Промовирани огласи »

Од утре, 1-ви февруари почнува редовната исплата на пензиите. За два месеци се очекува и нивно зголемување, за колку тоа засега не се знае. Од она што е познато во јавноста зголемувањето на пензиите од сега ќе се врши системски два пати годишно и тоа во март и во септември.

Инаку, на 24. јануари на сметките на пензионерите легнаа парите од финасиската помош намената за корисниците на право на пензија во висина до 19.000 денари, а ќе ја добиваат за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година и изнесува:

  • 3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.
  • 2.000 денари месечно корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.
  • 1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка. 
  •  

Промовирани огласи »

На први јули 2019 година Управата за јавни приходи започна со спроведување на проектот Мој ДДВ со кој дел од Данокот на додадена вредност што граѓаните го плаќаат купувајќи различни работи. 

Секој граѓанин имајќи профил на УЈП и апликација на својот смартфон, можеше на едноставен начин да скенира фискални сметки и на тој начин да си обезбеди поврат на дел од потрошените пари. 

На почетокот лимитот за поврат на ДДВ за едно томесечје изнесуваше 1.800 денари (или по 10 евра месечено) а се почна со поврат на 15 проценти од вкупниот износ на ДДВ на секоја фискална сметка. 

Иако на почетокот на воведувањето многумина имаа резерви како ќе функлционира овој проект, сепак тој опстојува веќе четири и пол години, а бројот на корисници не само што не се намалува, туку постојано се зголемува. 

Стотици илјади граѓани секојдневно скенираат сметки и секој трет месец во годината добиваат дополнителен финансиски приход директно на своите сметки (без при тоа да мораат да пополнуваат формулари, да поднесуваат документи до институции и слично)

Во меѓувреме мерката Мој ДДВ претрпе извесни промени. Процентот на поврат веќе не е 15 туку е 20% за производи од македонско производство а 10% за оние произведени надвор од Македонија. 

Лимитот од 1.800 денари по тромесечие сега е зголемен на 2.100 денари (или по 700 денари месечно)

Колку граѓаните навистина имаа(т) придобивки од Мој ДДВ?

Лани, на одбележувањето на четиригодишнината од стартот на проектот, директорката на УЈП кажа дека за тој временски период преку мерката кон граѓаните се вратени 6,6 милијарди денари или 107,5 милиони евра. 

Дополнително, третсиот квартал од 2023 година се исплатени 690 милиони денари или 11,2 милиони евра, а ако се претпостави дека во тој ранг би била исплатата (која треба да започна деновиве) за последните три месеци од 2023 година, тога лесно се стинува до податокот дека за четири и пол години државата преку оваа мерка на граѓаните им вратила над 130 милиони евра, што значи дека само за исплата на овој проект, годишно од Буџетот се одвојуваат над 28 милиони евра. 

Оваа мерка е уникатна не само затоа што е целосно дигитализирана и лесна за употреба за крајните корисници, туку и поради фактот што Македонија е единствена земја од регионот на на ваков начин врши поврат на ДДВ кон физички лица.

Жените скенираат повеќе од мажите

Според последните информации, апликацијата Мој ДДВ ја користат преку 540.000 граѓани или над една четвртина од вкупното население во држвата. 

Од оние што скенираат побројни се жените, по градови најмногу се скенирало во  Штип, Валандово, Кичево, Битола, Велес, Скопје, Прилеп, Кочани, Неготино и Гевгелија, а нејчести скенирани фискални сметки се оние од ланци на маркети и од бензински пумпи. 

Извор - utrinskivesnik.mk

Промовирани огласи »

Барањето ново работно место може да биде предизвик дури и за искусни вработени како и за невработени баратели.

Во продолжение се дадени неколку совети за побрзо вработување:

  • Пригответе добар CV и мотивационоо писмо

Вашето резиме и мотивационо писмо се прво нешто што ги гледа работодавачот. Надградете го вашето CV со актуелни информации, важни вештини и работни искуства.

  • Припремете се за интервју

Истражете ги често поставуваните прашања на интервјуата за работа и обидете се да дадете јасни и конкретни одговори. Вашите одговори треба да покажат како вашите вештини и искуства можат да допринесат кон работната позиција..

  • Мрежата е важна

Одржувајте своја мрежа со луѓе во истиот или сличен сектор. Учествувајте во професионални настани, семинари и вработувања, каде што може да го проширите своето запознавање и имиџ.

  • Истражувајте компании и позиции

Претходно истражување на компаниите и работните позиции што ги предлагаат може да ви помогне да создадете персонализирани апликации и да се подготвите подобро за интервјуата.

  • Поставете личен веб-сајт или портфолио 

Веб-сајтот или портфолиото кои ги прикажуваат вашите достигнувања, проекти и вештини може да ве издвојат од другите апликанти и да создадат повеќе можност за успешно вработување.

  • Учествувајте во обуки и курсеви

Постојаното учење и стекнување на нови вештини ви даваат предност при аплицирањето за работа. Учествувајте во обуки, вебинари и курсеви за да гo подобрите вашиот професионален развој.

  • Бидете упорни и позитивни

 Вработувањето може да биде процес со многу предизвици. Бидете упорни, издржливи и позитивни дури и кога ќе се соочите со одбивања. Вашата позитивност може да ви помогне да го задржите фокусот и да продолжите со аплицирањето.

Запомнете, со секој чекор сте поблиску кон вашата цел и успешното вработување. Практикувајте ги овие совети и бидете професионални, позитивни и предани кон вашата цел.

Промовирани огласи »

МЕТЕРГРАМ е растечка софтверска консултантска компанија со тимови во САД и Македонија која помага своите клиенти да изградат иновативни производи и услуги користејќи најсовремени технологии. Нивната експертиза лежи во изработка на софтвер и услуги за интеграција специјално дизајнирани за инфраструктура за полнење EV и управување со енергија.

Моментално вработува:

SENIOR .NET ENGINEER
SENIOR PROJECT MANAGER
QUALITY ASSURANCE ENGINEER
.NET ENGINEER
DEVOPS ENGINEER (AZURE)
SENIOR QUALITY ASSURANCE ENGINEER

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »