплување.

Надлежните постојано објаснуваат дека нема инстант мерки што ќе го расчистат воздухот. 

Промовирани огласи »

Растат цените на златото и среброто. Цената за килограм злато е 60.000 евра, а среброто за 10 години поскапе за 500 отсто. 

Дратично се зголеми и цената на среброто кое во моментов чини 700 евра за килограм. 

Светските експерти велат дека ако се погледнат цените на акциите на жолтиот метал,  може да се види дека при секое навестување на криза и војна се зголемува неговата вредност. Овој метал е безбедно засолниште за капиталот. Војната во Украина и онаа меѓу Хамас и Израел придонесоа за раст на цените на златото. 

Промовирани огласи »

Хрватите ќе земаат повисоки плати. Минималната плата во Хрватска се зголемува на 830 евра. 

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека од 1 јануари се на сила девет нови даночни закони, со кои минималната плата ќе се зголеми на 830 евра, јави хрватската национална телевизија ХРТ. Вели дека во 2016 година,  просечната плата во Хрватска била 749 евра, а денес просечната плата во Хрватска е 1.178 евра.

Кога почнавме, просечната пензија беше нешто над 350 евра. Денес е 550 евра. Минималната плата на почетокот на нашиот мандат беше 414 евра бруто. Од вчера изнесува 830 евра. Ова е раст од над 100 проценти на минималната плата, кажа Пленковиќ.

Србија го зголеми минималецот, а од март и Македонија ќе има повисок минималец. 

Промовирани огласи »

Синоќа мерните станици во главниот град регистрираа екстремна загаденост во Лисиче и Ректорат. Во моментов според платформата „IQAir“ Скопје се наоѓа на 22-то место во светски рамки во загаденост на воздухот, а ако ги земеме само првите градови, тогаш сме на неславното прво место.

Со индекс на квалитетот на воздух од 118, аерозагадувањето во Скопје во моментов е штетно по здравјето.

Вчера доцна попладне Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека стапуваат на сила препораките и мерките за надминат праг на алармирање на суспендирани честички ПМ 10 во Скопје.

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да:

Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот.

Препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.
Обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Владата на Република Северна Македонија:

Да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила.

Да обезбеди ограничување на работите на градежните објекти

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа:

Да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници. Да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети

Министерството за здравство:

Да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина:

Да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.
Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави:

Препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

ЕЛС се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »