Промовирани огласи »

Дури 72 отсто од компаниите во Германија веќе им исплатиле бонуси на своите вработени поради инфлацијата, додека уште 16 отсто од компаниите планираат да го сторат тоа наскоро, покажуваат податоците на Економскиот институт Ifo. Само 12 отсто од компаниите не планираат да плаќаат премии.

Работодавачите имаат право да плаќаат до 3.000 евра без даноци и придонеси на вработените од октомври 2022 година до крајот на оваа година поради поскапувања, пишува магазинот Феникс.

Малите компании сакаат да ги мотивираат своите вработени со вакви исплати на бонус, додека големите компании најмногу ги даваат затоа што тоа го предвидуваат колективните договори, вели Дарија Шалер од Иф, пренесува магазинот Феникс.

Причините за секоја друга компанија се даночните поволности и конкурентноста на пазарот на трудот.

Промовирани огласи »

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „Тема на денот” на Телевизија Сител, говорејќи за процесот на промена на личните документи поради промената на уставното име на државата, предложи пролонгирање на рокот за нивно вадење.

Прво, тоа е срамно понижување на македонските граѓани. И непотребно. Второ, ова го предложив на најмалку двајца министри во македонската влада – со брза интервенција во два закони – закон за лична карта и закон за патни исправи, и ако е потребно и законот за безбедност во патниот сообраќај, тоа се прави во едно попладне, знаеме дека може да се направи во едно попладне, не мора со европско знаменце да биде. Ќе ги измениме тие два закони, ќе го пролонгираме рокот, наместо февруари да биде септември-октомври, претходно ќе ги известиме и Грците дека немаме намера да бегаме од обврските од Преспанскиот договор, рече претседателот Пендаровски.  

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54% во однос на одлуката од 2.1.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,355%, кај дизелот за 2,341%, кај екстра лесното масло за 2,138% и кај мазутот зголемувањето е за 0,219%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,566%

Од 10.1.2024 година од полноќ часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 41,517 (денари/килограм)
  • Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.
  • Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.
  • Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит.
  • Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,281 ден/кг и сега ќе изнесува 41,517 ден/кг. 

Промовирани огласи »

Според податоците на Државниот завод за статистика, Индексот на трошоците на животот во 2023 година, во однос на 2022 година, бележи пораст од 9.4 %, а индексот на цените на мало е 7.0 %.

Индексот на трошоците на животот во декември 2023 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.2, додека индексот на цените на мало 101.0.

Според Државниот завод за статистика, пораст на индексите е забележан во групите: Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 13.6 %, Ресторани и хотели за 12.7 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 11.7 %, Разновидни стоки и услуги за 11.6 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 10.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 8.0 %, Рекреација и култура за 6.7 %, Здравје за 4.6 %, Облека и обувки за 4.4 %, Образование за 2.9 %, Комуникации за 1.1 % и Транспорт за 0.5 %.

Движењето на индексот на цените на мало во 2023 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи.

Пораст на индексите е забележан во сите групи: Индустрископрехранбени производи за 12.5 %, Пијалаци за 9.7 %, Земјоделски производи за 8.5 %, Услуги за 6.0 % и Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 5.3 %. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »