Промовирани огласи »

„Визер“ денеска ја објави најголемата кампања за регрутирање во нејзината историја. По 13 години на зајакнување на  водечката позиција во воздухопловниот пазар во Централна и Источна Европа, Визер ќе  создаде речиси 1.300 нови работни места во наредната година со 21 сосема нови аирбус A320 и A321 авиони кои пристигнуваат кон крајот на 2018 година, додадени на 11-те   веќе пристигнати нови авиони во 2017 година зголемувајќи го тимот на „Визер“ со повеќе од 4.500 луѓе до крајот на 2018 година.

Проширувањето  на авиокомпанијата и можностите за кариера нема да завршат тука бидејќи „Визер“ планира двојно да ја зголеми својата флота со повеќе од 160 авиони до крајот на 2024 година.

Околу 400 сесии за вработување, за пилоти и екипаж, ќе се одржат од сега  до крајот на 2018 година во повеќе од 25 земји низ Европа и пошироко,  кои сакаат да привлечат амбициозни ентузијастички луѓе со страст за воздухопловство за да се приклучат на стручниот тим на екипажот  на „Визер“.

Промовирани огласи »

Кинеските компании гледаат голем стратешки потенцијал за позиционирање во Србија, пред се во областа на е-трговијата и логистика изјавила Државната секретарка во министерството за  туризам и телекомуникации во соседна Србија Татјана Матиќ.

Таа нагласила дека кинескиот гигант Алибаба е заинтересира во Србија да најде партнер за отварање на логистички центар.

„Познатата кинеска компанија Алибаба има свој дистрибутивен центар во Франкфурту за ЕУ, но се многу заинетересира во Србија да најдат партнер за еден таков логистички центра“, истакнала Митиќ пред отворање на собирот „Информатички пат на свилата за информатичка поврзаност“, по повд посетата на Националната комисија за реформи и развој на Кина. 

Според нејзините зборови,тоа би овозможило не само дистрибуција на кинески производи, туку и производи кои српските компании ги произведуваат и така би можеле да се пласираат на други пазари пред се кинескиот.

Према њеним речима, то би омогућило не само дистрибуцију кинеских прозвода, него и робе коју српске компаније производе и тако би могле да се пласирају на друга тржишта, пре свега кинеско.

Татјана Матиќ нагласила дека за 2016 година обемот на билатералната трговија на Србија и Кина изнесувал 590 милиони долари, со раст од 8,2 остсто, а дека за првите четири месеци е остварен раст од 20 отсто во однос на минатата година.

Промовирани огласи »

Скопскиот аеродром Александар Велики вели дека е подготвен да обезбеди "најголема поддршка" за секоја авиокомпанија која би разгледала воведување трансатлантски летови од македонскиот главен град, пренесува порталот exyuaviation.

Оваа информација доаѓа по последните разговори помеѓу Владата на Република Македонија, ТАВ Македонија и Turkish Airlines за околу можноста за воведување на летови од Скопје до САД и Канада.

Како компанија активно ги промовираме аеродромите во Скопје и Охрид во разни области со цел да привлечеме нови авиопревозници и да ги прошириме патната мрежа и да го зголемиме бројот на патници. Отсекогаш сме воспоставиле блиски односи со клиентите на авиокомпанијата преку нашите аеродромски операции низ целиот свет. Ова е исто така случај и во Македонија и ние сме подготвени да обезбедиме најголема поддршка за авиокомпанија која ќе биде подготвена да лета трансатлантско од Скопје. Аеродромот во Скопје е оперативно способен да се справи со таквите трансатлантски летови и да биде подготвен да ги поддржи превозниците кои би сметале дека можат да пружат таква услуга  - вели Алпер Ерсој,  генерален директор на ТАВ Македонија.

Во изјавата додава дека воведувањето на вакви летови од Македонија носи и одреден ризик, бидејки Македонија е мала земја со мал пазар, но таквите летови ќе треба да ги опслужуваат патниците од целиот балкан.

Според статистиката над 40.000 патници со потекло од Скопје патувале во северноамерикански дестинации минатата година. "Додавањето на нон-стоп трансатлантско летање ќе го зголеми целокупниот комфор за патување на овие патници од Скопје", заклучува Ерсој.

Промовирани огласи »

Со поддршка на Министерството за економија на Република Турција, македонски компании ќе имаат можност да учествуваат на два големи, меѓународни бизнис настани во Турција што ќе се одржат на почетокот од ноември годинава.

Станува збор за Match4Industry Business Matching Event во Коџаели, од 2 – 3 ноември, и за т.н. Недела на извоз „Export Week 2017“ во Истанбул, од 31 октомври до 2 ноември. Двата настана овозможуваат билатерални средби и остварување директни контакти со потенцијални партнери.

На Match4Industry Business Matching Event се очекуваат околу 350 излагачи и 40.000 посетители. Во организацијата на настанот, освен Трговско-индустриската комора на Коџаели и Европска претприемачка мрежа, се вклучени и многу други бизнис асоцијации од Европа, Турција и пошироко меѓу кои и Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО). Предвидена е посета на водечки автомобилски компании, со што, на учесниците ќе им се овозможи на лице место и од првата рака да се запознаат со деловната клима во индустриските зони на Коџаели.

Излагачи ќе бидат компании од автомобилската индустрија, металниот сектор, хемиска индустрија, градежништво, енергетика, електроника, информатичко-комуникациска технологија, женско претприемаштво,…

„Export Week 2017 ќе биде на тема „Извозниците без граници ги надминуваат технолошките, трговските и културнит бариери преку извозот”.

МАТТО денеска на прес-конференција ќе информира детално за претстојните два деловни настана.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »