Промовирани огласи »

На крајoт на овој месец или на почеток на февруари се очекува да пристигнат парите од Мој ДДВ на сметките на граѓаните кои скенираат фискални.

Станува збор за исплата на повратокот од данок преку проектот Мој ДДВ за октомври, ноември и декември лани.  Во согласност со законот, УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечјето. За нешто повеќе од четири години од спроведувањето на оваа мерка, преку МојДДВ на сметките на граѓаните се слеале скоро 120 милиони евра.

Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари. 

Промовирани огласи »

Министерство за внатрешни работи ( МВР) известува дека со цел да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, започна со имплементација на пилот проект само на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици.

Од МВР известуваат дека во сабота (27.01.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ (од 08 до 16 часот).

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Охрид Органикс е компанија за медицински канабис со мисија да го подобри квалитетот на животот на поединците кои се соочуваат со здравствени предизвици.

Моментално вработува:

ОРГАНИЗАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
АГРОНОМ ВО КУЛТИВАЦИЈА

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година и претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Со постојани вложувања во производната технологија, започнување и спроведување на разновидни проекти во сферата на заштитата на животната средина, развој на заедницата и останати проекти во областа на корпоративната општествена одговорност се главните придобивки и филозофија на одржлив развој.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОРИ НА ПРОИЗВОДСТВО НА ВАРОВНИК
ПЛАНЕР ВО ТЕХНИКИ НА ОДРЖУВАЊЕ

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Успешната приказна започнува во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци.

Моментално вработува:

МЕНАЏЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ И РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ ВО БАП (М/Ж)

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

ХАЛКБАНК е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар. Лидери во понуда на персонализирани банкарски услуги, како и во воведување на нови технологии и обезбедување на брза услуга преку високоразвиена, модерна платформа на алтернативни канали. Општествено одговорна компанија која е посветена кон зголемување на општото добро за луѓето, природата, средината, културата и спортот.

Mоментално вработува:

САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
ПОСТАР РЕВИЗОР
ПОМЛАД РЕФЕРЕНТ ЗА БАНКАРСКИ ОПЕРАЦИИ ВО СКОПЈЕ

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Моментално вработува:

PROJECT MANAGER
ТЕХНИЧАР ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА
JUNIOR SALES ADVISOR – СКОПЈЕ
JUNIOR SALES ADVISOR – ГЕВГЕЛИЈА
JUNIOR SALES ADVISOR – ВЕЛЕС
ТЕХНИЧАР ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА – КУМАНОВО
JUNIOR SALES ADVISOR - ШТИП

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

КНИГОВОДИТЕЛ/КА
ВОДАЧ НА СМЕНА ВО ПРОИЗВОДСТВО
ВОДАЧ НА ГРУПА ВО ПРОИЗВОДСТВО

Грант Торнтон Интернационал е мрежа од независни фирми кои обезбедуваат услуги на уверување, даночни и советодавни услуги која вработува повеќе од 68,000 професионалци во 140 земји.

Моментално вработува:

СМЕТКОВОДИТЕЛ/КА

EРИ Корпорација ДООЕЛ Битола е компанија со странски капитал и еден од најголемите светски производители и извозници на топлински разменувачи и вентилациски компоненти.

Моментално вработува:

ОПШТ РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите активни позиции од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Владата нема да ги укине субвенциите за струја после 1-ви јули вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и додава дека ако дојде друга Влада тогаш тоа прашање треба да и се постави на нејзе.

Не е точно дека Владата ќе ги укине субвенциите за струјата од 1-ви јули, има одлука за субвенционирање до 30-ти јуни, а следната влада која повторно ќе ја предводи СДСМ и ќе биде спремна да направи одлуки што се битни за граѓаните. Ако дојде друга Влада, прашајте ги нив, истакна Битиќи.

Во сметките за електричната енергија на регулираниот пазар субвенциите од страна на државата изнесуваат 84 отсто и субвенциите со одлука на Владата траат до 1-ви јули

Во 2022 година преку оваа мерка беа субвенционирани 4.379 домаќинства, а се исплатија вкупно 33 милиони денари, додека во 2023 беа поддржани со субвенции над 8.500 домаќинства во државава.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »