Промовирани огласи »

Од утре, среда, (07.02.2024) пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет нема да работи без закажување туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година.

Трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи за жителите на Скопје. Граѓаните кои веќе имаат закажано термин ќе бидат контактирани од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин во многу пократок рок.

Истовремено, оние ослободени термини добиени при прочистувањето на сите списоци ќе останат на располагање за идни резервации.

Од утре во склоп на пунктот во ПС Пролет ќе функционираат 14 базни станици, на кои ќе се врши фотографирање на граѓаните од понеделник до сабота, а од понеделник (12.02.2024) ќе се воведе и фотографирање во втора смена.

Ги известуваме граѓаните дека во наредните денови закажувањето на термини за фотографирање за лични документи ќе биде само телефонски, а закажувањето преку интернет поради технички причини нема да биде можно во наредните денови.

Промовирани огласи »

Уште неколку дена Македонците може да функционираат со личните документи со старото име на државата. Од 12. февруари мора да имаат нови лични карти, пасоши и возачки дозволи со името „Северна“. 

Голем дел од граѓаните се уште не успеаа да ги променат докумените, дел ги чекаат новите, а дел чекаат да ја отпочнат процедурата. 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за Телма вели дека капацитет на пунктот „Пролет“ ќе се зголеми на 14 базни станици со лица од МВР кои доброволно се пријавиле да помогнат да се надмине кризата со пасошите и кои ќе работат во две смени. Дополнително од страна на МВР е направена ревизија на телефонските закажувања каде се утврдило дека 30 илјади јавувања се непотребни. 

Од среда пунктот Пролет го враќаме во целост во системот на нормалност и системот на правилно функционирање на оваа постапка во рамките на министерството. Што значи тоа? Тоа значи наместо популистички методи, јако најавувани, кои што катастрофално се менаџирани, со четворица луѓе кои фотографираат на 10 базни станици, од среда предметниот пункт ќе функционира со 14 базни станици, со 14 фотографи, луѓе, полицајци вработени во МВР, коишто доброволно се ангажираа да ѝ помогнат на Македонија, и од срце им благодарам за тоа, и ќе бидат соодветно во рамките на закон наградени за тоа, достојно а не како до сега праќани под казна. Од понеделник, овој што иде, воведување и втора смена, каде што уште 14 доброволци од МВР ќе бидат ангажирани дополнително. Тоа значи дека капацитетот од 4 базни станици кои фотографираат и обезбедуваат постапну издавање на лични документи ние ќе го зголемиме фактички на 28 во еден ден, рече Тошковски. 

Во однос на налепниците за регистрациите на возилата МВР информираше дека граѓаните че ги добијат бесплатно. 

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека донесена е одлука налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици да бидат бесплатни за граѓаните, односно да бидат на товар на МВР. Налепниците ќе треба да се залепат на регистарските таблици за возилата кои досега имаа ознака МК, соопштија од министерството.

Промовирани огласи »

Адаптирањето на новото работно место може да биде предизвик, но со одредени стратегии и пристап, можете да го направите процесот полесен и погоден за вашиот успех.

Во продолжение се неколку совети за полесно адаптирање во новата работна средина:

  • Истражувајте го работното место 

Пред да пристапите на новото работно место, обидете се да дознаете повеќе за компанијата, тимот и културата. Што повеќе информации имате, толку подготвени ќе бидете за првите денови.

  • Испратете позитивен впечаток 

Првите ваши чекори на новото работно место се круцијални. Бидете позитивни, љубезни и отворени. Поздравете се со колегите и покажете интерес кон нивната работа и искуство.

  • Изградете позитивни меѓучовечки односи

Инвестирајте време и напор во изградба на позитивни односи со колегите. Комуникацијата и дружењето со другите ќе ви помогне да се вклучите во тимот и ќе ви ја олесни адаптацијата.

  • Поставувајте прашања и бидете отворени за учење

Немојте да се срамите да поставите прашања и да ги искажете важите продлози. Покажете интерес и отвореност за учење. Овој пристап ќе ви помогне да се адаптирате побрзо и да изградите компетенции во новата област.

  • Задржете позитивен став кон промените

Работните места и компаниите се подложни на промени. Задржувањето на позитивен став кон промените и способноста за флексибилност ќе ви помогнат да ги провладате предизвиците во новата работна средина.

  • Работете на изградба на вештини

Идентификувајте ги вештините кои се потребни за успешно извршување на вашите нови работни задачи и инвестирајте време во нивното подобрување.

  • Поставете цели и следете ги

Определете ги вашите краткорочни и долгорочни цели на новото работно место и постојано следете ги. Ова ќе ви даде ориентација и ќе ве мотивира да работите кон нив.

Со овие совети, ќе имате подобри можности за успешна адаптација на новото работно место и за брзо вклучување во новата работна средина.

Промовирани огласи »

Налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици ќе бидат бесплатни за граѓаните, соопштија синоќа од Министерството за внатрешни работи.

Како што се наведува во соопштението, донесена е одлука налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици да бидат бесплатни за граѓаните, односно да бидат на товар на МВР. 

Обврската за користење на ознаката „НМК“ на регистарските таблички е од Преспанскиот договор.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »