Промовирани огласи »

Нагорен тренд на дигиталните плаќања во третиот квартал од минатата година, бележи Народната банка. Ваквиот тренд е особено забележлив кај граѓаните кои ги користат и платежните картички и мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери, т.н. платни налози.

Според податоците на централната банка, годишниот раст на употребата на платежни картички за готовински трансакции и за плаќање производи и услуги од страна на граѓаните во третиот квартал во споредба со истиот период 2022 година изнесува 12,8 проценти кај бројот и 10 проценти кај вредноста на овие трансакции.

Притоа, значителен годишен раст од 15,1 процент е забележан кај употребата на картичките за плаќање производи и услуги во земјата,  којшто пред сѐ се должи на посилниот раст на плаќањата на физичките места на продажба од 15,9 проценти, но и солиден раст од 9 проценти на плаќањата на виртуелните (интернет) продажни места, се посочува во соопштението од Народната банка.

Плаќањата на граѓаните со т.н. платни налози во истиот период бележи годишен раст од 9,3 проценти кај вредноста и пет проценти кај бројот на остварени трансакции. Имено, бројот на електронски иницираните платни налози во третиот квартал од 2023 година бележи годишен раст од 16,1 процент, што е повеќе за 10,8 п.п. од годишниот раст во третиот квартал од 2022 година (5,3 проценти). Во споредба со истиот период од 2022 година, се забележува позитивен нагорен тренд особено кај употребата на апликациите на мобилните телефони, или годишен раст од 19,5 проценти, како и кај употребата на компјутерите за извршување на плаќањата (11,8 проценти). 

Промовирани огласи »

Паркингот во „Дајмонд Мол“ од денес ќе се наплаќа.

По три месеци бесплатно паркирање од денес посетителите  во „Дајмонд мол“ ќе мора да платат за паркирање на своите автомобили. Еден час паркинг чини 50 денари и секој дополнителен час се наплаќа исто 50 денари.

Официјална информација од страна на шопиног молот се уште нема, веста од страна на посетителите беше споделена на социјалните мрежи. 

Во „Дајмонд мол“  има продавници со најпознатите и актуелни домашни и светски брендови, улица со ресторани наречена „Гурмет авенија“, како и едукативен центар за забава за деца и млади „Dream Zone“.

Промовирани огласи »

Дури 72 отсто од компаниите во Германија веќе им исплатиле бонуси на своите вработени поради инфлацијата, додека уште 16 отсто од компаниите планираат да го сторат тоа наскоро, покажуваат податоците на Економскиот институт Ifo. Само 12 отсто од компаниите не планираат да плаќаат премии.

Работодавачите имаат право да плаќаат до 3.000 евра без даноци и придонеси на вработените од октомври 2022 година до крајот на оваа година поради поскапувања, пишува магазинот Феникс.

Малите компании сакаат да ги мотивираат своите вработени со вакви исплати на бонус, додека големите компании најмногу ги даваат затоа што тоа го предвидуваат колективните договори, вели Дарија Шалер од Иф, пренесува магазинот Феникс.

Причините за секоја друга компанија се даночните поволности и конкурентноста на пазарот на трудот.

Промовирани огласи »

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „Тема на денот” на Телевизија Сител, говорејќи за процесот на промена на личните документи поради промената на уставното име на државата, предложи пролонгирање на рокот за нивно вадење.

Прво, тоа е срамно понижување на македонските граѓани. И непотребно. Второ, ова го предложив на најмалку двајца министри во македонската влада – со брза интервенција во два закони – закон за лична карта и закон за патни исправи, и ако е потребно и законот за безбедност во патниот сообраќај, тоа се прави во едно попладне, знаеме дека може да се направи во едно попладне, не мора со европско знаменце да биде. Ќе ги измениме тие два закони, ќе го пролонгираме рокот, наместо февруари да биде септември-октомври, претходно ќе ги известиме и Грците дека немаме намера да бегаме од обврските од Преспанскиот договор, рече претседателот Пендаровски.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »