Промовирани огласи »

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2024 година изнесува 58.998,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари годинава е зголемена за 1.522,00 денари.

Според Сојузот на синдикати на Македонија, најголемо зголемување има во делот кај храната и пијалоците кои за месец март изнесуваат 22.681,00 денари, споредено со месец февруари, кога изнесувала 21.219,00 денари, зголемени се за 1.462,00 денари.

Од ССМ наведуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март синдикалната кошничка изнесува 74.373,00 денари.

Од податоците со кои располага ССМ, од декември 2023 година до март 2024 година трошоците само за храна и пијалоци се зголемени за 1 951,00 односно за 9,41 отсто.

Вредноста на минималната сидикална кошница е во постојан пораст од почетокот на годината, поконкретно во месец март 2024 година, каде што зголемувањето е најизразено кај делот со храната и пијалоците, што е резултат дека трговците не го послушаа апелот на ССМ и неосновано само во интерес на зголемување на својот профит енормно ги зголемија цените на прехрамбените производи што резултира со нефер практики на трговците, и доведува до осиромашување на работниците и граѓаните, а по прекинување на мерката на замрзнати цени – се наведува во денешното соопштение на ССМ.

Растот на цените, велат од Синдикатот, придонесува да се изгуби куповната моќ на рабтниците и граѓаните.

Затоа, со новото зголемување на минимална плата од март 2024 година која според пресметките ќе изнесува околу 22.567,00 денари нема да има позитивен ефект врз стандардот на граѓаните.

ССМ предлагаше продолжување на мерката за ограничување на цените во насока на заштита на животниот стандарт на работниците и граѓаните особено поради тоа што знавме дека алчноста и профитот на газдите ќе бидат причина за неосновано зголемување на цените на штета на работниците и граѓаните, а тоа е нешто што не смее да се дозволи. Работниците и граѓаните ги повикуваме незадоволството да го изразат заедно со ССМ на протест и да ни се приклучат, затоа што моментот кога треба да бидат гласни е сега, велат од ССМ.

Промовирани огласи »

Успешната соработка со колегите на работа е важна за подобрување на целите, непречена комуникација и општо задоволство на работното место.

Еве неколку начини како да го остварите тоа:

  • Комуникација

Комуницирајте јасно и отворено со вашите колеги. Слушајте ги нивните идеи и мислења, и бидете отворени за разговори и размени на информации.

  • Помагање

Бидете спремни да помогнете на колегите кога е потребно. Соработувајте за заеднички цели и бидете во можност да понудите својата помош и експертиза.

  • Респект

Почитувајте ги своите колеги, нивните мислења и идеи. Не заборавајте дека секој има свои силни страни и да може да допринесе на тимот на свој начин.

  • Решавање на конфликти

Бидете отворени за разговори и решавање на конфликти во конструктивен начин. Тргнете конфликтите настрани и фокусирајте се на заедничките цели.

  • Тимска работа

Работете како тим за да ги постигнете заедничките цели. Поделете ги одговорностите и соработувајте за да ги достигнете.

  • Поддршка

Нудете поддршка на вашите колеги во тешки моменти и бидете таму кога ви е потребно да се поддржите во вашиот тим.

Со примена на овие принципи и практики, можете да изградите успешна соработка со вашите колеги на работа.

Промовирани огласи »

Финска ја зацврсти својата позиција како најсреќна земја во светот освојувајќи ја титулата седма година по ред, се вели во Извештајот објавен денеска под покровителство на Обединетите нации.

Северна Македонија е на 84. место, додека младите под 30 години во земјава се нешто посреќни и се наоѓаат на 67.место.

Што се однесува на земјите од регионот, Словенија е на 21. место, Косово е на 29., Србија е на 37. место, Хрватска е на 63., Грција на 64., БиХ – 65, Црна Гора на 76., Бугарија на 81 место, Албанија на 87., Турција на 98.

Украина на е 105. место, а палестинските територии на 103. место.

Србија, Бугарија и Летонија се земјите со најголем пораст на нивниот индекс за периодот 2021-2024 година, во однос на периодот 2006-2010 година.

Најголем пад од 2006-2010 година е забележан во Авганистан, Либан и Јордан. Авганистан, кој е зафатен од хуманитарна катастрофа откако Талибанците се вратија на власт во 2020 година, е на последното место од 143 земји.

На врвот на глобалното рангирање се скандинавските земји, а зад нив се Данска, Исланд и Шведска. Меѓу водечките сили во ЕУ, Германија е на 24 место, а Франција на 27 место. Германија и САД не се во топ 20 првпат по повеќе од 10 години, откако паднаа на 23-то место.

Костарика и Кувајт влегуваат во првите 20 на дванаесеттото и тринаесеттото место.

Ниту една од најнаселените земји во светот не е во топ 20. „Меѓу првите десет, само Холандија и Австралија имаат повеќе од 15 милиони жители. Меѓу првите дваесет, само Канада и Велика Британија имаат повеќе од 30 милиони жители“, се наведува во извештајот. Кина е на 60., а Индија на 126 место.

Светскиот извештај за среќа е Индекс за среќа што ја објавува Мрежата за решенија за одржлив развој при Обединетите нации секоја година од 2012 година. Се заснова на проценката на луѓето за нивната среќа, како и на економските и социјалните податоци.

Извештајот разгледува шест клучни фактори: социјална поддршка, приход, здравје, слобода, благосостојба и недостиг на корупција.

Близината до природата и добрата рамнотежа помеѓу работата и животот се клучни за задоволството на Финците, вели Џенифер Де Паола, истражувач од Универзитетот во Хелсинки, специјализирана за оваа област. Финците можеби имаат „посоодветно сфаќање за тоа што е успешен живот“ во споредба со САД, на пример, каде успехот често се поврзува со финансиска добивка, додава таа.

Довербата во институциите, ниската корупција и слободниот пристап до здравството и образованието се исто така клучни. „Финското општество е проткаено со чувство на доверба, слобода и висок степен на автономија“, вели Де Паола.

Годишниот извештај исто така нагласува посилно чувство на среќа кај помладите генерации отколку постарите генерации во повеќето, но не во сите региони. Од 2006 до 2010 година, индексот драстично падна кај луѓето помлади од 30 години во Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд, а сега е помал отколку кај постарите луѓе во тие региони. Од друга страна, во истиот период е зголемен во сите возрасни групи во Источна Европа.

Јазот помеѓу генерациите се зголеми насекаде во светот, освен во Европа, што авторите на извештајот го сметаат за „алармантно“.  

Промовирани огласи »

Со луѓе затоа што бројките генерално имаат само една вистина, таа што е со луѓе секогаш е вистината малце на средина, тоа се различни карактери различни желби,потреби, различни гледишта нешто што сите го забораваме кога судиме за некој а не ја знаеме другата страна на приказната, можеби стварно има некој факти или нешто во позадина што ќе ни ја смени сликата ако го ислушаме. Така да тука треба многу развој ако сте млад менаџер и немате искуство од претходно. Многу се учи од пракса, многу се учи на сите едукации. Имам среќа да сум во компанија  што многу пружа од аспект на едукација и на вработените и на менаџментот на сите. - вели Бранислав Серафимоски - Country manager and partner Unija Smart Accounting.


 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »