Промовирани огласи »

Борбата против обезвреднувањето на трудот е важен аспект за изградба на здраво и посакувано општество.

Еве неколку совети кои можат да ви помогнат во оваа борба:

Едукација и свесност: Почнете со образование и свесност околу значењето и важноста на трудот. Информирајте ги луѓето околу вас за значењето на трудот и како тој допринесува во развојот на општеството.

Справување со нееднаквоста: Борете се против нееднаквоста во платите и условите на труд. Застапувајте за праведни и еднакви услови за сите работници, без разлика на пол, раса, или други дискриминаторни фактори.

Заштита на работниците: Ангажирајте се за заштита на правата на работниците. Поддржувајте синдикати и организации кои се борат за права на работниците и ги застапуваат во случај на злоупотреби.

Подпомагање на инклузивни бизниси: Поддржувајте бизниси кои ги ценат своите работници и работат за подобрување на условите на труд. Избегнувајте поддршка на компании кои се известени за нелегални или етички проблеми во врска со трудот.

Ангажирање во локалната заедница: Ангажирајте се во локалната заедница за поддршка на иницијативи кои целат подобрување на условите на труд. Можете да бидете дел од проекти и активности што го зголемуваат образованието и свесноста околу овој проблем.

Активирање за законски промени: Бидете активни во застапувањето за законски промени кои ќе ја зголемат заштитата и правата на работниците. Вашиот глас има моќ да влијае на правните аспекти и регулативите поврзани со трудот.

Поддршка на образование: Поддржувајте образование и обука што ги подобрува вештините и квалификациите на работниците. Вработените со подобрени вештини имаат поголема можност за напредок и успешна кариера.

Промовирање на баланс меѓуработа и личен живот: Застапувајте концепт на баланс меѓу работата и личниот живот. Компаниите треба да почитуваат го правото на работниците да имаат време за одмор и време за семејство.

Соединети, овие акции можат значително да спомогнат во борбата против обезвреднувањето на трудот и да создадат посакувано општество каде што секој работник се цени и почитува.

Промовирани огласи »

Бернард Арно, милијардерот и извршен директор на глобалниот конгломерат на луксузни брендови LVMH, го надмина Илон Маск и стана најбогатиот човек на светот, според магазинот „Форбс“.

Богатството на Арно и неговото семејство се зголеми за 23,6 милијарди долари на 207,8 милијарди долари во петокот, надминувајќи го богатството на извршниот директор на Тесла од 204,5 милијарди долари, според рангирањето на Форбс кое покажува промени во реално време.

Арно се искачи на првото место во петок, 26 јануари 2024 година.

Вредноста на компанијата Тесла во четвртокот на берзата падна за 13 отсто, поради што Маск загуби повеќе од 18 милијарди долари.

Во исто време, акциите на LVMH забележаа голем раст во петокот: нивната вредност се зголеми за повеќе од 13 отсто до 11 часот, поттикната од силната продажба.

Пазарната капитализација на LVMH достигна 388,8 милијарди долари во петокот, додека берзата на Тесла вреди 586,14 милијарди долари.

Во 2021 година, LVMH ја купи Tiffany & Co. за речиси 16 милијарди долари, што се смета за најголема аквизиција на луксузен бренд во историјата, пренесува Klix.

Акционерската компанија на Arnault, Agache, ја поддржува VC компанијата Aglaé Ventures, која, како што објави „Форбс“, инвестира во бизниси како што се Нетфликс и Бајтденс - матичната компанија на ТикТок.

Арно има пет деца, од кои сите работат во LVMH. Тој неодамна назначи двајца од неговите синови во одборот на директори на конгломератот, каде што веќе седат другите две деца, сè во обид да обезбеди долгорочна контрола на семејството врз нејзината деловна империја.

Промовирани огласи »

Од утре, 1-ви февруари почнува редовната исплата на пензиите. За два месеци се очекува и нивно зголемување, за колку тоа засега не се знае. Од она што е познато во јавноста зголемувањето на пензиите од сега ќе се врши системски два пати годишно и тоа во март и во септември.

Инаку, на 24. јануари на сметките на пензионерите легнаа парите од финасиската помош намената за корисниците на право на пензија во висина до 19.000 денари, а ќе ја добиваат за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година и изнесува:

  • 3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.
  • 2.000 денари месечно корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.
  • 1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка. 
  •  

Промовирани огласи »

На први јули 2019 година Управата за јавни приходи започна со спроведување на проектот Мој ДДВ со кој дел од Данокот на додадена вредност што граѓаните го плаќаат купувајќи различни работи. 

Секој граѓанин имајќи профил на УЈП и апликација на својот смартфон, можеше на едноставен начин да скенира фискални сметки и на тој начин да си обезбеди поврат на дел од потрошените пари. 

На почетокот лимитот за поврат на ДДВ за едно томесечје изнесуваше 1.800 денари (или по 10 евра месечено) а се почна со поврат на 15 проценти од вкупниот износ на ДДВ на секоја фискална сметка. 

Иако на почетокот на воведувањето многумина имаа резерви како ќе функлционира овој проект, сепак тој опстојува веќе четири и пол години, а бројот на корисници не само што не се намалува, туку постојано се зголемува. 

Стотици илјади граѓани секојдневно скенираат сметки и секој трет месец во годината добиваат дополнителен финансиски приход директно на своите сметки (без при тоа да мораат да пополнуваат формулари, да поднесуваат документи до институции и слично)

Во меѓувреме мерката Мој ДДВ претрпе извесни промени. Процентот на поврат веќе не е 15 туку е 20% за производи од македонско производство а 10% за оние произведени надвор од Македонија. 

Лимитот од 1.800 денари по тромесечие сега е зголемен на 2.100 денари (или по 700 денари месечно)

Колку граѓаните навистина имаа(т) придобивки од Мој ДДВ?

Лани, на одбележувањето на четиригодишнината од стартот на проектот, директорката на УЈП кажа дека за тој временски период преку мерката кон граѓаните се вратени 6,6 милијарди денари или 107,5 милиони евра. 

Дополнително, третсиот квартал од 2023 година се исплатени 690 милиони денари или 11,2 милиони евра, а ако се претпостави дека во тој ранг би била исплатата (која треба да започна деновиве) за последните три месеци од 2023 година, тога лесно се стинува до податокот дека за четири и пол години државата преку оваа мерка на граѓаните им вратила над 130 милиони евра, што значи дека само за исплата на овој проект, годишно од Буџетот се одвојуваат над 28 милиони евра. 

Оваа мерка е уникатна не само затоа што е целосно дигитализирана и лесна за употреба за крајните корисници, туку и поради фактот што Македонија е единствена земја од регионот на на ваков начин врши поврат на ДДВ кон физички лица.

Жените скенираат повеќе од мажите

Според последните информации, апликацијата Мој ДДВ ја користат преку 540.000 граѓани или над една четвртина од вкупното население во држвата. 

Од оние што скенираат побројни се жените, по градови најмногу се скенирало во  Штип, Валандово, Кичево, Битола, Велес, Скопје, Прилеп, Кочани, Неготино и Гевгелија, а нејчести скенирани фискални сметки се оние од ланци на маркети и од бензински пумпи. 

Извор - utrinskivesnik.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »