Промовирани огласи »

Во книгата „Cruise Confidential” на Брајан Дејвид Брунс, првиот човек кој го одработил целиот договор во историјата на компанијата „Carnival Cruise”, изнел неверојатни детали од своето искуство, кои се однесуваат на многу секс, многу омраза, угнетување и забава.

Работата на крузери можеби звучи како совршена работа – патување по светот, запознавање на сите нации и голема плата, но оваа работа е се, само не тоа. Сите валкани тајни кои ги чува просторот под палубата на луксузни, пловечки хотели ги отркива Брајан Дејвид Брунс, првиот Американец во историјата на компанијата „Carnival Cruise” кој го одработил целиот свој договор без да даде отказ.
 
Тој за своето искуство напишал книга. Во книгата “Cruise Confidential” Брајан изнел неверојатни детали од својата работа кои се однесуваат на многу секс, многу омраза, угнетување и забава.

Како келнер на бродот „Carnival’s Legend” работев по 100 часа неделно и тоа 15 недели по ред, а после тоа просто престанав да бројам. Немав слободен ден 10 месеци. Платата никако не одговара за одработените часови, па поради тоа ретко ќе видите вработени од развиените земји.
 

На бродот добивав само два слободни ручеци на секои осум дена. Инаку работев секој доручек, ручек и вечера. Секој ден. Најлошиот дел од работата е чувството дека работодавецот буквално ве поседува. Корпорацијата контролира што јадете, кога јадете, кога можете во тоалет, апсолутно се. Ако еден ден веќе сте одработиле 12 часа а тие ви велат дека треба да работите уште четири тоа и ќе го направите без приговор.

Исто така, она што ве убива во поим е начинот на кој ви е структуиран денот – никогаш не можете да спиете цела ноќ. Главно би можеле да споиме четири до пет часа сон во една вечер и тоа откако ќе изработевме по 12 часа“, открива Брајан во својата книга.
 
Меѓутоа, фактот дека работат како робови, спијат напикани во кабина како сардини без ронка приватност и дека се платени неверојатно малку (Брунс како келнер бил платен помалку од 50 долари месечно и секако, зависел од напојниците), работниците морале некако да го преживеат.
 
Во тоа им помагал сексот. Многу, многу секс. И потсмевање со гостите.

На крузерите сите имаат секс со секого. Тоа е исклучително ретка прилика да го „вкусиш светот“, ако можам да се изразам така. Екипите ротираат на недела база, па секогаш е достапна нова бродска романса. Вистински врски се речиси невозможни за одржување кога работиш 100 часа неделно во ротирачки смени. Познавам едвај неколку парови кои успеале во тоа. Меѓутоа, затоа романсите меѓу вработени и гости се строго забранети. Ако ве фатат добивате моментален отказ, ве исфрлаат на првото пристаниште, било каде на светот. Ретко кој сака толку да ризикува“, вели тој.
 

Бродската екипа тоа малку слободно време што го имала, го користела за забави. Тие кратко траеле, обично од полноќ до три часот наутро. Понекогаш два пара имале секс истовремено во една мала кабина, а ги делела само една завеса. Келнерките често завршувале со бродските официри во надеж дека ќе им помогнат да најдат подобро сместување и помалку напорна работа.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Белграѓанин на возраст од 31 година, кој работи во администрација на градежна фирма и зема плата од 42.000 динари односно околу 350 евра, за три месеци заштедил 1000 евра преку систем на три коверти.

Овој млад човек сака да остане анонимен и за српски „Блиц“ раскажува како му успева да заштеди.

Почнав да работам во септември. Платата ми е 42.000 денари, ја земам на рака во два дела – раскажува и вели дека заштедил благодарение на помошта од родителите.

Белграѓанинот вели дека со некои трикови за штедење може да се собере одредена сума на пари.

Вели дека што ќе земе плата, купува евра и заборава на нив.

Пола од парите ги претворал во евра, ги ставал во коверт и не ги трошел.

Во друг коверт чува по 1000 до 2000 динари. Од тие пари зема за дневни потреби.

Кога се излегува од дома, вели дека не треба да се носат многу пари и да се има одредена дисциплина како се троши.

Советува да не се пушат цигари и тие пари кои се трошеле за цигари да се ставаат во коверт.

Младиот граѓанин од Белград раскажува дека ретко оди во кафулиња, а во ресторани руча неколку пати годишно.

Тој објаснува дека секое знаење треба да се претвори во пари, и затоа во слободно време држи часови по англиски јазик.

Од друга страна вели дека често оди на ручек кај родителите и на тој начин успева да ги намали своите расходи.

Промовирани огласи »

Секогаш е забавно да се оди назад во времето за да ги разгледаме предвидувањата направени во минатото, и да видиме како луѓето замислувале дека ќе изгледа нашата сегашноста. Пред десет години, на NBC Nightly News беше предвидено дека технологијата ќе има многу поголема улога во идентификацијата. Било предвидено дека болниците би можеле едноставно да скенираат чип со радио фреквенција (RFID) koј би бил вграден под кожата да се добие пристап до медицинската историја на пациентот.

Технологијата постоела уште во 2007 година, па предвидувањата биле фокусирани ваквите уреди да станат вообичаен дел од нашите секојдневни животи. За жал се чини дека NBC згреши. Денес мал број на поединци се избрани да имаат имплантирани чипови, имплементацијата во никој случај не е широко распространета.

Но, не секое предвидување кое го направи NBC било грешка. Видеото исто така објаснува како специјален софтвер за препознавање на лица, ќе игра поголема улога во нашиот секојдневен живот во иднината. Тие користеле примери од филмовите каде што се користи софтвер за изработка на маркетинг за секој човек поединечно.

Денес, препознавањето на лица не е дел од системот, сепак постои локациски систем RTLS кој овозможува специфичен маркетинг низ wifi или bluetooth според идентификација на локација.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »