Промовирани огласи »

„Повторно во Жито Маркети: Каде го пронајдов балансот помеѓу работата и слободното време"

1. Што Ве мотивираше да се вратите во нашиот тим?

Моето искуство надвор од Жито Маркети ме научи дека не сите работни места се исти. Се обидов да пронајдам подобри услови, но бргу сфатив дека не е се вистина што го читаме по огласите за работа, но и она што го имам овде е уникатно и за мене вредно. Сфатив дека работната средина, почитта и организацијата што ги имаме се нешто што не се среќава секојдневно. Ми беше потребно кратко време за да го увидам значењето на семејството што го најдов тука, и за тоа одлучив да се вратам.

2. Како би ја опишале корпоративната култура тука и што Ви е најзначајно?

Што ме воодушевува е чувството дека сум ценета и почитувана како индивидуа. Оваа компанија ме прифати назад без прекори и ми покажа дека вратите секогаш се отворени за оние кои сакаат да придонесат. Вреднувањето на личниот развој и придонесот на секој вработен е нешто што ми е навистина значајно.

3. Како програмите за развој и обуки влијаат врз Вас?

Програмите за обука и развој тука ми покажаа колку е важно кога работодавецот инвестира во вработените, прво за самите нас, кои се стекнуваме со професионално знаење, но и за самата компанија, а и купувачите. Именувањето на ментор кој беше со мене на секој чекор, помагајќи ми да се вклопам и да растам професионално, беше клучно за моето успешно враќање и адаптација. Ова ме натера да ја ценам уште повеќе нашата култура на поддршка и мотивација.

4. Како работна средина влијае врз Вашето задоволство?

Бидејќи сме како едно големо семејство, чувствувам дека мојата работа е важна и дека секој придонес е ценет. Нивото на тимска работа и меѓусебна поддршка овде е нешто што ретко се среќава. Овие аспекти на нашата работна култура ми овозможуваат да најдам совршен баланс меѓу професионалниот и приватниот живот, што значително придонесува кон моето општо задоволство.

5. Какви се Вашите цели и амбиции во периодот што претстои?

Во оваа компанија видов многу примери на луѓе кои се развиваат и напредуваат, и сакам да го следам тој пат. Ценам што ми се даваат можности да растам и се надевам наскоро да придонесам уште повеќе на повисока позиција. Бенифициските програми и признанијата за нас вработените не само што нè мотивираат секојдневно да даваме сè од себе, туку и дополнително потврдуваат дека сум на вистинското место.

Промовирани огласи »

Ако од една банка очекувате партнерски однос, доверба и услуги прилагодени на Вашите потреби, тогаш дефинитивно треба да се одлучите за УНИБанка АД Скопје. Овде, секој клиент е важен.

Направете промена и префрлете ја платата во УНИБанка.

Секој клиент кој ќе ја префрли платата во УНИБанка во период од 01.03 до 30.06.2024, ќе добие бонус од 2000 денари.

Бидете дел од дигитално напредна банка, каде можете онлајн, брзо и едноставно да имате пристап до различни услуги, продукти и информации. Со користење на услугите на УНИБанка ќе добиете функционалност и флексибилност во извршувањето на сите потребни финансиски операции.

Лесно и брзо, во секое време ќе располагате со Вашите средства, единствено што треба да направите е активирање на УНИFlex пакетот, кој пак Ви овозможува комфорт при користењето на банкарските услуги, а истовремено и значителна заштеда.

Ќе добиете неограничен број на денарски трансакции преку електронско и мобилно банкарство, неограничени повлекувања готовина со дебитни картички на УНИБанка на сите банкомати во земјата, како и бесплатна УНИ СМС услугa.

Во УНИБанка се цени лојалноста и може да уживате во привилегиите и многубројните поволности како пониски каматни стапки за кредитните продукти, а повисоки каматни стапки за депозитните продукти. Исто така, Ви овозможуваме кредитна и дебитна картичка без членарина, како и можност за одобрување на дозволено пречекорување до 4 месечни плати.

УНИБанка е многу повеќе од само банка, пред сè партнер и консултант на своите клиенти, поддржувач на бројни општествено одговорни проекти, лидер во воведувањето дигитални решенија и електронско банкарство, која придонесува во зголемувањето на ефикасноста и намалувањето на трошоците во работењето на своите клиенти.

Вашата доверба се наградува!

УНИБанка, Твојата Банка

Промовирани огласи »

КARIERA Triumph Talks во организација на KARIERA.mk и Brain Tree - Neuro-Business Training Center

Разговори со успешни луѓе од нашето опкружување!

Како наш четврт гостин ви ја преставуваме Даница Личанин - Блжеска - Сопственик на Рептил Маркети со нејзината инспиративна успешна приказна.

Доколку сте во потрага по инспирација, мотивација и практични совети KARIERA Triumph Talks е точното место каде што ќе го пронајдете сето ова.

Промовирани огласи »

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач во автомобилската индустрија посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот.

Mоментално вработува:

PROCESS ENGINEER (OUTSIDE MIRRORS)
QUALITY ENGINEER (OUTSIDE MIRRORS)
PRODUCTION PLANNER AND PROCUREMENT
TECHNICAL CHANGES ENGINEER
PRODUCTION SUPERVISOR
ENVIRONMENTAL HEALTH AND SAFETY COORDINATOR
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »