Промовирани огласи »

Агенцијата за вработување денеска на прес-конференција ќе информира детално за примената на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

На прес-конференција ќе присуствуваат директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска и претседателката на здружението УНИТ, Лилјана Георгиевска. 

Со законот за стечајните работници којшто неодамна го донесе Собранието на Република Македонија се овозможува околу 3.000 лица да добиваат месечен надомест од по 7.596 денари, односно 34 проценти од просечно исплатената месечна нето плата минатата година. Годишно за таа намена од Буџетот на АВРМ ќе бидат обезбедени 300.816.000 денари.

Надоместот може да го користат невработени на возраст од најмалку 52 години (жени) и 55 години (мажи) со најмалку 15 години стаж во претпријатија со доминантна сопственост на државата, а таму работниот однос да им престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни годинава. Лицата треба да имаат остварено право на паричен надомест по 1 јануари 1995 година, а по остварувањето на правото на паричен надомест да не биле вработени на неопределено време, односно работниот однос да не им престанал по нивна волја и вина. 

Промовирани огласи »

ЕВН Македонија од денес започнува со воведување на евтината тарифа на секое броило поединечно, по направените подготовки за имплементација. Воведувањето на евтината тарифа ќе оди етапно, во зависност од читачката група на која припаѓа корисникот. Корисниците се однапред информирани преку сметката за електрична енергија во кој период ќе им биде адаптирано броилото согласно планот на отчитувачки групи во прилог: 

Прилагодувањето на секое поединечно броило е мануелно, за што е потребно физички контакт со секое броило од страна на екипите на ЕВН, во времетраење од 45 секунди до една  минута во зависност од типот на броило. На дисплејот на броилото на кое е прилагодена евтината дневна тарифа, во периодот од 14-16ч од понеделник до сабота ќе биде активен индикаторот за тарифа Т2. Сетирањето на сите достапни броила за мерење по новата тарифа би требало да се заврши до крајот на месец октомври.

Во наредниот период 800.000 броила низ територијата на цела држава ќе бидат прилагодени на новата дневна евтина тарифа согласно одлуката на Владата на РМ и РКЕ. Тоа значи дека  покрај стандардната ноќна евтина тарифа од 22ч до 7ч и целодневната евтина тарифа во недела, корисниците  ќе добијат и  дневна евтина тарифа во периодот од 14ч до 16ч. секој работен ден и сабота.

Промовирани огласи »

Како да водите со цел во вашата компанија!

Кажете ни нешто повеќе за себе и за вашиот професионален пат, како се одлучивте за Човечки ресурси?

Може да кажам дека сигурно не се родив со желба за кариера во Човечки ресурси, едноставно се случи. Додека студирав за првпат во животот ме повикаа на интервју (за продажба) во голема компанија. Не ми се допаѓаше позицијата но ме заинтригира процесот на селекција и тимот за регрутирање. Така и одлучив да се обидам, започнав со Агенција за регрутирање, Employer brand агенција, и подоцна со Унилевер. Сè уште ја разоткривам мојата страст за Човечки ресурси бидејќи улогата на ПР расте и станува се поразнолика, а со тоа се отвараат можности за истражување и на луѓето и на бизнисите.

На Самитот за глобални трендови во ПР во Скопје, вашата презентација ќе биде за лидерство со цел, може ли да ни дадете некои информации што може да очекува публиката од вашата тема?

Ќе го споделам патот на Унилевер кон целта како специфичен дел од нашата култура. Како им помагаме на вработените да ја откријат својата цел и начините на кои може да ја остваруваат таа цел во канцеларијата и надвор од канцеларијата. Во денешно време, нашата цел е пристапот за учење и талентот, затоа што веруваме дека луѓето со цел се чувствуваат подобро, покажуваат подобри резултати и целосно го остваруваат својот потенцијал. А кога се работи за лидерите, личната цел е начин да се сплотат со тимот и да ги преточат своите лични аспирации кон остварување на бизнис влијание.   

Со кои проекти во областа на ПР на кои сте работеле најмногу се гордеете?

Многу се гордеам со изминатата година во глобалниот тим за талент (Global Talent Team). Мислам дека бев дел од тимот во многу интересен период, кога се случија многу промени во управувањето со резултатите од работењето (Performance management) и во управувањето со таленти (Talent management). Одлично е кога ќе се види поголема флексибилност и транспарентност во процесот на оценување на резултатите од работењето и дискутирањето за таленти како резултат од тимските заложби. Исто така, ми претставува задоволство да ја предводам агендата за благосостојба (Wellbeing agenda) – оваа година сум навистина инспирирана да ја промовирам програмата за ментална благосостојба (Mental Wellbeing program).

Како ви изгледа еден обичен работен ден во Унилевер?

Во Унилевер никогаш не знаете што да очекувате. Навистина се восхитувам на разноликоста на задачите што ми се појавуваат секојдневно. Како Деловен партнер за ПР (HR Business Partner) поминувам доста време со деловните соработници – дискутираме околу бизнисите и како може ПР да обезбедат поддршка, насочување на таленти и донесување одлука за можностите. Исто така сум вклучена во коучинг и инцијативи за обуки за вработените и линиските раководители. Одговорна сум и за областите на експертиза во учењето и благосостојбата – па воспоставувам контакти со моите колеги од областа на ПР од целиот свет, учествувам на надворешни настани, и едноставно многу читам, за да ги слушнам најдобрите практики и да се инспирирам. 

Во моментов живеете во Москва, како би ја споредиле тамошната работна средина со останатиот дел од светот?

Едно нешто што го имам искусено во Унилевер е сличната работна средина нив целиот свет. Дури и канцелариите се слични – па не се чувствувате како странец кога ги посетувате колегите во други земји. Но Москва е голем град, а тоа влијае на животниот стил на луѓето – сите се многу зафатени и растрчани. И во Унилевер Москва, вашата работа е дел од вашиот живот и колегите ви се добри пријатели, половина од следбениците на Фејсбук и Инстаграм. Постојано може да видите луѓе кои завршиле со работа и попладнето одат некаде заедно. 

Оваа есен ќе одржите презентацијана Самитот за глобални трендови во ПР во Скопје, што очекувате од дестинацијата?

Никогаш не сум била во Скопје, но сигурна сум дека местото е прекрасно. Зависна сум од патувања и едноставно сакам да додавам нови дестинации на мојата мапа. Очекувам да запознаам нови луѓе и да се инспирирам од градот. Сигурна сум дека ќе ме изненади.

За да дознаете нешто повеќе од Ана и Лидерството со цел на Унилевер, придружете ни се на Самитот за глобални трендови во ПР во Скопје на 29 септември!

 

Промовирани огласи »

Швајцарците го одбија предлогот за реформи во пензискиот систем со кој Владата сака да се соочи со стареењето на населението. 

Од 26 кантони, 14 се изјасниле против тоа жените да работат година дена повеќе. 

Тоа значеше жените да работат до 65 години за да добијат полна пензија, а овој предлог и претходно иницираше критики. 

Конечни резултати ќе има вечерва, но повеќе од јасно е дека предлогот пропадна. 

На промени се противеа либералите, десните кругови и економистите. 

Тие сметаа дека ова ќе биде казна за сегашните работодавци и млади луѓе, а ќе биде  придобивка за идните пензионери. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »