Промовирани огласи »

Српската едиција на Спутник е уште еден од бројните светски медиуми кои направија репортажа од „Велешката фабрика за лажни вести“ со прашањето дали младите велешани му донесоа победа на Доналд Трамп на претседателските избори на кои ја порази фаворизираната Хилари Клинтон од Демократската партија.

Спутник разговараше со повеќе велешани кои не го откриваат својот идентитет и ги кријат лицата пред камерата за да не си создаваат дополнителни проблеми и да привлекуваат внимание. 

Не бев најмладиот во објавувањето, во моето средно школо беше прилично популарно, како еден вид на спорт, раскажува младиот сегашен студент во Скопје кој се претставува како Димитар.

Целиот бизнис почна кога сфативме дека можеме лесно да заработиме со пласирање на „фејк вести“ или сензационализми, најмногу за Доналд Трамп бидејќи кликовите на американците се највредни за онлајн рекламите. Луѓето тоа го сфатија и почнаа да прават сајтови, дополнува Димитар за Спутник.

Лажните вести, кои голем дел од нив се популаризираа токму од велешката интернет „фабрика“, беа посочени како еден од главните факти за поразот на Хилари Клинтон, па дури и таа самата ги обвини неприфаќајќи ја својата вина за очајно водената изборна кампања.

Младите интернет богаташи велат и дека се обиделе да пишуваат сензационални вести за Хилари Клинтон, Берни Сендерс и другите кандидати, но едноставно во Фејсбук групите каде ги споделувале објавите немало доволно интерес. Фановите на Трамп биле најподготвени да ги споделуваат вестите преку социјалните мрежи што им носело огромен број на кликови.

Велат дека немале никакви наредби од политичари да прават лажни сајтови за американските избори, туку главниот мотив им било да заработат. 

Во САД се водат две истраги, во првата се проценува руското влијание преку хакерите кои ги таргетираа политичките партии како и системите за регистрација на гласачи во 21 сојузна американска држава, додека во втората назначен е специјален обвинител кој истражува дали тимот на Трамп бил во директна соработка со руската влада за размена на информации што е строго забрането. 

Промовирани огласи »

Во организација на P World и ексклузивно партнерство со KARIERA.mk на 29-ти септември во Скопје доаѓа HR менаџерот на Фејсбук Maud Durand којa ќе биде дел од најголемиот регионален HR настан оваа година – Global HR Summit.

На настанот, покрај претставникот од Фејсбук доаѓаат и клучните луѓе во HR тимовите на Unilever, Gazprom, ING и фармацевтскиот гигант Novo Nordisk.

 

Maud Durand магистрирала во управување со човечки ресурси, и смета дека HR е професија, која секогаш ја инспирира и ја турка да оди понатаму и подлабоко во нејзините идеи. Таа во Фејсбук дојде од најпознатиот сервис за бизнис вмрежување LinkedIn, каде што имаше можност да им помогне во креирање и спроведување на скалест модел за регрутирање. Maud тука повторно се стакнува со искуства за важноста на регрутерството и одбирањето на кадар во процесот на вработување и повеќе од било што, комбинирање на нешта што таа ги сака: здобивање со нови таленти, бизнис партнерство и стратегија.

За да ja запознаете Maud и да поминeте еден ден со некои од најпознатите светски признати експерти за човечки ресурси, резервирајте ги своите билети денес за Global HR Самитот во Скопје за човечки ресурси на следниов линк: http://www.thepworld.com/event/global-hr-summit-skopje

Промовирани огласи »

Успехот, особено трајниот, никогаш не е случаен. Постојат неколку заеднички карактеристики кои ги истакнуваат успешните луѓе од другите.

На пример, никогаш нема да ги слушнете да кажат ...

"Ја мразам мојата работа!"

Не можете да очекувате да бидете на работното место ако вашиот став е негативен. Ако проблемот и понатаму доаѓа од работата, добро ги одмерувајте добрите и лошите страни. Ако негативите се повеќе, пронајдете решение. Барајте алтернатива.

 "Тоа не е фер"

Успешното лице нема навика да се жали на животот. Ниту пак не се жали колку е нефер дека не го добива она што го добива. Тој е свесен дека има тешки моменти и разочарувања, па ги надминува брзо и продолжува да работи кон успех.

"Ова не е моја должност"

Доделувањето задачи е важно за секое работно место, но ако може да се помогне во тешки времиња и сите ќе имаат среќа, успешното лице никогаш нема да одбие,бидејќи не е во негова должност. Напротив, тој гледа да помогне кога и да може, без да го потенцира тоа.

"Невозможно е"

Не гледај ги твоите проблеми како непремостливи пречки. Ова се предизвици кои ќе ве направат подобри. Тоа го прават успешните луѓе.

"Немав избор"

Секогаш има многу можности пред вас. Вие само треба да верувате и да го отворите вашиот ум за да ги видите и да бидете уште поуспешни.

Промовирани огласи »

Водечката компанија за детска храна HiPP ќе мора да ја повтори постапката за производство на еден производ, за кој е утврдено дека содржи помалку зеленчук и омега-3, во споредба со истиот производ што се продава на Запад, откако.Агенцијата за храна на Хрватска во студија докажа дека тој производ во југоисточна Европа доаѓа со послаб квалитет отколку во другите делови на Европа.

Испитувањето покажало дека околу 38 отсто „HiPP-овиот био-ориз со морков и мисиркино месо “, кој се продава во Германија, е направен од морков и компир, а 15 проценти од содржината е ориз. На  хрватскиот пазар има 24 проценти морков и 21 отсто ориз.

Покрја тоа утврдено е и дека има разлика во бојата, вкусот и аромите, а и не е идентичен ниту процентот на извори на омега-3 масни киселини..

Хрватската агенција за храна го тестираше производот по  ијзавата на Европската комисија дека мултинационалните компании ги измамуваат потрошувачите во Источна Европа и продаваат производи со помал квалитет од оние што доаѓаат на Западот.

Од компанијата пак соопштија дека поради дискусијата во јавноста е повлечен рецептот за HiPP ориз со морков и мисиркино месо. Во следните месеци ќе бидат издадени друг кој ќе биде со еднаков кавалитет како оној што е во Германија.

Тестот е спроведен во Бугарија, Унгарија, Словачка и во Словенија. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »