Како да водите со цел во вашата компанија!
Кажете ни нешто повеќе за себе и за вашиот професионален пат, како се одлучивте за Човечки ресурси?
Може да кажам дека сигурно не се родив со желба за кариера во Човечки ресурси, едноставно се случи. Додека студирав за првпат во животот ме повикаа на интервју (за продажба) во голема компанија. Не ми се допаѓаше позицијата но ме заинтригира процесот на селекција и тимот за регрутирање. Така и одлучив да се обидам, започнав со Агенција за регрутирање, Employer brand агенција, и подоцна со Унилевер. Сè уште ја разоткривам мојата страст за Човечки ресурси бидејќи улогата на ПР расте и станува се поразнолика, а со тоа се отвараат можности за истражување и на луѓето и на бизнисите.
На Самитот за глобални трендови во ПР во Скопје, вашата презентација ќе биде за лидерство со цел, може ли да ни дадете некои информации што може да очекува публиката од вашата тема?
Ќе го споделам патот на Унилевер кон целта како специфичен дел од нашата култура. Како им помагаме на вработените да ја откријат својата цел и начините на кои може да ја остваруваат таа цел во канцеларијата и надвор од канцеларијата. Во денешно време, нашата цел е пристапот за учење и талентот, затоа што веруваме дека луѓето со цел се чувствуваат подобро, покажуваат подобри резултати и целосно го остваруваат својот потенцијал. А кога се работи за лидерите, личната цел е начин да се сплотат со тимот и да ги преточат своите лични аспирации кон остварување на бизнис влијание.
Со кои проекти во областа на ПР на кои сте работеле најмногу се гордеете?
Многу се гордеам со изминатата година во глобалниот тим за талент (Global Talent Team). Мислам дека бев дел од тимот во многу интересен период, кога се случија многу промени во управувањето со резултатите од работењето (Performance management) и во управувањето со таленти (Talent management). Одлично е кога ќе се види поголема флексибилност и транспарентност во процесот на оценување на резултатите од работењето и дискутирањето за таленти како резултат од тимските заложби. Исто така, ми претставува задоволство да ја предводам агендата за благосостојба (Wellbeing agenda) – оваа година сум навистина инспирирана да ја промовирам програмата за ментална благосостојба (Mental Wellbeing program).
Како ви изгледа еден обичен работен ден во Унилевер?
Во Унилевер никогаш не знаете што да очекувате. Навистина се восхитувам на разноликоста на задачите што ми се појавуваат секојдневно. Како Деловен партнер за ПР (HR Business Partner) поминувам доста време со деловните соработници – дискутираме околу бизнисите и како може ПР да обезбедат поддршка, насочување на таленти и донесување одлука за можностите. Исто така сум вклучена во коучинг и инцијативи за обуки за вработените и линиските раководители. Одговорна сум и за областите на експертиза во учењето и благосостојбата – па воспоставувам контакти со моите колеги од областа на ПР од целиот свет, учествувам на надворешни настани, и едноставно многу читам, за да ги слушнам најдобрите практики и да се инспирирам.
Во моментов живеете во Москва, како би ја споредиле тамошната работна средина со останатиот дел од светот?
Едно нешто што го имам искусено во Унилевер е сличната работна средина нив целиот свет. Дури и канцелариите се слични – па не се чувствувате како странец кога ги посетувате колегите во други земји. Но Москва е голем град, а тоа влијае на животниот стил на луѓето – сите се многу зафатени и растрчани. И во Унилевер Москва, вашата работа е дел од вашиот живот и колегите ви се добри пријатели, половина од следбениците на Фејсбук и Инстаграм. Постојано може да видите луѓе кои завршиле со работа и попладнето одат некаде заедно.
Оваа есен ќе одржите презентацијана Самитот за глобални трендови во ПР во Скопје, што очекувате од дестинацијата?
Никогаш не сум била во Скопје, но сигурна сум дека местото е прекрасно. Зависна сум од патувања и едноставно сакам да додавам нови дестинации на мојата мапа. Очекувам да запознаам нови луѓе и да се инспирирам од градот. Сигурна сум дека ќе ме изненади.
За да дознаете нешто повеќе од Ана и Лидерството со цел на Унилевер, придружете ни се на Самитот за глобални трендови во ПР во Скопје на 29 септември!